Дајте му на вашиот бизнис одржливост и зрелост

Втора шанса за прв впечаток

Е-пошта Печати PDF

second-chanceСакаш дечко/девојка како од соништата? Епа тогаш, врати се во кревет и продолжи да сонуваш е работава. Поентата е дека ни е јасно дека ништо не е совршено. Дечко/женска, бучни соседи, бензинот поскапе за 2 денари, леќа за ручек – бљак, бизнис! Ама тоа ја прави играта интересна. A плус, ‘We love this game’.

За да се размрдаме денес одиме со тајно оружје за напад уште во прво полувреме.

‘Финтата’ е што живееме во свет со комплексна и динамична мрежа на социјални врски. Делумно објаснето преку Теоријата на мал свет и ’6 Degress of separation’ концептот, динамиката и вмреженоста прават да биде можно да сретнеме секој секаде. Го сретнуваш потенцијалниот инвеститор/бизнис ангел/партнер/битен стејкхолдер/некој што може да те поврзе со било кој од споменатите/ во лифт, на пешачки на Рекорд, во Тинекс, на аеродром… Имаш максимум 60 секунди да го/ја заинтересираш за твојата идеја. Или имаш цел живот да се викаш „Каков кретен сум, до мене беше, а јас ќутев!“

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Биди смарт! Kористи смарт мерки!

Е-пошта Печати PDF

prgoalsРаботиш постојано, се трудиш, од утро до мрак, остануваш после работно време, работиш од дома, неуморно… ти се чини дека добиваш само тапкање по рамо, дека никој тоа не го забележува.

Дали можеш да докажеш дека твоето работно време го користиш ефективно? Да, можеби остануваш после работа за да види шефот колку часови поминуваш на работа, но тоа исто така може да значи дека пола од работното време го поминуваш на Фејсбук или други страни на Интернет, па затоа немаш време да ги завршиш обврските во предвиденото работно време. Исто така може да значи дека не се справуваш добро со обврските, не знаеш да мултитаскираш, не си доволно организиран/а.

Од друга страна, ти мислиш дека не е до тоа, туку дека реално, твојот претпоставен не ги проценил реално обврските, односно не ти дал доволно време и реални рокови, но што можеш? Затоа, наместо да се надмудруваш, биди СМАРТ?

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Поефективна наплата на фактурите

Е-пошта Печати PDF

Get-paid
„Подобро сметај на сигурни 100 фунти неделно, отколку на 1.000.000 фунти за 2 години.“

Џо Бернард Шо,
ко-основач на London School of Economics

  Малите компании можат да ја забрзаат наплатата на своите парични побарувања и да избегнат проблеми со задоцнето плаќање со тоа што ќе развијат ефективен план за наплата. Во продолжение се дадени неколку чекори кои можеш да ги преземеш, за да се заштитиш од клиентите кои не плаќаат навреме:
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Евтино или скапо пакување?

Е-пошта Печати PDF

imacСкромна или снобовска амбалажа? Како размислувате вие? Стив Џобс, на пример, сакал да биде најдобар во сè – се стремел секогаш кон совршенство. Дури и кутиите во кои биле спакувани компјутерите, морале да бидат совршено дизајнирани – и покрај тоа што неговите соработници сметале дека тоа не е воопшто важно. Тој сметал дека, квалитетот и имиџот треба да бидат испорачани до крај.

Еве еден интересен коментар на форум на Mac:

hi-mala1

Oва е доказ дека и амбалажата во голема мера го поддржува брендот!

Од друга страна, неодамна, во разговор со еден претприемач, ми откри дека сака да настапува мирно, скромно – флаерите намерно не ги печател со некои посебни ефекти или квалитет – концентрирајќи се повеќе на содржината и пораката на самиот лифлет. На мое огромно чудење, неговото образложение беше – „Јас не би му дал работа на молер кој доаѓа со џип.“

Повеќе од јасно е дека амбалажата е значаен носител и симбол на брендот – добрата амбалажа ја оправдува префинетоста на брендот и неговиот квалитет. Тоа е првиот визуелен комуникатор пред да се запознаеме повеќе со неговата содржина. Од друга стана, самиот флаер, како маркетиншки гласник може многу да зборува за квалитетот и буџетноста на самиот производ-услуга.

Какви се твоите размислувања? Како би играле вие? Дали би ризикувале со скромна па дури и оскудна амбалажа доколку сте сигурни во квалитетот кој го испорачувате?

Дали мислите дека содржината сама по себе ќе се истакне и ќе се забележи доколку доаѓа во евтино пакување??

*Оригиналниот текст е превземен од: iBrand, Автор: Софија Ангелова

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

На што да внимавате кога се рекламирате во печатени медиуми

Е-пошта Печати PDF
 cozmo-banana-plus„Пред да биде откриено печатењето, векот бил еднаков на илјада години.“
Анри Давид Торо,
филозоф

  Кога и да се рекламирате во вашите локални весници или списанија, вашите печатени реклами треба да изгледаат професионално. Исористете силна и впечатлива графика со цел да го фокусирате вниманието на читателот кон она што го разликува вашиот производ или услуга од конкуренцијата – вашата уникатна продажна понуда.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 9 од 46

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис