Човекови ресурси

Сектор за човечки ресурси: Да или Не?

Е-пошта Печати PDF

employee-manual-template„Нас не ни треба никаков сектор за човечки ресурси!„

Ова е коментар на еден сопственик на една домашна компанија. Се работи за компанија која има 1.200 вработени, компанија која што успешно се носи со конкуренција од странство, компанија која што има извонредни финансиски резултат...со еден збор – камен јака компанија!

И покрај тоа што тие имаат околу 1.200 вработени, и што имаат голема организациона мрежа....тие опуштено ми велат:„Нас не ни треба никаков сектор за човечки ресурси!„

Еден од нивните директори подетално ми го образложи нивниот став:

„Слушај, ние имавме неколку директори за човечки ресурси во нашата компанија и она што научивме е дека ние самите најдобро си знаеме каков кадар ни е потребен. Овие од HR (Human Resources) се психолози, не знаат ништо за продажба, финансии, производство....едноставно многу филозофираа а ништо не знаат да работат.„

Ваууу...каков шок! Јас лично се занимавам со тренинг на вработените преку 10 години. И таман се подготвував да почнам да зборувам за тоа колку е битно да имаме квалитетна селекција на вработени...се спремав да го кажам и оној нашиот познат аргумент на сите HR консултанти:

„Вработените се нашето најголемо богатство...„

„Ако вработените не ни се задоволни, тогаш ни нашите купувачи нема да бидат задоволни„

„Вие не трошите, Вие инвестирате во кадри..„

Ма какви брате, пали...

Нема HR сектор

Нема HR менаџер

Нема стратегија за развој на вработени

Нема Perfomance Appraisal.

Нема менаџмент на таленти

Нема Employee Satisfaction

Нема DISC тестови

Оваа компанија ме натера да размислам – да ли ни треба или не треба сектор за човечки ресурси?

Малопродажба

Како да направиме селекција за касирка за плата од 8.000 денари?

Рудник во Медвеѓа

Како да го измериме задоволството на вработените, доколку тие немаат основни средства за работа?

Team building

Како да направиме team building во текстилна компанија која вработува 300 жени, со просечна плата од 7.000 денари? Кои се цели на таков тренинг? Зголемување на продуктивноста, подобри човечки односи, подобра комуникација?

Оценување на вработените

Како да креираме оценување на вработени во некоја градежна компанија? Како да им објасниме дека официјално работно време изнесува 8 работни часови, но газдата ги тера да работат 12 работни часови? Како да креираме опис на работното место ако 60% на вработени е неписмено?

Какво е Вашето мислење за човечки ресурси?

Да ли е овој сектор е поврзан само со профитабилни компании?

Да ли е овој сектор привилегија на големи компании, кои што имаат 100+ вработени?

Преземено од MCB Blog

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 05 Март 2012 12:48 )
 

Најдобри професии за 2012 година

Е-пошта Печати PDF

D1609IR1Пекар, лекар, апотекар, колар, столар, могао сам бити ја, било шта.....

Рибља Чорба

Светската економска криза и константни турбуленции во глобалната економија, направија да луѓето бидат се повеќе несигурни во своите кариери и во своите лични амбиции. Но според PayScale.com, пазарниот лидер кога се работи за интернет размена на податоци за слободни работни места и за невработени, објави листа на одредени професии кои што се извонредно барани, а во склад со ова и извонредно платени.

PayScale.com поседува најголема светска база за податоци на профили кои што се барани од страна на работодавачите. Затоа и не чуди дека објавата на нивната листа за најбарани професии предизвика голем интерес. PayScale.com е сигурен дека професиите кои што се објавени на листата, ќе бидат добро платени во 2012 година и дека побарувачката за истите ќе има растечки тренд и во наредните години.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 10 Февруари 2012 15:16 ) Повеќе...
 

Идеален работник

Е-пошта Печати PDF

Идеален работник

Преведено од:„Kako izgleda profil "idealnog" radnika?"

