Маркетинг Истражување

6-те работи што морате, и 6-те работи што не смеете да ги правите за вашите клиенти

Е-пошта Печати PDF
angel-devil„Секој разговор со клиентот мора да започнува со зборот: ние!"

Били Болдевин,
агент

  Сите знаеме дека е сто пати полесно да се продаде на постоечките клиенти отколку на нови...

  Ако добро го истражите она што се нарекува 'мини-пазар' на вашите клиенти, односно ако вашите постојани муштерии ги гледате како одделна целна група, тогаш сигурно ќе сакате истите тие повторно да пазарат од кај вас.

  Следните 12 мали правила за тоа што се смеете, а што несмеете да практикувате со вашите постојани клиенти треба да ви го обезбедат токму тоа повторно купување:
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 12 Март 2012 17:35 ) Повеќе...
 

Оценете го пулсот на клиентите – со само едно прашање

Е-пошта Печати PDF

surveus

„Испитување на мислењето е да дознаеш што другите мислат, и да дојдеш до заклучок што само ти можеш да го смислиш.“
 Алберт С. Георги,
унгарски психолог,
добитник на Нобелова награда за психологија 

  Повеќето мали бизниси знаат дали и кога клиентите им се задоволни...

  Но, кога вашиот бизнис ќе почне малку по малку да ’пркнува’ и кога клиентите ќе ја надминат бројката од 100-тина, тогаш навистина станува предизвик да се мери задоволството на клиентите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Спонзорство

Е-пошта Печати PDF

Hoodie_Sponsored_by_Sapphire_KID60

„Сакавме Nike да прерасне во водечка светска спортска и фитнес компанија. Кога еднаш го одредивме тоа, ние веќе имавме фокус.“
Фил Кнајт,
ко-основач на Nike Inc. 

  Спонзорството денес се смета за доста исклучителна и ефективна маркетинг алатка. Како една алка од синџирот на промотивни активности, во ова време е можеби една од најбрзо-растечките елеманти на маркетингот насекаде низ светот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Малите бизниси во ЕУ

Е-пошта Печати PDF

macedonia-eu„За да ја разбереш Европа треба да си гениј... или французин!“

Медлин Олбрајт,
поранешен секретар на САД

  Како идна членка на Европската Унија, Македонија и нејзините бизнис-интереси треба да бидат усогласени со европските. Но, колку македонските мали и средни компании се разликуваат од просечните европски ’комшии’ и дали се соочуваме со слични потешкотии и предизвици? Не сме толку далеку колку што сметаме – не сме толку блиску колку што сакаме да бидеме...

  Еве малку евроспки статистики:

 Според европските регулативи, компаниите класифицирани како мали и средни претпријатија (МСП), официјално се дефинирани од страна на Европската Унија како субјекти кои имаат помалку од 250 вработени и кои се независни во своето работење во однос на поголемите субјекти. Нивниот годишен обрт не може да надмине 50 милиони евра, или нивната годишна вкупна пресметка не надминува 43 милиони евра.

  Оваа дефиниција е пресудна за утврдување на тоа кои компании од Македонија можат да бидат корисници на европските програми за поддршка на малите и средни претпријатија или конкретните политики, како што се правилта за конкуренција за МСП, и слично.

 Европските МСП може да се поделат на три категории, согласно нивната големина: микро претпријатијата со помалку од 10 вработени, малите претпријатија - помеѓу 10 и 49 вработени и средните претпријатија со број на вработени помеѓу 50 – 249.

  Вистинските гиганти на Европската економија се микро претпријатијата кои сочинуваат дури 91,5% од сите бизниси во ЕУ:

  • Микро претпријатија = 91,5%
  • Средни претпријатија = 1,1%
  • Мали претпријатија = 7,3%
  • Големи претпријатија = 0,2%

  67% од работните места во Европскиот приватен сектор припаѓаат на малите и средни бизниси. Поконкретно, вработените се категоризирани во:

  • Микро претпријатија - 30%
  • Мали претпријатија - 21%
  • Средни претпријатија -  17%
  • Големи претпријатија - 32%

Со кои предизвици се соочуваат МСП?

  Секторот на МСП ги опфаќа сите видови на компании, почнувајки од трговците-поединци, па се до задругите. Некои МСП даваат крајно традиционални услуги, додека други се брзо-растечки кои користат високи технологии. Како и да е, и покрај сите разлики меѓи нив, европските МСП ги врзува мноштвото предизвици со кои се соочуваат.

  Најважните проблеми за Европските (може да се каже слично како и кај македонските) мали и средни претпријатија се:

  • Административни и регулаторни процедури
  • Пристап до финансии
  • Даноци и оданочување
  • Недостаток на компатенции
  • Пристап до јавнитендери
  • Нефер и силна конкуренција
  • Закон за труд
  • Пристап до единствениот европски пазар
  • Пристап до ЕУ програми
  • Задоцнети плаќања
  • Пристап на меѓународниот пазар
  • Пристап до информации и консултации/советувања
  • Нестабилност на светската економија

  За најголемиот број на мали и средни бизниси, административниот товар е проблем број еден. Цената на административните процедури за малите компании можат да бидат и до десет пати повискоки отколку за големите, правејки го овој товар диспропорционално тежок за малите бизниси. Токму заради ова неодамна Европската Комисија си постави две цели: да го намали административниот товар за малите бизниси до 25% пред 2012 и да обезбеди сите нови законски мерки кои се однесуваат на бизнисот да не бидат ограничувачки или на било каков начин неповолни за МСП.

  Намалувањето на административото оптоварување за 25% во бизнисот, ќе биде трансформиран во раст на Европскиот БДП за 1,5%, што во вредност изнесува 150 милиони евра.

  Анкетите укажуваат дека повеќе од 10% од трговците-поединци би вработиле нови работници доколку бидат ослободени од крутите бирократските процедури. Со оглед дека овие претпријатија претставуваат повеќе од половината од сите бизниси во Европската Унија, тоа значи дека ваквите претпријатија имаат потенцијал за отварање на повеќе од 1,5 милиони нови вработувања. 

  Европски или Македонски, балкански или скандинавски, предизвиците во бизнисот си се предизвици насекаде по континентот...

*Извори: 1) Еуростат , 2) Европски портал за МСП

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Важно е да се врти муабет... или не?!

Е-пошта Печати PDF

LOUD

“Некои се родени великани, некои достигнуваат величенственост, а некои пак, за тоа ангажираат ПР-агенции.“
Даниел Бурнстин,
писател

  На почетокот да појасниме, Односите кон јавноста (ПР, англиски- Public Relations) се акции на една компанија, организација, институција или индивидуа, со кои се комуницира со јавноста, клиентите или потенцијалните кленти.

  Зошто на еден мал бизнис му е потребен ПР? Погледнете околу себе, вие веќе го користите... со самото тоа што постоите и (вака или онака) комуницирате со пошироката јавност.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 3 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Маркетинг Истражување