Дајте му на вашиот бизнис одржливост и зрелост

И на интернет како во реален свет

Е-пошта Печати PDF

india-views-constant-increase-in-coffee-tea-usage.gifСедиме така релаксирано, секој со својот пијалак пред себе и ја консумираме нашата дневна доза на трач. Како што бива во „мешано“ друштво, секој оваа дружење го сваќа на свој начин. Другар ми Жиле обожава цитати, ги користи во секоја прилика. Катето не „отепа“ со рецепти. Секој рецепт е убав, но за жал никој освен неа, не знај ни јајце да свари, но сите ние ја сакаме. Бора сака да чита новини. Ајде што сака да ги чита, но доколку наглас не го прочита секој наслов, како да не ни читаше новини. А доколку не ги прокоментира вестите, ние би помислеле дека на човекот не му е арно. 

Во сред на оваа релаксирана и благо задимена атмосфера, вратата се отвораат и во кафулето влегува еден, барем за нас, непознат лик. И така од врата почнува да зборува. Се сè случи во еден миг, како дојде така и замина. Повеќе не го имам видено, барем јас не го имам видено. Мислам дека нешто рекламираше, но не знам што, не обрнав внимание.

Жиле да ми спомнеше за моторна пила, ќе го сослушав. Катето да ми зборуваше за некоја манџа и неа ќе ја сослушав, жената како што спомнав прави многу убави јадења и а убаво ги зборува рецептите. Дури и Бора, кој што наглас ги чита насловите, да ми спомнеше нешто во врска со тоа како некој уред работи на надморска висина од 3.200 метри и тоа би го сослушал. Но вака да се влези како ветер....Мислам нема смисла....

Тоа вие е исто како кога некој прави кампања на социјални мрежи. Ќе дојди, ќе речи што има да речи и ќе замини. Ниту го има пред тоа, ниту кој ќе го види после тоа.....Па пријателче, тоа така не се работи. За се постои и место и време. И начин.

Извор: pedya.rs, наслов на оригиналниот текст:Na netu, k'o i u realnom svetu

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Значење на комуникацијата

Е-пошта Печати PDF

communicateКомуникацијата е во срцето на се што работиме. Таа е основата при интеракцијата помеѓу луѓето. Комуникацијата мора да биде поврзана со она што го мислиме, со чувствата, желбите, потребите и идеите. 

  Добрата комуникација е есенцијална за успех. За секој успешен претприемач таа е неопходна алатка. Во комуникацијата е најважно да бидеш разбран.

  Комуникацијата може да се дефинира како процес во кој информацијата и разбирањето се пренесуваат од едно лице на друго. Нема комуникација ако пренесената информација не се прими и не се разбере. Значи комуникацијата подразбира испраќање, примање и разбирање.

 

Но, дали знаевте дека...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 31 Јануари 2013 13:10 ) Повеќе...
 

Бизнис лекција: Како да к*ецниш нешто

Е-пошта Печати PDF

warren beatty 60559-1600x1200Ворен Бити е познат по многу нешта. Но сепак, најмногу го паметат како голем заводник (да не речеме швалер), човек кој што беше поврзуван со скори сите најубавите жени на светот. Потекнува од професорска фамилија со озбилна традиција, а за филмската кариера се одлучи по големиот успех на неговата постарата сестра Ширли Меклејн. Својата успешна „швалерска“ и актерска кариера ја комплетира со дополнителните успеси во седмата уметност. Имено Ворен Бите е единствениот човек, покрај Орсон Велс, кој што е номиниран за наградата Оскар за ист филм како режисер, продуцент, сценарист и главен актер, а до сега имаше 15 номинации за Оскар (освои еден за најдобар режисер) и 16 номинации за Златен глобус (освои шест). Додека растеше, завршуваше училишта, беше сон на секое девојче. Добрите гени се чудо, а и годините проведени во спортот направија свое. Кога дојде славата, тоа само дополнително ги „подмачка“ работите....Но тој не беше единствен лепотан во Холивуд. Во еден интервју, тој ја откри својата тајна.

