Дајте му на вашиот бизнис одржливост и зрелост

Бизнис лекција: Кога не ви иди, сменете ја играта

Е-пошта Печати PDF

Првиот човек на МесечинатаСе почна уште во четириесеттите години на минатиот век, поточно со Ворнер фон Браун и V2 ракета. Во случај на вертикалното полетување, оваа ракета ја достигнуваше височината од 200 километри и оваа ракета е прв објект кој што е направен од страна на човекот, кој што ја виде вселената. Пред самиот крај на втората светска војна, Американците и Русите ги бараа научниците кој што работеа на оваа ракета. Колку год можеби не сакаме да знаеме или пак да признаеме, голем број на некои нешта што ги имаме, ги имаме поради тоа што Хитлер не штедеше пари за развој и за разни експерименти. Но не е тоа толку страшно... и ден денес ни е познато да кога Германецот направи нешто тука нема што да фали. Е сега, Вернер фон Браун заврши во Америка и одма се фрли на работа. Неговите другарчиња истото го направија и во Русија.

Доколку трката во освојувањето на вселената ја гледаме како утакмица, тогаш Русите имаа голема предност во текот на педесеттите години на минатиот век, Тие го направија првиот вештачки сателит, тие го пратија првото животно во вселената, тие го пратија првиот човек во вселената, тие го пратија првиот објект кој што слета на некоја планета... Навистина непријатна позиција за Американците и уште понепријатна доколку работите во НАСА. На самиот почеток на шеесеттите години на минатиот век, кога Јуриј Гагарин стана прв човек кој што беше пратен во вселената,  Американците задоцнеа само еден месец, никој не знае дека Алан Шепард беше вториот човек кој што беше пратен во вселената. Студената војна е во полн ек, американскиот имиџ е нарушен, решението не се гледа. Самиот Кенеди беше пред дилема да ли да се откаже или да ja продолжи борбата. Беше спремен на се, само да ја прекине доминацијата на Русите. 

Во тоа време во НАСА работеше Боб Гилрут, човек кој што беше задолжен за вселенската програма. Тој знаеше дека сите обиди, обиди за да се победат Русите, не даваа резултати. Но сепак длабоко во себе сметаше дека Американците имаат подобри стручњаци . Она што го предложи на Кенеди беше следното – освојување на Месечината. Значи нема повеќе да се бркаат Русите и нивните резултати. Она што треба да се направи е да се постави нова цел, а таа цел беше Месечината, поточно првиот човек кој што ќе се шета по неа. Знаеше дека оваа цел е речиси невозможна, но исто така знаеше дека Русите исто така не се спремни за овој потфат. Тој му објасни на Кенеди дека оваа мисија бара огромни количества на пари, бидејќи треба да се развие  сосема нова ракета, потребни се нови тестирања, но исто така додаде дека верува дека Америка ќе излезе како победник. Ова се случи во 1961 година.

Осум години подоцна Нил Армстронг (не џезерот J ) и Баз Олдрин се прошетаа по месечината. Мајкл Колинс мораше да остане во својот модул. Животот не е фер, но победа е победа, а таа беше конечна кога тие се вратија во Америка. Во наредните три години, уште девет американци се прошетаа по Месечината. Тогаш некаде се сетија дека оваа мисија е премногу ризична и опасна. Последната мисија на Месечината со човечка посада беше во 1972 година, додека последното „меко“ спуштање на некоја сонда на Месечината се одви во далечната 1976 година и тоа го направија Русите.  

Доколку можеме да забележиме единствените астронаути кој што имаа чест да се прошетаат по некое вселенско тело беа Американци. Тие и ден денес претставуваат лидери во истражувањето на вселената. Сите другите разбраа дека единствениот начин да направат нешто во вселената е да им се придружат на Американците. Од тогаш па до денес имаме голем број на различни вселенски мисии, слетувања на други небески тела....итн.

Кој знае да ли ќе го имавме сето ова да Боб не разбра дека мора да жртвува една изгубена трка и да ги зголемат влоговите за да победат.

Извор: For The Win

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

7 причини зошто обидите да продадете пропаѓаат

Е-пошта Печати PDF

clip image002Зошто одличните безбол играчи погодуваат при фрлањата во 9 од 10 пати? Зошто одличните кошаркари погодуваат 9 од 10 шута за кош? А зошто добрите претприемачи не успеваат 9 од 10 пати да го финансираат сопствениот бизнис?

  Ова се прашањата што првенствено си ги поставиле бинзис-консултантите Мајк Шулц и Џон Доер од компанијата „Раин Груп“ (RAIN Group)... и почнале со истражувањата.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 22 Ноември 2012 11:51 ) Повеќе...
 

Растат трошоците за живот

Е-пошта Печати PDF
HE_grocery-basket
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во октомври 2012, во однос на септември 2012, изнесува 100.2, а во однос на октомври 2011 изнесува 105.3.

  Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во октомври 2012, во однос на септември 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 2.6%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.7%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.6%, Здравје и Останати стоки и услуги за 0.4% и Комуникации за 0.1%.

  За една година, струјата поскапела за 18 отсто, парното за 26 отсто, зеленчукот за 19 отсто, месото и овошјето за 7-8 отсто... На граѓаните им се чини дека цените се двојно повисоки од лани.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Човекот како ресурс

Е-пошта Печати PDF

Human-Capital

Во секој бизнис на планетава, постои барем еден вработен кој свесно или несвесно, сите други ги охрабрува и ги мотивира.“

Томас Едисон,
иноватор

  Зборот ресурс го слушаме речиси секој ден. Се споменуваат материјални, нематеријални, финансиски, информатички, физички, технички, технолошки ресурси... Меѓутоа претприемачите и менаџерите комплетно забораваат на човечкиот ресурс.

  Во последно време, во светот а и кај нас се почесто се зборува за човекот како вреден ресурс. Она што е специфичнно за овој вид ресурси, е тоа дека тие не можат да бидат лесно мерливи како останатите видови на деловни ресурси. Едноставно, тие не можат да се најдат во билансите и не можат да се искажат во прости бројки. Ние можеме да го измериме задоволството од нашите вработени, нивниот степен на образование и едукација, меѓутоа интелектуалниот капитал, специфичните знаења, вештини и способности остануваат загатка. Многумина од модерните сопственици на капиталот пополека сфаќаат дека зградите, опремата, парите и сопствените идеи не се доволни за деловен успех. Тие препознаваат дека нивните вработени се тие што можат да направат значителна разлика помеѓу тоа дали нивната компанија може да постигне просечен или поголем успех.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Во ЕУ без работа 18,49 милиони лица

Е-пошта Печати PDF

Eurobarometer

Стапката на невработеност во еврозоната, во септември оваа година достигна нов рекорд од 11,6%, изјави денеска „Евростат“, неофицијалниот завод за статистика на Европската Унија.

  Граѓаните на ЕУ и понатаму остануваат загрижени за огромната невработеност кај младите лица на возраст под 25 години. Па така, просечната стапка на невработеност кај оваа возрасна група во септември изнесува 22,8% во ЕУ, и 23,3% во земјите-членки на еврозоната. Без работа сега се вкупно 5.520.000 во земјите од ЕУ-27, од кои 3.493.000 во еврозоната. Нивниот број се зголемил во споредба со изминатата година за цели 164 000 во ЕУ, и за 275 000 во еврозоната.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 2 од 46

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис