Човекови ресурси

Значење на комуникацијата

Е-пошта Печати PDF

communicateКомуникацијата е во срцето на се што работиме. Таа е основата при интеракцијата помеѓу луѓето. Комуникацијата мора да биде поврзана со она што го мислиме, со чувствата, желбите, потребите и идеите. 

  Добрата комуникација е есенцијална за успех. За секој успешен претприемач таа е неопходна алатка. Во комуникацијата е најважно да бидеш разбран.

  Комуникацијата може да се дефинира како процес во кој информацијата и разбирањето се пренесуваат од едно лице на друго. Нема комуникација ако пренесената информација не се прими и не се разбере. Значи комуникацијата подразбира испраќање, примање и разбирање.

 

Но, дали знаевте дека...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 31 Јануари 2013 13:10 ) Повеќе...
 

Најдобрите компании за работа во 2013г.

Е-пошта Печати PDF

i love my job mugПронајдете работа што целосно ви одговара, и ќе додадете 5 дена на секој викенд.“

 

Х. Џексон Браун Јуниор,
автор на бестселерот ’Малата книга за животни инструкции’   

  Откако ви ги претставивме најперспективните бизнис-сектори за идната година, и најдобрите брендови на ’екс-ју’ просторите за оваа година, на ред се работодавачите...

  Компанијата „Гласдор“ (Glassdoor), која работи на меѓународните пазари на труд, и која е специјализирана  он-лајн заедница за вработување и унапредување на кариери, ја престави својата листа на 50те светски најдобри работодавачи. Оценувањето било вршено во текот на скоро цела календарска година, со помош на специјално изработен алгоритам, а во гласањето учествувале исклучиво вработените во компаниите, во периодот во кој работеле за истите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Човекот како ресурс

Е-пошта Печати PDF

Human-Capital

Во секој бизнис на планетава, постои барем еден вработен кој свесно или несвесно, сите други ги охрабрува и ги мотивира.“

Томас Едисон,
иноватор

  Зборот ресурс го слушаме речиси секој ден. Се споменуваат материјални, нематеријални, финансиски, информатички, физички, технички, технолошки ресурси... Меѓутоа претприемачите и менаџерите комплетно забораваат на човечкиот ресурс.

  Во последно време, во светот а и кај нас се почесто се зборува за човекот како вреден ресурс. Она што е специфичнно за овој вид ресурси, е тоа дека тие не можат да бидат лесно мерливи како останатите видови на деловни ресурси. Едноставно, тие не можат да се најдат во билансите и не можат да се искажат во прости бројки. Ние можеме да го измериме задоволството од нашите вработени, нивниот степен на образование и едукација, меѓутоа интелектуалниот капитал, специфичните знаења, вештини и способности остануваат загатка. Многумина од модерните сопственици на капиталот пополека сфаќаат дека зградите, опремата, парите и сопствените идеи не се доволни за деловен успех. Тие препознаваат дека нивните вработени се тие што можат да направат значителна разлика помеѓу тоа дали нивната компанија може да постигне просечен или поголем успех.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Одговорности на современиот претприемач - како HR менаџер

Е-пошта Печати PDF

Dirigent_klein

„Човек доаѓа најблиску до својата перфекција, кога ја пополнува сопствената апликација за вработување.“

Стенли Џ. Реднал,
бизнисмен и политичар

  Без своите вработени, ниту една компанијата не може да работи на профитабилна основа. Човечкиот капитал е примарен и најважен ресурс на компанијата, но истовремено и најкомплексен. Но, во пракса на управувањето со човечките ресурси не му се придава доволно значење и се занемарува неговата важност.

  На прашањето “Дали треба и понатаму да ја развиваме функцијата за управување со човечките ресурси (Human Resources)?” има едноставен одговор: ДА, бидејќи човечкиот капитал е единствениот елемент кој конкуренцијата не може да го копира. Разликите помеѓу компаниите и нивните производи и услуги се повеќе се намалуваат: ентериерот во продажниот простор е сличен, разликите во карактеристиките на производите и услугите се намалуваат…. Она што всушност ја диференцира и издвојува Вашата компанија од конкуренцијата се Вашите вработени: нивното однесување, брзината на завршување на работните задачи, мотивираноста, способноста за стекнување нови знаења, компетенциите… Затоа се поставува прашањето – што и како треба да работи еден HR менаџер?

