„Фонд за иновации“ ќе го потпомага претприемништвото

Е-пошта Печати PDF

ss 1Фонд за иновации и технолошки развој, кој ќе доделува грантови, заеми и пари за техничка помош, ќе биде основан в година - е најновиот проект на Владата на Македонија.

  Владата уште отсега ги повикува компаниите, но и заинтересираните лица, студенти и научници да почнат со подготовка на проекти и планови за развој на бизнисите. Фондот ќе овозможува многу опции и инструменти, и тој ќе биде од голема корист за економскиот развој- нагласи потпаролот на Владата - Александар Ѓорѓиев.

  Целта на Фондот, ќе биде поттикнување и финансирање на иновациите и поддршка на бизнис секторот, а ќе се развива во две фази.

  Во првата фаза, односно во 2013 година целосното негово финасирање ќе го обезеди државата.

  Во втората фаза, од почетокот на 2014 година покрај владиното финансирање е предвидено обезбедување средства и од странски извори, пред се од ИПА-програмата за индустриска политика каде се предвидени средства за финансирање на трансфер на технологии и иновации и средства од Светската Банка, која почнува нов проект за подобрување на вештини, преку кој може да се обезбедат средства за фондот и за градење капацитети - истакна Ѓорѓиев.

  Фондот, ќе обезбедува и техничка помош и консултанстски услуги за новоосновани и постоечки претпријатија за зголемување на инвестициите во иновациите, финансирање и кофинансирање на истражувачи и иновациски проекти на претпријатијата, комерцијализација на знаењето и науката преку формирање универзитетски спин оф компании основани од страна на студенти, научни работници и претприемачи-инвеститори.

  - Додека се финасира единствено од државата, предвидено е Фондот да доделува грантови за новокреирани компании и иновации до 10.000 евра, грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации до 30.000 евра, еквити и мезанин инвестиции до 80.000 евра и средства за техничка помош. По приклучувањето на средствата од Светска Банка и ИПА-индустриска политика, ќе се зголемат расположливите износи на постоечките инструменти, а ќе бидат воведени и нови грантови за нови компании и иновации до 20.000 евра, грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации до 50.000 евра, еквити и мезанин инвестиции до 150.000 евра, поддршка на „спин-оф“ компании до 30.000 евра, грантови за трансфер на технологии до 50.000 евра и средства за техничка помош, појасни портпаролот Ѓорѓиев.

  За управувањето на Фондот, во следниот период Владата треба да одлучи меѓу два концепти.

  - Постои можност преку јавен повик да се избере фирма – друштво за управување со фондови, која ќе управува со оперативните активности, изготвување на документите, изработка на формулари, прашалници и останата потребна документација, ќе бара компании, ќе врши анализи и ќе припрема предлог-проекти за финансирање, меѓутоа нема да ја има одлучувачката улога. За одлучување би бил формиран ’Комитет за одобрување на инвестиции’ кој би ги разгледувал предложените предлог-проекти и да одлучува за пласманот на средствата и надзорен одбор, кој ќе биде составен од претставници назначени од Владата на Република Македонија, со задача да го следи работењето на фондот во насока на спроведува „Стратегијата за иновации“. Со вториот концепт, државата сама ќе ги постави органите на управување, ’Управен одбор’ задолжен за оперативните активности и ’Надзорен одбор’, со улога на супервизор на работата на ’Управниот одбор’, рече Ѓорѓиев.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Финансиски План „Фонд за иновации“ ќе го потпомага претприемништвото