Врз основ на големо искуство во барање на работа, пронајдов идеален профил на квалитетен работник! Ако ги занемариме врските, кои се неопходни за да пронајдеме работа, идеалниот работник треба да ги има следните карактеристики:

  • Старост до 28 години
  • Искуство 5 години
  • Познавање на страни јазици (се сомневаме дека оваа познавање некогаш ќе го примените во пракса, но ќе признаете убаво звучи)
  • Напредно работење на компјутер (ни ова можеби не Ви треба, но сепак убаво звучи)
  • Доколку сте жена, убаво е да не сте мажени, да немате деца и дека не планирате ни да ги имате
  • Доколку сте маж, да имате деца (што повеќе тоа подобро) да сте женет и да имате пет кредити кои што морате да ги вратите
  • Совршена здравствена состојба, за да издржите минимум 5 години на потполно уништување
  • Бескрајно висок IQ, кои што ќе го искористите единствено тогаш кога тоа го посака Вашиот директор
  • Иницијатива, но пак само тогаш кога тоа го посака вашиот директор
  • Љубов кон вашата работа. Љубовта треба да биди иста како и љубовта на Мајка Тереза
  • Пожртвуваност
  • Потполн недостиг на слободно мислење и потполн недостиг на било какви потреби

Ете вака треба да изгледаат огласите за вработување. Уште нешто. Атрактивна заработка според остварени резултати, значи само едно – производот не е квалитетен и им е потребен некој кој што ќе ги лажи клиентите. Можност за напредување, значи дека се спремни да го сменат името на работното место доколку вработениот после неколку месеци покажи дека можи да работи за троица.

Пријатна атмосфера значи дека сите вработени се со насмевка, бидејќи ако ја немаат ќе добијат отказ. Работење во млад и перспективен тим значи дека ќе работите од сабајле до навечер, со надеж во подобра иднина. Креативно работење значи дека никој ништо не знај, имаат проблем кој не знаат како да го решат и се надеваат дека некој друг ќе им го реши проблемот.

Озбилна фирма значи дека даваат мали но редовни плати! 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 20 Јануари 2012 12:24 )
 

Како да изберете квалитетни соработници? #2

Е-пошта Печати PDF

компатибилностВо минатиот текст почнавме со објаснување на неколку критериуми кои се значајни за избор на квалитетни соработници. Денес ќе зборуваме за компатибилност и посветеност на работа како критериуми за избор на соработници.

Четвртиот критериум – компатибилност

Изберете ги оние кандидати кои имаат ист систем на вредности како и Вашиот бизнис. Тука постои еден проблем – како да откриеме колку се потенцијалните кандидати компатибилни со нашиот бизнис. Секоја бизнис има одреден систем на вредности. Основната задача кога ја правиме селекцијата на кандидатите е да го пронајдеме оној кандидат кои што има ист систем на вредности како и нашата бизнис организација.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како да изберете квалитетни соработници?

Е-пошта Печати PDF

СелекцијаЛуѓето кои што се околу нас се составен дел на нашиот идентитет и имаат различно влијание на нашата среќа, здравје, статус...итн. Да ли ќе избереме соработник кој што ќе има позитивно влијание на горе спомнати фактори или ќе згрешиме зависи пред се од критериумите кои што ќе ги поставиме за избор на напите соработници.

Најчестите критериуми за избор на нов соработник се: соодветна стручна спрема, стабилна личност, висок ниво на интелигенција, позитивен став, пријатен изглед, членство во различни организации, партиска припадност....

Ќе ги анализираме овие фактори за да покажеме дека доколку претераме во инсистирањето на овие критериуми, без да ги земеме во предвид специфичностите на одредено работно место, можи да погрешиме во избор на нов соработник.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 09 Јануари 2012 11:48 ) Повеќе...
 
Страница 3 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Човечки ресурси