Маркетинг Истражување

Сезонски попуст

Е-пошта Печати PDF

bgtaxi-014

„Поспутот е цената која ја плаќаме за да купиме побрзо.“
непознат автор

  Сезонските попусти се еден од позастапените алатки на продажната стратегија, која има за цел да ги охрабри купувачите во купување на одредени производи или услуги, притоа давајќи им одредени бенефиции како намалувања или награди.

  Најчесто употребувани од бизнисите кои се бават со малопродажба, сезонските попусти или сезонските намаленија посебно се користат во услови кога регуларната продажба е намалена, или во период во кој следат позначајни празници, настани или случувања кои одбележуваат посебно расположение помеѓу купувачите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Клучни пораки за промоција (кои даваат резултати)

Е-пошта Печати PDF
Promote-Your-Business-at-a-Low-Expense
„Ако за некој продукт не постои промоција, тогаш се случува нешто навистина страшно... Ништо!“

Финеас Тејлор Барнум,
шоумен, бизнисмен и измамник

  Имате ли напишано и детално обработено план за промоција?

  За жал, промоцијата е оној дел од Вашиот маркетинг планот кој е најчесто занемарен иако не постои конкретна причина. Верувам дека сте зафатени со секојдневните работни активности, но не заборавајте дека:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Дигитален маркетинг – веќе е тука?!

Е-пошта Печати PDF

digital-business

„Ние треба да престанеме да ги прекинуваме луѓето во нивниот интерес, и треба да се потрудиме да станеме нивен интерес!“

Крег Дејвис,
J. Walter Thomson
– 4-та најголема светска адвертајзинг агенција

  Интернетот потполно го промени светот...

 На подобро или полошо, тоа остануваме да го каже историјата или некои идни генерации. Но дефинитивно, интернетот влијае на се повеќе аспекти на човековиот живот, а посебно на начините на водење бизнис, и посебно на маркетиг-пристапот на бизнисите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

10-те смртни гревови на малиот бизнис

Е-пошта Печати PDF

Banana-Slip„Успехот не е перманенетен, но истото тоа важи и за неуспехот.“

Филип Адамс,
австралиски рекламен експерт и интелектуалец

  Понекогаш, се чини дека едноставно чистата среќа е клучниот фактор зошто некои компании успеваат на пазарот, додека другите не, но всушност постојат неколку вообичаени грешки што ’ги убиваат малите’ бизниси пред тие воопшто и да застанат на своите нозе.

  За да ги избегнете 10-те смртни грешки на малите бизниси, прочитајте ги и проучете ги следниве ситуации... тие можеби ќе ви го спасат бизнисот:

1. Пребрз раст

  Растот е пожелнен, но прекумерната експанзија е сериозна грешка. Желбата да се биде прв на пазарот со нов производ или услуга и обидот да докажете дека вашиот бизнис незапирливо расте може да има незапирливи финансиски преоптоварувања. Поставете реални цели за развивање на бизнисот, онака како што побарувачката налага, а не самите вие.

2. Неплаќање на финансиските долгови

  Истражувањата покажуваат дека повеќето од пропаднатите компании укажуваат на тоа дека сопствениците создаваат прекумерни долгови, кои подоцна не можеат да ги исплатат. Научете како внимателно да ги следите финансиите и гледајте да водите што подетална евиденција на готовинскиот прилив.

3. Прекумерна потрошувачка

  Многу претприемачи многу брзо го трошат почетниот капитал, што е обично резултат на погрешното планирање во бизнисот. Кога започнувате сопствен бизнис, побарајте совет од некој успешен претприемач или консултант кој може да ви помогне околу предвидувањата.

4. Недостаток на резервен капитал

  Секогаш мора да бидете подготвени за неочекувани трошоци, како што се разните набавни материјали или екстра работната рака. Затоа, имајте сигурни резервни фондови со цел да ги преживеете тешките времиња и сезонските варијации.

5. Лош избор на локација

  Не дозволувајте само ниската цена за закуп на деловниот простор да ве премисли. Размислете за конкуренцијата, или колку слични бизниси има во одредена област, размислете за транспортот, врските, приодот, видливоста, фрекфентноста, логистиката...

6. Лоша услуга

  Лошата услуга и пред се, неспособноста на вработените многу брзо ќе го потоне вашиот бизнис. Наведете колку вработени треба да ги извршуваат своите должности и на кој начин, и создадете внатрешна контрола.

7. Несоодветен бизнис-план

  Добро изработениот бизнис-план ве принудува да размислувате за иднината и предизвиците кои чекаат на вас, и се грижи за финансиските потреби, маркетинг планот, конкуренцијата и целокупната стратегија за развој.

8. Неможноста за прилагодување

  Способноста да се идентификуваат можности и храброста истите да се зграпчат, како и флексибилноста за прифатаќањето на нештата се секако клучни за опстанок.

9. Неефикасен маркетинг

  Клиентите не можат да купуваат од вас - ако не знаат дека постоите. Рекламирањето и промоцијата на бизнисот преку интернет, и преку социјални мрежи, не е преголем трошок.

10. Потценување на конкуренцијата

  Лојалноста на клиентите едноставно не се случува сама по себе - таа мора да се заработи. Следете ги вашите конкуренти и останете еден чекор понапред. Ако вие не сакате да се грижите за вашите клиенти, вашите конкуренти сигурно ќе сакаат.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Анализирање и градење на тим

Е-пошта Печати PDF

team-building

„Никој од нас не е попаметен од сите нас заедно!“

Кен Бланчард,
менаџмент експерт

  Анализирање и градење на тим (team-building, на анг.) е филозофија на јакнење на капацитетите на тимот како една огранизација. Градењето на тимот или популарно наречениот ’тим-билдинг’, во бизнисот најчесто се користи со цел да ги подобри и зајакне личните и компаниските цели, да поттикне личен и тимски развој, да ја подобри комуникацијата и да ги раздвижи лидерските карактеристики помеѓу учесниците.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 2 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Маркетинг Истражување