Интернет-маркетинг трендови на кои треба да обрнете внимание

Е-пошта Печати PDF

230_featureimage_1

„Брендот не е веќе она што вие ќе им кажете на клиентите дека тој претставува, туку тоа што ќе си кажат клиентите меѓу себе.“

Скот Дејвид Кук,
Center for Brand and Product Management

  Неспорно е дека маркетингот засекогаш го промени начинот на кој гледаме на работите, начинот на кој купуваме, но и начинот на кој продаваме. Интернет-маркетингот од друга страна, целосно го промени начинот на кој комуницираме со нашите клиенти и потенцијални клиенти.

  За да не заостанете во трендовите при оваа комуникација, во прилог ви доставуваме листа од 10 трендови кои светските интернет-маркетинг агенции ги посочуваат како важни:

  1. Повеќе постови на социјалните мрежи = помала интеракција - односно, според Track Social, кога одреден бренд постира 2 пати дневно на социјалните мрежи, тогаш постовите добиваат во просек по 57% помалку ’лајкови’ и 78% помалку ’коментари’.
  2. Таканаречените ’тригер- (е-маил) пораки’ добиваат повеќе ’кликнувања’ од обичните е-маил пораки - односно, пораките што луѓето ги добиваат како автоматски генерирани е-маил пораки од страна на некоја компанија, обично се за 119% пати повеќе отворани отколку обичните е-маил пораки, наведува  Epsilon & DMA.
  3. Е-мејловите се повеќе се отвораат преку смартфон и таблет копјутери - или како што вели Litmus, во последните 12 месеци, овој број е зголемен за огромни 80%.
  4. Бројот на луѓето што редовно комуницираат со своите омилени брендови е доста мал - односно, само 0.5% од корисниците на Фејсбук барем еднаш неделно комуницираат со своите омилени брендови преку оваа платформа, наведува Marketing Science
  5. Повеќе од половината од сите е-маилови пристигнати на професионална е-маил адреса се незначајни - Mimecast наведува дека околу 61% од сите професионални маилови се во најмала рака - бескорисни.
  6. Рекламите и коментарите на Фејсбук, сепак продаваат - во истражувањето што го има спроведено Ipsos, 20% од корисниците на Фејсбук имаат извршено купување на некој производ или услуга, исклучиво како последица од Фејсбук-рекламите и коментарите на корисниците во врска со тој производ/услуга.
  7. Видеата се за гледање - 3 милијарди (или ако преферирате вака: 3.000.000.000) видеа се гледаат на Јутуб (YouTube), секој месец.
  8. И возрасните се ’закачија’ на интернет - имено, според Experian, дури 91% од возрасната популација тврди дека редовно  ги користи социјалните мрежи.
  9. Препораките се одвиваат и надвор од ’социјалата’ на интернет мрежите - дури 38% од луѓето знаат да препорачаат некој од брендовите и во стварноста, кои предходно ги ’бендисале’ (’лајкнале’) или ги следат на социјалните мрежи, наведува Ipsos.  
  10. Значителен број на компании, започнале со користење на неков вид на маркетинг поврзан со мобилната телефонија - или попрецизно, 45% од компаниите користат маркетиг поврзан со мобилните уреди - велат од StrongМail, а како најзначајни алатки се наведуваат: веб-страните за мобилни (70%), мобилни апликации (55%), и QR-кодовите (49%).
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Маркетинг Истражување Интернет-маркетинг трендови на кои треба да обрнете внимание