Човекови ресурси

Договор во лифт за 60 секунди

Е-пошта Печати PDF

business-elevator

Брзо, што работиш? Можеш ли да ми објасниш што точно работиш, ама накратко во минута-две? Ако не можеш, тогаш не ни умееш да се изрекламираш ефективно...

Роберт Бајлет,
Just Consultancy

  Еlevator speech (или приказна од лифт) е една позната алатка преку која се представува краток преглед на некоја идеа за производ, услуга или проект. Се нарекува вака бидејќи може да се реализира во временска рамка на возење со лифт, на пример 30 секунди или приближно некаде помеѓу 100 до 150 зборови.

  ’Приказната од лифтот’ се користи најчесто во контекст на презентирање на идеа за одреден бизнис од страна на претприемачи кон банкари или потенцијални инвеститори. Многу често инвеститорите и банкарите го оценуваат квалитетот на идеата и на тимот кој стои позади нив исклучиво врз основа на квалитетот на нивната ’приказна од лифтот’. Тие ги (ис)прашуваат претприемачите на овој начин за брзо да видат дали се работи за добра или лоша идеа.

  Се вели дека многу од важните одлуки во САД се донесени "за време на кратки разговори додека се чека нешто". Оваа техника исто така се користи од страна на лица кои бараат работа и кои имаат шанса за краток разговор со некој потенцијален работодавач.

  Како да постигнете успешен краток говор?

  Замислете дека легувате во лифт и таму стои тој, вашиот финансиер/инвеститор од соништата. Ова е еднократна шанса за вас. Пулсот Ви се забрзува. Температурата на телото ви расте. Знаете дека ова е ваш ден.

  За да бидете сигурни дека ќе го искористите моментот кога г-дин ’Инвестотор’ ќе се вози со вас во лифт, треба да ги следите советите кои следат. Г-динот ’Инвеститор’ секогаш е во брзање и ќе треба да го „зграпчите“ во тие минути додека се вози во лифт или нема никогаш повеќе да го видите!

  Вие треба да ги пренесете сите важни информации на јасен и концизен начин, да ги искомуницирате со соодветен тон.

  Запомнете дека не можете за 30 секунди да го презентирате вашиот бизнис-план, но може со сигурност да го привлечете вниманието на потенцијалниот инвеститор или работодавач. Ако успеете во тоа, тогаш ќе добиете шанса подоцна/следен пат за подетална презентација.

  Еве на што треба да обрнете најмногу внимание:

  1. Која е идеата?
  2. Кој е статустот на идејата или бизнисот?
  3. За кој пазар или пазари ќе биде наменет бизнисот и дали има некои референци, повратни мислења од клиенти од таму?
  4. Зошто сметате дека имате предност пред другите на пазарот и како се однесува кон пазарот и потребите Вашиот бизнис?
  5. Која е конкуренцијата на пазарот?
  6. Како ќе продавате?
  7. Кој е тимот кој ќе направи овој бизнис да успее?
  8. Која е долгорочната визија за бизнисот и повраток на инвестицијата за инвеститорите?
  9. Кој е вкупниот износ кој го барате за реализација на вашиот бизнис-план?
  10. Кој износ го барате сега на почетокот и кои се условите за инвестиција?

  Редоследот на сите овие работи може да се промени во зависност од вашата цел. Прочитајте го текстот на глас. Ќе видите дека Ви се потребни само 60 секунди или помалку. Вие треба да ја ’соберете’ идејата во истото време. На пример:

 "Нашата компанија се вика ’gradeznialati.mk’, таа е eлектронска веб-страна која продава брендирани алати за градежници. Во моментов нема други компании кои ексклузивно го опслужуваат овој пазар. ’gradeznialati.mk’ ќе има промет и посетеност преку линк на други страници од градежната иднустрија и преку усна пропаганда. Според индустриските студии е докажано дека 90% од градежните работници ги имаат следниве ставови: 1) имаат омилен бренд на алатки, 2) тие знаат кои алати им се поитребни и 2) не сакаат да пазарат во продавници. Во нашите анкети преку 70% имаат кажано дека тие преферираат да ги купуваат своите алатки он-лајн и да ги добијат на врата испорачани. Затоа очекуваме голема продажба.  

