Дајте му на вашиот бизнис одржливост и зрелост

Бизнис на Тркала!!!

Е-пошта Печати PDF

Изминатите неколку години, забележан е тренд на пазарна промена во смисла на континуиран пад на продажбата, а со тоа директно и на прометот на бизнисите во светски рамки. Многумина ќе речат се се должи на Глобалната криза! И најверојатно се во право. Но вистинските иновативни бизниси размислуваат чекор пред останатите. Додека најголемиот дел од организациите ги бележат бројките (загубите), сосема мал дел размислуваат како да остварат дополнителен приход. Во тој контекст доаѓа концептот: „БИЗНИС НА ТРКАЛА“.

Убавината на „Бизнисот на тркала“.

Bath Pearls, организација со основна дејност производство на козметички препарати, нешто повеќе од една година во САД има 116 мобилни продажни центри. Секој од центрите претставува мало комбе, естетски „нашминкано“ од рака на искусни дизајнери. И додека конкурентите продаваат во 30 Хипермаркети низ САД и постојано бележат тренд на загуба, Bath Pearls бележи 15% пораст на приходите во  време на глобална криза. Тоа се должи на иновативниот начин на продажба, со кој производот им е на дофат на купувачите.

Маркетинг менаџерот во Bath Pearls,  Jenifer Walsh за својот концепт ќе каже: „Овој концепт навистина оди до местото каде што се потрошувачите, наместо да чекаме тие да дојдат кај нас!!“

И додека многумина ќе речат приходите се топат во трошоците за гориво, убавината на овој вид на бизнис може да се согледа во следните 4 придобивки:

  1. Заштеда во однос на трошоците за закуп.
  2. Тест производите, побрзо и полесно се пробиваат
  3. Остварена лична конекција со купувачот
  4. Мобилност на бизнисот, т.е. истиот оди таму каде што купувачот е.

Дали можеби овој концепт на бизнис ќе предизвика внимание кај Вас? Дали можеби има ваков бизнис во Р. Македонија? Дали можеби Вие сте следниот кој ќе поседува ваков бизнис?

Споделете ги Вашите мислења, коментари и идеи, со Нас!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Купување од заштеда или од кредит?

Е-пошта Печати PDF

spending-vs-saving

„Постојат се поголем број на луѓе што трошат повеќе отколку што заработуваат, на нешта што не им требаат, за да ги импресионираат луѓето што и онака не ги сакаат.“

Вил Смит,
актер и продуцент

  При секојдневното деловното реботење, многупати доаѓаме во ситуација кога на бизнисот му требаат одредени инвестиции за различни причини: од зголемување на производството, до освојување на нови пазари или воведување на нови производни линии.

  Понекогаш одредената сума на пари ни е на располагање, но понекогаш потребно е добивање на кредитна линија од некоја од финансиските институции или комерцијалните банки. Дилемата е, кој начин на инвестирање е подобар: купување од заштеда или на кредит?

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Подобрете ја енергетската ефикасност во вашата канцеларија!

Е-пошта Печати PDF

home-office-2-582x379Последните промени на цени и на тарифниот модел на електрична енергија само дополнително изврши притисок, не само на граѓаните, веќе и на бизнисите да ја подобрат енергетската ефикасност и на таков начин да ги намалат сметките за електрична енергија

Најголемите потрошувачи на електрична енергија во една канцеларија се пред се клима уредите, печатарите, копир апаратите, компјутерите како и осветлувањето. Со поефикасно користење на овие уреди можете да остварите заштеда на трошоците на електричната енергија и до 20%, а понекогаш и до 50%! Во денешниот пост ќе ви ги прикажеме како да ја зголемите енергетската ефикасност во вашата канцеларија.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

10 највлијателни рекламни пораки

Е-пошта Печати PDF

Wolverine_got_milk_ad_largeTagline Guru објави листа на највлијателни рекламни пораки. Оваа листа е направена врз основ на анкета во која учествуваа над 100 професионалци од областа на маркетинг, огласување и брендинг. Ви ги претставуваме првите десет пораки, додека другите можете да ги погледнете на следниот линк:

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Ефективна комуникација - „Смешна приказна“

Е-пошта Печати PDF

Секој од нас, барем неколку пати во животот, се нашол во ситуација кога си го поставил следното прашање: Дали ги поставив вистинските прашања?

А еве и една интересна приказна, која можеби ќе ви го даде Вашиот одговор!

 

Џек и Макс, шетајќи се после богослужба разговараат.

Џек се прашува: „Дали е во ред да пушам додека се молам?

Макс одговара: „Зошто не го прашаш свештеникот?“

Оваа идеа, Џек ја прифаќа и при следната посета го прашува свештеникот: „Може ли да пушам додека се молам?“

На ова, свештеникот одговара: „Не сине мој, секако дека НЕ! Тоа е крајно непочитување на нашата религија“.

Џек, при разговор со Макс, му кажува што добриот свештеник му одговорил.

На ова, Макс: „Јас не сум изненаден! НЕ го постави вистинското прашање!!! Дозволи ми јас да се обидам.“

И така, Макс доаѓа до свештеникот и го прашува: „Оче, може ли да се молам додека пушам?“, на што свештеникот со нетрпение одговара: „Секако сине мој, СЕКАКО!“

Поука: Одговорот ќе го добиете зависно од прашањето што го поставувате. Обидете се да го поставите вистинското прашање!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
Страница 6 од 46

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис