Што се случува со „Топлификација“ и струјата?

Е-пошта Печати PDF

  2010021720565956Вчера „Макпетрол" најави дека од денеска ќе ја запре испораката на гас и на мазут кон "Производство на топлина", фирма ќерка на "Топлификација", поради долг од 105 милиони денари, или приближно 1,7 милиони евра. "Производство на топлина" е една од носителите на лиценцата за производство на топлинска енергија и, како дел од "Топлификација", со неа управува групацијата кон која и припаѓа и комбинираната централа "ТЕ-ТО" во Скопје.

 "За можните последици врз снабдувањето на граѓаните и на стопанските субјекти со топлинска енергија, „Макпетрол“ нема да сноси никаква одговорност, бидејќи потегот е изнуден заради заштита на интересите на акционерите на „Макпетрол" - стоеше во вчерашното соопштение на „Макпетрол".

  Доцна синоќа, Владата соопшти дека по нивното експресно реагирање и посредување во спорот, истиот ќе биде решен: "Информираме дека со посредство на Владата е надминат предизвикот меѓу приватните компании во врска со снабдувањето на граѓаните и субјектите со топлинска енергија, и граѓаните и субјектите ќе бидат снабдувани со топлинска енергија", стои во соопштението на Владата.

  Во меѓувреме, ниту „Топлификација“, ниту „Макпетрол“, ниту Владата не кажуваат како е решен вчерашниот спор меѓу двете компании и дали трајно е решен проблемот, кој многу лесно може да ги остави жителите на Скопје без парно греење. Владата вчера само за час и половина по најавата на Макпетрол дека ќе го стопира гасот за Топлификација експресно го реши спорот, но не кажа како е направено тоа.

  Од друга страна пак, акциите на„ Топлификација“ на „Македонската берза“ за неполн месец (од 29.10.2012 година до вчера), изгубија околу 11% од својата вредност.

  Се чини дека сепак, постои нешто што е сомнително во работењето на „Топлификација“, иако засега не постојат конкретни докази кои можат да го потврдат тоа, но во јавноста почнаја да кружат одредени сомневања. Најгласни се шпекулациите кои се сомневаат во нерасчистени финансики трансакции помеѓу „Топлификација“, МЕПСО, ЕЛЕМ и ТЕ-ТО.

  Еве како хронолошки се одвиваја настаните кои ги подгреаја овие сомневања:

0160735564010011 јануари 2012

  „Топлификација“ зема заем од 3.9 милиони евра од „ЕЛЕМ" и „МЕПСО" во рок од осум и пол месеци, за купување на мазут и гас, поради проблемите кои што ги имала. Топлификација како залог дава осум (8) обични акции издадени од топланата„ Те-То“ АД.

12 јануари 2012

  Топлификација испраќа за 210% повисока сметка за парно.

12 јануари 2012

  Топлификација поделува 20 милиони денари како награда за вработените, како компанија од "20те најуспешни".

25 јули 2012

  ’Регулаторната комисија’ предлага цената на струјата од 1 август 2012 да се зголеми за 9,83%.

  Од нив 3,76 отсто се наменети за „ЕЛЕМ“ (увозникот на струја), а останатите за „ЕВН“ (дистрибутерот).

  ’Комисијата’ донела одлука да го ослободи АД „ЕЛЕМ“ од обврската за покривање на недостаток од електрична енергија од увоз и наместо „ЕЛЕМ“ сега увозот на струја ќе го прави „ЕВН Снабдување“.

  „ЕВН“ ги нема исплатено обврските кон „ЕЛЕМ“ за мај, јуни и делумно за април од годинава, и истата во моментов се соочува со сериозна неликвидност и доцни во плаќањето на своите обврски.

  За увоз на струја биле потрошени околу 18 милијарди денари, иако ’Регулаторната комисија’ за енергетика предвидела 680 илјади денари за таа намена.

  Образложението на ’Регулаторна’ гласи: "Доколку се прифатеа барањата и на „Топлификација“ за промена на цената за крајните корисници, тоа ќе значеше поскапување од 36,45%, а тоа се должи на зголемените варијабилни трошоци за гориво за 86%". (мазутот е варијабилен, ама не толку).

02 август 2012

  ’Регулаторната комисија’ донесе „Одлука за зголемување на цента не електрична енергија“ за 10%, со образложение дека скапо е платен увозот на електричната енергија и дека постои слаба наплата на испорачаната електрична енергија, што создаде финансиска дупка од 20 милиони евра. Но истовремено, таа ја укинува и евтината струја која се користеше преку ден. Неколку часа по зголемување на цената на електричната енергија и цената на парното греење се зголемува за 4%. Ова е девето, односно десето поскапување во последните пет години.

03 август 2012

 Со новиот ’Правилник на Топлификација’, не само што оној кој е исклучен ќе треба да плаќа фиксен надоместок, туку во иднина исклучувањето ќе биде можно само ако се обезбеди согласност од сите станари во колективните згради. Додека пак, оние што веќе се исклучиле, согласно ’Правилникот’, ќе мора повторно да се вклучат во системот, а дури откако ќе обезбедат согласност од соседите, би можеле повторно да се исклучат. Доколку цел објект се исклучи граѓаните (наводно) воопшто нема да бидат должни да плаќаат за топлинска енергија.

  Дали се овие шпекулации основани или не, оставаме да пресудат надлежните органи.

*Извори:

http://www.sky.mk/makedonija/12032-%D0%A2%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D1%84%...
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/toplifikacija-isprati-za-210-povisoka...

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=97285&kategorija=2

http://evesti.mk/2012/07/25/regulatorna-strujata-poskapuva-za-10-a-parno...

http://sky.mk/makedonija/27913.html?task=viewж

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/90310/kako_vladata_gi_%E2%80%9Esmiri%E2%80%9C_makpetrol_i_toplifikacija_.aspx

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=7FC698D5F09E164ABEA6186F3752FD86

http://off.net.mk/pisma-na-chitateli/toplinski-pisma-na-chitateli

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Финансиски План Што се случува со „Топлификација“ и струјата?