Новинарот го запраша – Која е вашата тајна на успехот со жените? Ворен Бити му одговори – Секоја жена кога ќе ја запознам ја прашувам да ли сака да спие со мене. Изненадениот новинар го запраша – И тоа функционира? Ворен му одговори – Па да бидам искрен, добивам многу шлаканици, но некогаш го добивам она што ќе го побарам.

Клучот на успехот кај жените, па и во бизнисот е да го победите стравот од одбивањето и да го побарате она што го сакате.

Во нашата природа е дека полесно го прифаќаме сигурниот неуспех, поточно да не се ни обидуваме, него да се обидеме и да не го одбиеме очекуваниот одговор. Доколку се откажеме, барем никој нема ни да знае дека сакавме нешто. А победниците не се безгрешни. Черчил еднаш изјави – Успехот се постигнува така што идете од неуспех до неуспех без да го изгубите ентузијазмот. Иво Андриќ ова најубаво го објасни: Во животот постои голем број на работи од кој што се плашиме. А не требаме. Треба да живееме.

Секое утро во Африка, една антилопа станува од спиење и почнува да трча. Доколку не трча доволно брзо, лавот ќе ја стигне и ќе ја заколи...

Секое утро во Африка, од спиење станува еден лав и почнува да трча. Доколку не трча доволно брзо и не ја заколи антилопата, тој ќе умре.

Сонцето се раѓа....доколку сакаш да преживееш почнувај да трчаш.

Доколку планирате да направите нешто од својот живот, време е да преземете одговорност, соберете храброст и да го направите она од што најмногу стравувате. 

Извор: For The Win

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Софтвери за социјални медиуми ги ’читаат’ емоциите на корисниците

Е-пошта Печати PDF

i-know-how-you-feelМоќните компании имаат развиено специјални софтвери за детектирање и препознавање на емоциите, од авторите на постовите на социјалните мрежи во кои се спомнуваат одредени клучни зборови.

  Твитер, Фејсбук и блоговите се најчестите места на интернет каде што луѓето зборуваат за одреден производ, услуга, компанија, технологија или пак за некоја социјално-општествена појава. Компаниите одамна се свесни за ова, па затоа се почесто се осврнуваат на т.н. „паметно прислушкување“ со помош на специјално дизајнирани математичко-алгористамски софтвери кои се „доволно паметни да препознаат кои емоции стојат позади одредени зборови и изрази“ – пишува весникот Бизнис Инсајдер (Business Insider).

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Најдобрите компании за работа во 2013г.

Е-пошта Печати PDF

i love my job mugПронајдете работа што целосно ви одговара, и ќе додадете 5 дена на секој викенд.“

 

Х. Џексон Браун Јуниор,
автор на бестселерот ’Малата книга за животни инструкции’   

  Откако ви ги претставивме најперспективните бизнис-сектори за идната година, и најдобрите брендови на ’екс-ју’ просторите за оваа година, на ред се работодавачите...

  Компанијата „Гласдор“ (Glassdoor), која работи на меѓународните пазари на труд, и која е специјализирана  он-лајн заедница за вработување и унапредување на кариери, ја престави својата листа на 50те светски најдобри работодавачи. Оценувањето било вршено во текот на скоро цела календарска година, со помош на специјално изработен алгоритам, а во гласањето учествувале исклучиво вработените во компаниите, во периодот во кој работеле за истите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 1 од 46

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7912
61.1764
USD
52.548
52.0252
GBP
69.3115
68.6219
CHF
53.7128
53.1784
SEK
6.4491
6.385
NOK
6.6257
6.5598
JPY
0.4683
0.4637
DKK
8.3009
8.2183
CAD
41.9179
41.5008
AUD
41.2106
40.8006
Превземено на 18.10.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис