Мерки за штедење: европските синдикати штрајкуваат, македонските поднесуваат иницијативи

Е-пошта Печати PDF

2012_14nov_2

Милиони работници во дури 120 градови во Европа денес ќе протестираат против мерките за штедење. 14-ти ноември е наречен Ден за акција и солидарност.

  На повик на „Конфедерацијата на европските синдикати“, протести организираат околу 40 синдикати во 23 земји. Слоганот на конфедерецијата е "For Jobs and Solidarity in Europe. No to Austerity“. (За вработување и солидарност во Европа. ’Не’ за штедењето!)

  Работничките движења во Шпанија, Португалија, Италија и Грција за прв пат во заедничка акција против кратењето на буџетските трошоци и зголемувањето на даноците.

  Синдикалните лидери сметаат дека со ваквите мерки не само што ќе се пролонгира, туку и ќе се влоши економската криза во цела Европа. 

  „Оваа меѓународна координација покажува дека станува збор за историски момент на синдикалното движење во Европската унија“, смета Фернандо Токсо, шеф на најголемиот шпански синдикат „Комисионес обрерас“.

  Во Шпанија и Португалија најавени се генерални штрајкови, а ќе се протестира и во Италија, Грција, Германија, Белгија, Франција, Полска и Британија. Во Португалија и Грција нема да работат јавните и приватни компании.

  Reuters јавува дека полицијата во Шпанија (каде невработеноста во кризата скокна на 25%) од рано изутринава уапсила 32 лица откако избила тепачка во кордон од штрајкувачи. Потрошувачката на струјата опаднала за 11%, откако повеќе фабрики го запреле производството. Главниот протест е закажан за вечерните часови, во центарот на Мадрид. Во шпанската престолнина, според медиумските извештаи, откажани се најмалку 600 лета.

  Во Португалија е најавен генерален штрајк и протести во 40 градови, намален бил бројот на возови кои сообраќаат, а метрото во Лисабон не работи.

solidarity1

  Според најавите, во Грција вработените во транспортот во знак на протест ќе ја прекинат работата од 12 часот до 15 часот, како и новинарите. Тo Vima објавува дека адвокатите продолжуваат со еднонеделниот штрајк, додека некои од продавниците и компаниите ќе бидат затворени три часа (од 12ч - до 15ч).

  Во Италија, според Guardian, работниците ќе направат 4-часовен прекин на работата, а во Франција нема официјално најавен штрајк, но по улиците се забележани демонстрации на 100-тина места.

  На аеродромот Хитроу пак, во Алглија се откажани се најмалку 39 летови, а за после пладне закажан е тнр. ’собир против мерките за штедење’.

  Протестите против кратењата и економските реформи, според експертите, би можело да се зголемуваат со оглед на тоа што не само во Португалија, туку и во другите земји од таканречениот југ на Европската унија се очекува натамошно опаѓање на економијата и тоа за неколку проценти.

  И додека кризата, зголемената сиромаштија и невработеноста е причина за протестите во Европа, во Македонија, сидикатите велат дека со усвојување на закони и инцијативи секојдневно се одбележува утрешниот ден.

  Еден од успесите била и инцијативата за закон за мобинг. Сепак нерешениот работнички статус, неисплатени плати, незавршени стачаи се причина за секојдневни протести на стотици работици во земјава. 

  Не само за утрешниот ден на солидарноста, македонските сидикати тивко го пославија и денот на трудот 1ви мај. Додека во земјава сидикатот на преговарачка маса бара решнија, европските синдикати ја користат секоја можност за улични протести. Шапанија и Португалија утре за прв пат во ист ден ќе прогласат генерален штрајк. Грција од почетокот на 2010 - та поради протести била целосно парализирана 26 дена.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Финансиски План Мерки за штедење: европските синдикати штрајкуваат, македонските поднесуваат иницијативи