Две парички и Аљаска може да ги спасат САД

Е-пошта Печати PDF

fiscal-cliff-16САД се наоѓаат пред голем предизвик наречен: буџетски дефицит. Имено, додека од двете најголеми партии (исто како и кај нас, нели) - републиканците и демократите меѓусебно се обвинуваат за неможноста да се постигне компромис околу дефицитит кој преминува илјада милијарди долари (да, тоа е оваа цифра: 1.000.000.000.000 $), сакаме јавно да ви кажеме да не се секирате - постои начин како да се надмине проблемот.  

  Американскиот Претседател Барак Обама, се повеќе е загрижен од неможноста да се најде политички компромис за прашањето како да се намали гигантскиот дефицит, кој се заканува да ги турне САД во т.н. „фискална бездна“, а остатокот од светот во уште една глобална рецесија. Проблемот е следен: САД имаат закон со кој не дозволуваат федералниот буџетски дефицит, односно задолжувањето на земјата да надмине илјада милијарди УСД. Ако тоа се случи, според актуелниот закон, автоматски ќе мора да се покачат сите давачки на обичните граѓани спрема федералниот буџет за значителна сума (се предвидува можно зголемување зa дури 40%).  

     Добрата вест, всушност се два нови и иновативни, необични начини кои изминатите денови се јавија во јавноста, а кои се занимаваат со прашањето како најбезболно да се надмине овој проблем. Во прилог ви ди доставуваме и двете:

1. Со помош на магија: Во САД моментално важи закон со кој на „Федералните резерви“ (кој е пандан на нашата Народна Банка) и се забранува печатење на книжни пари, без предходно одобрување од Сенатот, како што се ограничува и печатењето на ковани златни, сребрени и бакарни монети. Но, законот не кажува ништо за монети од платина! Решение? „Федералните резерви“ коваат две монети од платина, и им даваат номинална вредност од по една милијарда УСД. Потоа, тие две монети ги депонираат во сеф на „Федералниот трезор“ (кај нас „Министрество за финансии“), кое пак префрла две милијарди на сметката на „Федералните резерви“. Исход: Владата на САД има доволно пари слободно да исплаќа трошоци и да се задолжува во наредните две години без секирации. Плус, формално-правно се е чисто.

2. Ако си должен а немаш пари - продај нешто: Еднаш одамна, САД на своите пријатели Русите, (поточно на нивниот Цар - Александар Втори), кои немале доволно пари за исплата на долговите на познатите американски банкари Ротшилд, се одлучиле да им предложат да купат дел од нивната територија. Русите, кои тогаш биле во финансиска криза поради војната со Британците, се одлучуваат да ја продадат Аљаска на САД. Останатото е историја: американците на 18ти октомври 1867г. вадат чек и го потпишуваат на 7.2 милиони американски долари. Денес, продажбата на 1,518,800 kmод сопствената територија и не е така лоша зделка... Можеби русите би биле заинтересирани повторно да се вратат „во Америка“, а и на кинезите не би им била лоша понудата.

Ех, кога само и „нашите“ би можеле да размислуваат вака...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 26 Декември 2012 12:34 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Финансиски План Две парички и Аљаска може да ги спасат САД