Дајте му на вашиот бизнис одржливост и зрелост

Како до резултат: фокус 1 – 0 прокрастинација

Е-пошта Печати PDF

focus1Што е првото нешто што го правиш наутро кога ќе седнеш на компјутер?

Да се обидам да погодам – проверуваш што е ново? Проверуваш нови емеил пораки, Facebook и Twitter статуси и постови. Во ред, во ред и Google + и LinkedIn за никој да не остане покус.

Seth Godin вели: “И во тој момент не само што продаваш драгоцено време, туку и ризикуваш нешто поважно. Твојот најсвеж интерес и шанса да започнеш нешто ново.”

Една од најдобрите лекции што ја научив по Претприемништво [не на факултет кај нас], е:

Прво нешто што треба да го направиш наутро пред да се заглавиш со проверување меил и социјални мрежи во сите агрегатни форми – јави им се на потенцијалните корисници. Зборувај. Откриј дали им е потребна услугата која ја нудиш/планираш да ја понудиш. Биди свеж и направи им го денот.

Луѓето, особено ако се дел од поголем бизнис не секогаш враќаат на емеил. Затоа осмели се да им се јавиш. Првите неколку пати ќе ти биде чудно. Ќе се чувствуваш неудобно и ќе се бориш барајки ги вистинските зборови. Но, тоа е сосема во ред. Упорност и вежбање.

Лекцијата е Фокус и лек следнава ситуација:

“I was gonna conquer the world, but then I saw something shiny, and got distracted.”

Фокусирај се на она што ти треба да го направиш, пред да проверуваш што направиле другите луѓе…Фокус, независно колку заводливо може да биде спакувана Нејзиното височество Прокрастинацијата.

Обиди се вака и кажи ни дали ќе има некаква разлика во тоа што постигнуваш и како се чувствуваш.

*Оригиналниот текст е превземен од: iBrand, автор: Ирена Ефремовска

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Што советува најголемиот човек-бренд?

Е-пошта Печати PDF

donaldtrumpЗа претприемачите…

Бизнисот не е трка на сто метри – тоа е маратон! Треба да имаш кондиција за да го истрчаш. „Најголемиот неуспех на претприемачите е тоа што се откажуваат премногу брзо“ – вели Доналд Трамп, кој најмногу од сите, го претставува она што навистина може да се нарече ПЕРСОНАЛЕН БРЕНД – неговото име го има во сите сегменти – како име на корпорација, како име на објекти, име на телевизиско шоу и така натаму.

Најголемиот број од претприемачите не се подготвени да работат првите неколку години со загуба. Очекуваат профит веднаш. И затоа се откажуваат. А Доналд Трамп? Тој се крена од банкрот, како птица-феникс и повторно е успешен, повеќе од кога и да било. Преживувајќи го тоа, тој има приказна да сподели, како научена лекција. Дека можеби не секоја идеа ќе успее, но не треба да се жртвува голем дел од бизнисот заради тоа. За да не те повлече надолу. Напротив, треба да се земаат мали залаци од своите инвестиции за твоите идеи.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 15 Јуни 2012 17:54 ) Повеќе...
 

Kако да постигнете повеќе во работниот ден

Е-пошта Печати PDF

time-managementКако го започнувате денот? Можеби не се оптеретувате премногу околу тоа дали стартувате енергично и добро организирани?!

Не треба да го губиме овој драгоцен дел од денот и највредното време на најмалку важната работа.

Токму заради тоа добро би било да имаме една рамка која ќе не насочува во претстојниот ден.

Како припадници на “Компјутерската генерација” се соочувате со огромна бура на информации од кои мора да ги селектирате најважните. Во овој контекст, се создаваат услови за пречки во продуктивноста и помалку постигнати резултати.

OpenForum имаат неколку идеи и предлози како да се постигне повеќе во текот на денот :

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Претприемач (читај исто: лидер) и менаџер – различни, а комплементарни?!

Е-пошта Печати PDF

Yin-yang-symbol-512Зошто на еден претприемач му е потребен менаџер да ги води работите? И зошто менаџерот треба да го „слуша“ претприемачот, основачот на сопствениот бизнис?

Затоа што менаџерот ги следи стапките на профит и се раководи според тоа, а претприемачот ја следи својата пасија и својата љубов кон бизнисот. Понекогаш, тој може да биде заслепен од тоа и да не може да ја види „големата слика“. Значи, има предности и слабости гледајќи низ призмата на претприемачот.

Предноста е во тоа што тој ја знае секоја тула од основата на бизнисот. Тој знае која е основната инспирација за да се креира тој бизнис и врз основа на тоа и која е главната порака која треба да ја застапува, односно која е пораката на брендот. Тоа познавање, го носи високиот степен на страст да се направи сè што е потребно за да се успее, како и степен на „мајчинска“ интуиција за она што е правилно да се направи, а што не.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

20 работи што може да ги направиш за само 5 минути во петок

Е-пошта Печати PDF

literature_review_read_paper_5minutesКолку често ви доаѓа на памет “немам време” ?

Денот е 24 часа за Lebron James, Mark Zuckerberg, за мене и тебе.

Многумина од нас го потценуваат потенцијалот и капацитетот на тоа што може да се постигне за само неколку минути.

Што можеме да направиме за време на оние мали моменти, на пример додека чекаме некого или нешто?

5 минути е повеќе од доволно време да се комплетира мала задача, а токму завршувањето на “малите работи” придонесува многу за работите на долг рок.

Што може да направиме за 5 минути?

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 10 од 46

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис