Почетно истражување на пазарот

Е-пошта Печати PDF

marketResearch

Ако за нешто не постои конкуренција – најверојатно за истото тоа нешто не постои ни пазар! “

Брајан Вуд, пазарен аналитичар

   Истражувањето на пазарот е мошне комплексна и обемна тема за практикување и анализирање на секој бизнис. Впрочем, голем дел од бизнис-енергијата на претпријатијата се вложува токму во анализите на пазарите, конкуренцијата и целните групи на една дадена компанија. Токму заради ваквите интензивни процеси, денес, кога пазарите стануваат се подинамични, поотворени, а конзументите се попребирливи, практично е невозможно една компанија да се натпреварува и да просперира на пазарот без обемна, темелна и одржлива анализа на пазарот на кој што делува.

 

   Што всушност вклучува истражувањето на пазарот и  кои се почетните прашања на кои треба да се одговори пред воопшто да се започне со оперативно работење на бизнисот?

 

Обем на пазарот

   Обемот на пазарот претставува општо согледување на големината, генералните карактеристиики, непосредните чинители и потенцијалните клиенти на компанијата на еден географски простор. Односно, обемот на пазарот треба генерално да ви одговори на кој пазар вие всушност се натпреварувате, односно во кој бизнис вашата компанија работи? Дали е тоа пазарот на: изработка на компјутерски програми, проектантски услуги, модни креации, изработка на накит, консултантски услуги...

   Обемот на пазарот ги вклучува и сите општи карактеристики на статистичките демографски, социјални, економски, етнографски и другие различни преференци кои би биле од корист на природатана на вашиот бизнис.

Сегментирање на пазарот

   Сегментација на пазарот е поделбата на пазарот според одредени групи на клиенти, кои поседуваат свои специфични карактеристики, кои, вам можат да ви помогнат за нивно поефективно анимирање. Ова всушност претставува поделба на вашите клиенти според одредени карактеристики како: географската распространетост, пол, возраст, месечни примања, образование, културни навики, верски убадувања, но и одредени „однесувачки карактеристики“ кои дополнително ги делат групите според тоа како одредени (под)групи се однесуваат според своите животни навики или цели, како на пример: тинејџери, компјутерџии, домаќинки, авантуристи, хомосексуалци и сл.

Карактеристики на пазарните сегменти

   Сите пазарни сегменти имаат свои посебни потреби и барања. Ваша примарна обврска ќе биде да се обидете да бидете што пофлекибилни, но во исто време и што попрецизни во понудите за да успеете да ги задовлите овие барања. Фокусирањето на еден или неколку пазарни сегменти кои би биле носечкиот столб во смисол на насочување на процесите на компанијата и генерирање поголем дел од приходите, е тоа на што треба да се обрне доста вниманеи на почетокот.

   Најчесто, карактеристиките на пазарните сегменти знаат да бидат комплементарни или поврзани, па со самото тоа, вашата компанија може, со мали варијации, да им излезе во пресрет на посебните барања на повеќето групи на клиенти без некоја поголема потешкотија, но запаметете – не можете да ги задоволите сите клиенти истовремено – но можете да ги задоволите сите, еден по еден!

Анализа на конкуренцијата

   Следењето на конкуренцијата е трка – ако не се натпреварувате, сигурно нема да победите!

   Анализата на вашата конкуренција треба да ја направите што подетално и потемелно. Направете листа на сите конкуренти кои се наоѓаат на пазарот. Доколку тоа е невозможно поради нивниот преголем број (во одредени пазари), потрудете се да ги групирате во различни групи според некои заеднички критериуми. Потрудете се да ги утврдите главните „играчи“ на пазарот и да им направите детална анализа. Секако, никој од вас нема очекува да ги дознаете сите нивни деловни тајни и специфични детали во работењето, но и општо-познатите работи можат да бидат доста корисни.

   Додатно на ова, добро е да направите листа на највлијателните конкуренти на пазарот, која ќе ги вклучува нивните јаки и слаби страни. Во идното работење потрудете се се повеќе да ги достигате (и надминете!) нивните појаки страни, а фокусирајте се на нивните слабости – она што е нивна слабост може да биде ваша најсилна страна!

Иден развој на пазарот

   Сублимирањето на можните сценарија за идниот развој на пазарот се покажуваат како корисна алатка во анализирањето и планирањето на бизнисот и неговите перформанси во поблиска и подалечна иднина. Секако дека сите можни сценарија за идниот развој на пазарот во никој случај не можат да бидат предвидени, и секогаш ќе има такви настани што наеднаш ќе ги свртуваат работите на подобро или полошо, но предвидливите насоки на секторот за подолг рок секогаш се добредојдени.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Сабота, 04 Декември 2010 12:52 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.9934
61.3766
USD
48.9718
48.4845
GBP
78.602
77.8199
CHF
51.4042
50.8927
SEK
6.7471
6.68
NOK
7.4333
7.3593
JPY
0.4537
0.4492
DKK
8.3266
8.2438
CAD
43.685
43.2504
AUD
43.063
42.6345
BGN
31.6972
31.3818
CZK
2.2384
2.2162
HUF
0.2009
0.1989
PLN
14.6782
14.5322
RON
14.0161
13.8767
HRK
8.0794
7.999
TRY
21.8811
21.6633
LTL
17.9545
17.7759
RUB
1.1668
1.1551
BRL
19.6549
19.4593
CNY
8.0068
7.9271
HKD
6.3126
6.2498
IDR
0.0041
0.004
ILS
12.9406
12.8119
INR
0.8004
0.7924
KRW
0.0463
0.0459
MXN
3.6168
3.5808
MYR
14.9396
14.791
NZD
38.467
38.0842
PHP
1.0936
1.0827
SGD
38.367
37.9853
THB
1.5111
1.4961
ZAR
4.4639
4.4195
Превземено на 26.10.2014

You are here: Почетна Планирај бизнис Маркетинг Истражување Почетно истражување на пазарот