Кина vs. капитализмот

Е-пошта Печати PDF
China-chinese-yuan
„Кина е еден заспан џин. Оставете го џинот да спие, затоа што кога ќе се разбуди, ќе го потресе целиот свет!“

Наполеон Бонапарта,
француски политички и воен лидер од 19-от век

  Значењето на Кина во светските глобални текови, игра се поголема и подинамична улога. Не само што светската економска сила е во ’сопствен елемент на експанзија’ ширејќи ги своите економски интереси кон сите меридијани подеднакво, туку економската политика е заснована на ’одлични резултати’ во сите економски сфери подеднакво - од евтини производи за широка потрошувачка, до компликуваните финансиски продукти наменети за ’сериозните играчи’.

  Но, Народната република Кина не го менува светот само на економски, туку се чини се повеќе и на политички и културолошки план. Па така, кинезите денес работаат поагресивно на создавање на добри меѓудржавни и економски односи со земјите од т.н. трет-свет како Замбија, Нигерија и Етиопија имајќи ги во интерес можностите од економско искористување на нивните природни ресурси, без за возврат да бараат промена на нивните демократии, човекови права или други либерални интереси кои западните земји неминовно ги бараат од нив (САД, ЕУ). Зајакнувањето на соработката со земјите како Венецуела, Бразил, Русија, Јужна Африка, Сирија, Куба, кои се повеќе ги гледаат своите интереси за соработка со Кина, за сметка на САД на пример, им дава добра алтернатива за развојот на сопствените општества онака како што тие сакаат, без мешање на форсираната либерална политика која ја наметнуваат развиените западни економии.

  Мислењето дека Кинеското економско чудо, кое во изминатите години имаше приближен раст од околу 10% на годишно ниво, ’набрзо ќе издише’ кога ќе се појават ’нови атрактивни пазари’ не е сосема точно. Ако погледнеме наназад, пред околу 200 години - во 1820г., кинеската нација имала околу 380 милиони жители, што претставувало околу 40% од тогашната светска популација, која воедно произведувала околу 1/3 од вкупниот светски БДП. Кина отсекогаш била клучен фактор во глобалните процеси, иноваторство, креативизам, уметност, култура, трговија и традиција, а нејзиното ’повторно издигнување’ на кои сме сведици денес, е само уште еден елемент на кинеската доминација.  

Значајноста на Кина во денешни рамки, може најлесо да се претсави, ако се земат во предвид неколкуте клучни показатели:
  1. Потрошувачка - вкупната потрошувачка на кинеската економија е околу 4 трилиони долари (повеќе од цела ЕУ), благодарејќи на се поголемата средна класа- 450 милиони, која се чини расте побрзо од повеќето капиталистички економии;
  2. Работна сила - 40 часовната работна недела во пет работни дена неодамна беше воспоставена ширум Кина, за да може да се усогласи домашната со меѓународната легислатива, туризмот и потрошувачкиот сектор;
  3. Медиуми - во Кина денес постојат околу 2.000 весници со приближно 1 милијарда читатели и околу 1.000 телевизиски куќи. Плус, десетте најпродавани списанија во светот, потекнуваат од Кина.
  4. Урбанизација - постојат најмалку 60 града кои имаат популација од над 1 милион жители (приближно исто како и во Европа), но двата најголеми кинески градови - Пекинг и Шангај имаат околу 37 милиони жители, што е колку две држави како Полска;
  5. Инфраструктура и мобилност - во 1993г. Кина имаше 37.000 автомобили. Во 2000г. оваа бројка достигна 35 милиони. Патната мрежа од 2000г. се дуплираше за само 4 години, а се предвидува дека на кинеските патишта до 2020г. ќе има околу 150 милиони возила. Само во Шангај, јавниот транспорт во делот на железничките линии се зголеми од 80 на 420 километри во 2010г., што е приближно колку и целата Лондонска подземна железница. Се очекува овие бројки да се зголемат двојно до 2020г. 
  6. Енергија -  денес Кина консумира повеќе јаглен од САД, ЕУ и Јапонија заедно, а зголемувањето на оваа побарувачка се движи околу 10% годишно. Моментално, 27 од вкупно планираните 65 нуклеарни централи се предвидени за изградба на кинеска почва.
  7. Животна средина - Кина произведува околу 1/3 од целокупниот светски отпад, но во исто време Кина е најголемиот светски производител на струја од ветерници и сончеви колектори, што го прави кинеското производство едно од најоддржливите, со оглед на тоа што дури 20% од електричната енергија доаѓа токму од ваквите обновливи извори.
  8. Образование - во 2000г. приближно 7.5 милиони кинези посетувале високо образование, а во 2009 оваа бројка се зголемила на 27 милиони. За споредба, во ЕУ 16 милиони посетувале високо образование во 2000г., а 2009г. ’само’ 19 милиони луѓе.
  9. Социјален јаз -  во моментов, во Кина живеат 500.000 милионери, а во исто време други 500.000 жители живеат со помалку од 2 Евра на ден.
  10. Економија и финансии - кинеските национални резерви (не вкучувајчи го златото) се највисоките резерви во светот, и моментално изнесуваат 8 пати повеќе од сите резерви на целокупната ЕУ-зона. Дури 3 од 10-те највреднувани компании во светот се лоцирани во Кина (PetroChina, ICBC и China Construction Bank), а кинескиот БДП неодамна се искачи на второто место во светски рамки.

  Дали ова значи дека автоматски Кина може да го заемни западот и капитализмот со еден нов вид на нео-комунизам? Се разбира - не. Но, импресивните податоци* укажуваат дека кинескиот раст не се должи само на супериорните економски перформанси, тука на цела една нова филозофија на гледање на, пред се, домашната економија, во контекст на позачестените глобални текови, и се разбира согледување на мошностите и потенцијалите на остварување позитивен раст и благосостојбата на домашниот пазар.

* Податиците зе превземени од публикацијата: United Dreams of Europe, Is this the "Dawn of the new Chinese Century?, Foundation of future studies, Hamburg, Germany, 2011г.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Маркетинг Истражување Кина vs. капитализмот