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Соработка со тешки работници - Невозможна мисија или предизвик???

Е-пошта Печати PDF

Сите менаџери наидуваат на работници со кои соработката е екстремно „тешка“. Постојат два вида на "тешки" работници. Со едните соработката во континуитет е „тешки“, додека вторите се „тешки“ за соработка само во одредени ситуации.  Сепак, работата на менаџерите е да управуваат со сите луѓе, па не смеат да ги игнорираат и да кренат раце од комплицираните работници.

Кога малите деца сакаат нешто од продавницата, едноставно не ве слушаат, бегаат, викаат и слично. Слична е ситуацијата и со комплицираните работници. Тоа се работници кои негодуваат секогаш кога некој ќе рече нешто спротивно на нивните ставови.

Менаџерите мора да реагираат брзо на проблемите предизвикани од овие работници. Сепак, пред да реагираат, менаџерите треба да размислат за последиците. Брзината на реагирање зависи и од ситуацијата. Од време на време, менаџерите треба да го разгледаат списокот на работници и да се потрудат да ги откријат ситуациите во кои одредени работници се однесуваат некоректно и недостапно. До секое име на листата, треба да додадат забелешки.

Менаџерите не смеат да потклекнат пред озборувања и гласини. Всушност, работниците кои шират муабети низ компанијата треба да бидат први на листата на некоректни работници, но исто така треба и да се провери дали има вистина во озборувањата. Секоја одлука мора да се базира на факти. Планирајте ги конфликтите со "тешките" работници. Во овој момент, искористете ги податоците од листата која ја направивте за ситуации во кои вработените се однесуваат на непријатен начин. Некогаш сте приморани да донесете одлуки за кои знаете дека ќе предизвикаат негативни последици врз однесувањето на вработените, па многу е подобро доколку спремни се соочите со тој проблем. Судете според одредено однесување, а не според одредена личност

Вашата цел не е да ги „нападнете“ сите кои се однесуваат несоодветно, туку да создадете ситуација во која луѓето нема да осетат потреба од остра интервенција. Користете ЈАС, а не ТИ. На пример: "Сакам секој од вас да доаѓа на време" е многу подобра опција од "Ти секогаш доцниш".

Лошото однесување не секогаш е резултат на лоша намера. Понекогаш може да се случи таквото однесување да е резултат на страв, збунетост, недостиг на мотивација, лични проблеми и слично. Дајте и шанса на личноста сама да изнајде решение за ваквите проблеми. Работниците се многу попродуктивни доколку и тие имаат удел во креирањето на решението за одреден проблем. Некогаш градењето на благосостојбата во организацијата оди постепено, но понекогаш работите можат да се поправат само со драстични промени. Јасно е дека лошото однесување може да се избегне само со заеднички договор. За да се подобри однесувањето, работникот мора да се сложи со менаџерот околу новото решение, односно новата ситуација. Работникот мора да сфати што не чини кај неговото однесување и да увиди барем еден пример на добро однесување. Секогаш кога на некого му објаснувате дека нешто не е добро, поткрепете ја вашата изјава со пример за нешто што е добро. И не заборавајте сите вработени се подеднакво важни за организацијата!!!

*Оригиналниот текст е превземен од seebiz.net.mk

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
Страница 1 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8015
61.1865
USD
52.6418
52.118
GBP
67.7722
67.0979
CHF
54.7546
54.2097
SEK
6.4802
6.4157
NOK
6.6323
6.5663
JPY
0.4827
0.4779
DKK
8.3108
8.2281
CAD
41.5919
41.1781
AUD
41.6733
41.2586
Превземено на 21.08.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Човечки ресурси