Дајте му на вашиот бизнис одржливост и зрелост

Дизајнот како дополнителна вредност на една компанија

Е-пошта Печати PDF

productdesign_milk„Дизајнот претставува согледлива форма на интелегенција.“

Алина Вилер,
бренд-консултант

Дизајнот денес има широка и најразлична примена кај производите од различните индустрии и трговски сектори: од комплексни инструменти со посебна или ексклузивна примена  како што се на пример: машини, возила, направи за изработка на алати, компјутери, архитектонски структури и сл., па се до едноставни или секојдневни артикли како облека, чевли, накит, електрични апарати, играчки за деца и мебел.

Но, каква вредност има еден дизајн за одредена компанија? Всушност има повеќе вредносни аспекти, меѓу кои главните се:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како големите супермаркети ве ’мамат’ да купувате повеќе

Е-пошта Печати PDF

619622-supermarket-shopping

„Јас можам да поминам часови и часови во супермаркет... Толку сум фасцинирана од изобилството на храна, што практично полудувам. Додека купувам, сакам совршено да ги редам продуктите во кошничката, за да на се смачкаат или извитоперат. Всушност, како и сите останати, уживам во педантното купување на сосема непотребни работи.“

Камерон Дијаз
позната актерка

  Супермаркетите денес се соочуваат со огромна конкуренција, и тие буквално секојдневно се борат за секој клиент. А таквиот пристап бара радикални чекори и методи кои треба да осигураат поголема потрошувачка. Сте се запрашале ли некогаш, кои се ’лукавштини’ ги користат големите супермаркети на вас?

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 30 Октомври 2012 12:31 ) Повеќе...
 

10-те принципи на добриот дизајн

Е-пошта Печати PDF
 Diter-Rams
„Добриот дизајн е како добра мајка - никој не ја приметува кога е тука, но веднаш ќе ви фали кога не е!“
Сантијаго Борај,
PermaLink

  Дитер Рамс повеќе од 30 години е главниот дизајнер на „Браун“, одговорен за иконските производи кои излегоа од оваа компанија. Токму тој е човекот во кој се крстат сите дизајнери на „Епл“, а сите феноменално скроени производи што „Епл“ ги вади во последните 10-на година се инспирирани токму од неговата работа. Според Рамс, единствено „Епл“ ги следи неговите 10 принципи на добриот дизајн.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

60 години иновација: бар-код

Е-пошта Печати PDF
Barcode-tattoos5
На 7ми октомври оваа година навршија точно 60 години од иновацијата и патентот кои ја променија индустријата со трговија, и светот воопшто. Бар-кодот денес не е само симбол на потрошувачкото општество, туку и на новото економско доба, уметноста и поп-културата.

  Бар-кодот, кој на секој од нас ни е познат по црно-белите тенки и широки линии искомбинирани со низа на броеви кои се наоѓаат скоро на секој производ кој го купуваме во поголемите супермаркети, е всушност дефиниран како „оптичко-автоматски приказ на информации поврзани со продуктот на кој истиот се наоѓа.“ Најчесто придружен на производи наменети за широка потрошувачка, знакот има за цел на трговците да им пружи точна информација за залихите од одреден производ, а на купувачите да им ја гарантира точно пропишаната цена и потекло на производот. Водено, во денешно време служи и за формирање на официјални „брзи и точни статистики“ за популарноста на одреден нов или постоечки продукт.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Бренд или фалсификат, прашање е сега...

Е-пошта Печати PDF

brand-mix-reebok

„Всушност, јас сум навистина среќен кога луѓето купуваат ’Армани’ производи - дури и ако тие се фалсификат. Ми се допаѓа фактот што станувам се попопуларен ширум светот.“

Џорџо Армани,
познат италијански дизајнер

  Светот е преплавен со фалсификувана стока – овој феномен одамна е во „цут“ и зема сė поголем замав. На нашиве простори скоро 2 децении е добро вкоренет, а и во САД е веќе тројно зголемен прометот со фалсификувани производи. Поплавата од лажни трговски марки ги загрозува производителите на оригинали: од музика до облека, од храна до компјутерски производи. Сепак, изгледа дека на фалсификаторите најлесно им е да се „фрлат“ на копирање облека и модни додатоци.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 3 од 46

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7912
61.1764
USD
52.548
52.0252
GBP
69.3115
68.6219
CHF
53.7128
53.1784
SEK
6.4491
6.385
NOK
6.6257
6.5598
JPY
0.4683
0.4637
DKK
8.3009
8.2183
CAD
41.9179
41.5008
AUD
41.2106
40.8006
Превземено на 18.10.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис