Слоган за паметење

Е-пошта Печати PDF

johnnie_walker

„Американец по раѓање, бунтовник по избор.“

слоган на Харли Дејвидсон

  Почнувате. Имате сопствен бизнис. Имате и производ или услуга кои ги нудите. Сакате што повеќе луѓе да слушнат за вас и вашиот бизнис. Освен самиот продукт и неговото пакување, ако сакате добро да се изрекламирате потребен ви е и ефективен слоган. Слоган кој ќе ја одразува суштината на она што го работите и ќе ве издвои од конкурентите.

 

  Еве неколку совети како да го направоте тоа:

  • Слоганот не треба да е предолг – ако е подолг од еден збор, тогаш мора да ги задоволува следните 3 критериуми: 1) да има ритам, 2) рима, и 3) ’да ѕвони во уво’. Кога ќе се слушне или прочита, треба да е лесно запаметлив и препознатлив. Истражувањата покажуваат дека луѓето повеќе паметат слогани кои ги слушаат како мелодија.
  • Слоганот треба да ги нагласува кличните способности на производот или услугата – освен што треба да ве издвои од конкуренцијата, слоганот треба и да ја покаже вашата главна мисија, односно вашата диференцијација. Одберете ги клучните предности на она што го нудите и нив посебно нагласете ги и искористете ги.  

  • Ако продуктот не се разликува премногу од конкурентските продукти – потрудете се да го истакнете трудот, грижливоста, пасијата, концептот, грижата за клиентите или околината, грижата за заедницата или некоја друга специјална карактеристика која е својствена само за вашиот бизнис. Така луѓето веднаш ќе ве запаметат по тоа што го вложувате во креирањето на нештата. 

  • Слоганот треба да биде искрен - честите слогани како „Ние сме бр.1 во Македонија“, „Ние сме најдобри“, или „Висок квалитет – ниски цени“ не се најдоброто решение и најчесто ги одвраќаат заинтересираните купувачи и делуваат дестимулативно, затоа што во огромен број на случаи се сосема неточни. Наместо ваквите слогани, бидете мудри и креативни –пронајдете едноставни решенија како да пренесете барем дел од она што го продавате.  

  • Идеалниот слоган – е составен од 6 до 8 збора, се над 8 не се памети долго. Ако е краток и ’лесно залеплив за уво’, тогаш истиот ќе биде приметлив и забавен, а на крај и запаментен – што е и неговата цел.  

  Екпериментирајте и иновирајте – само така нема да бидете копија на другите и луѓето ќе го паметат вашиот производ по позитивни карактеристики, или како што гласи слоганот на Apple: Размислуваје поинаку! (Think Different).

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017