  За да станеме самоодржливи ни требаат 15.000 евра. Тое ќе се случи на средината на втората година. Сега бараме 7.000 евра за почетен капитал во замена за 30% од сопственичка структура во компанијата. Јас сум раководното лице и имам големо оперативно искуство и одлични контакти со производителите на алати. Нашиот менаџер за маркетинг има големо искуство во развојот и скорешната продажба на многу успешна e-commerce снабдувачка компанија. Кога ќе ги постигнеме нашите бројки очекуваме да ја продадеме ’gradeznialati.mk’ за големи пари во рок од три години."

  Ако сеуште не сте спремни – вежбајте, еден ден ќе имате прилика да покажете колку сте добри во тоа!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Задоволство на вработените

Е-пошта Печати PDF

0817562„Луѓето се наше најголемо богатство„

Јосип Броз Тито

Еден од најбитните сегменти на работењето на секоја компанија е самото задоволство на Вашите вработени. Незадоволни вработени=лошо работење. Е сега како да го измериме или да го забележиме задоволството на вработените. Еден од начини е да од нашиот деловен објект направиме еден реален шоу. Поставете камери на сите страни и гледајте ги Вашите вработени. Ова е како што реков еден од начините но постојат и други начини. Еден од таквите начини е Employee Satisfaction Survey или истражување на задоволството на вработените по пат на анкета.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Недела, 20 Ноември 2011 21:11 ) Повеќе...
 

Зошто вашиот бизнис треба да е одлично работно место

Е-пошта Печати PDF

creative-wpЗа работа се смета се она што го работиш, додека сакаш да работиш нешто друго.“

Џејмс М. Бери
шкотски новелист

  Новите економии налагаат и нови правила. Така, освен добрата плата, бенефициите и сите останати пропратни елементи што било кој бизнис може да им ги понуди на своите вработени, се почесто светски успешните компании ја користат и удобноста на работното место како дел од своите адути за привлекување креатици кои што би биле попродуктивни за компанијата и бизнисот воопшто.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Емоционална интелигенција

Е-пошта Печати PDF

istock_000008183124xsmall-300x299

“It is only with the heart that one can see rightly; what is essential is invisible to the eye.”

Antoine de Saint-Exupery

Стручноста како и високиот ниво на интелигенција се битни за напредок не само во животот веќе и во бизнисот. Но како најбитна вештина се покажа вештина со управување како со сопствените чувства, така и со разбирањето на чувствата на другите луѓе.

Во 1999 година во С.А.Д. се има реализирано едно истражување, кое за цел имаше да открие зошто се најуспешните менаџери разликуваат од другите менаџери. Сите менаџери имаат големи стручни знаења. Единствената разлика помеѓу најуспешните менаџери и другите менаџери е високиот степен на емоционалната интелигенција. Емоционалната интелигенција е можност на управување со сопствените чувства како и можност на разбирање на чувствата на другите луѓе, а се со цел на воспоставување на ефикасни односи помеѓу луѓето со различни карактери.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Што секој претприемач треба да знае за својот менеџмент стил

Е-пошта Печати PDF
bad-boss„Добриот менаџмент е уметноста на правење на проблемите толку интересни, а нивните решенија толку едноставни, што секој би посакал да дојде на работа и да се справи со нив!"
Пол Хокен,
претприемач и поборник за оддржливи бизнис средини

  Рецептот на секој претприемач е скоро ист: направи што повеќе со помалку ресурси.

  Но, дали е тоа долгорочно оправдано кога се работи за стилот на менаџирањето со вработените. Секако дека не! Претприемачите можеби се сдни од најлошите менаџери за човечки ресурси пред се, поради нивниот сестран 'мултитаскинг', краткиот фокус, ориентираност кон ризиците, и дезориентираноста кон процесите (помалку отколку кон целите), но тоа не значи дека истите не можат да се подобрат.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 4 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Човечки ресурси