Човекови ресурси

Вистинските тимови ги водат вистинските компании

Е-пошта Печати PDF

teamwork

„Одделно сите ние сме само капка. Заедно сме океан.“
Риносуке Саторо, 
јапонски поет 

  Тимска работа. Тимови. Способност за работа во тимови. Сите претходно наброени се дел од нашето секојдневие и дополнително на тоа слушаме ајде ова тимски да го сработиме, ајде малку тимски да скоцкаме некои работи за да ја избуткаме годинава подобро од минатата, итн.

  Што всушност е тим? Кој го сочинува тимот? Зошто служи тимот? Како треба да го формираме победничкиот тим? Како да ги избереме најдобрите менаџери за нашата компанија? Кој менаџер на која позиција треба да биде? Како да ги дознаеме неговите карактеристики? Се разликуваат ли менаџерите едни од други? Секако дека постојат основни дефиниции како одговор на прашањата, но сепак ајде да погледнеме од практичната страна и да видиме што е и како е.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Ефективна комуникација - „Смешна приказна“

Е-пошта Печати PDF

Секој од нас, барем неколку пати во животот, се нашол во ситуација кога си го поставил следното прашање: Дали ги поставив вистинските прашања?

А еве и една интересна приказна, која можеби ќе ви го даде Вашиот одговор!

 

Џек и Макс, шетајќи се после богослужба разговараат.

Џек се прашува: „Дали е во ред да пушам додека се молам?

Макс одговара: „Зошто не го прашаш свештеникот?“

Оваа идеа, Џек ја прифаќа и при следната посета го прашува свештеникот: „Може ли да пушам додека се молам?“

На ова, свештеникот одговара: „Не сине мој, секако дека НЕ! Тоа е крајно непочитување на нашата религија“.

Џек, при разговор со Макс, му кажува што добриот свештеник му одговорил.

На ова, Макс: „Јас не сум изненаден! НЕ го постави вистинското прашање!!! Дозволи ми јас да се обидам.“

И така, Макс доаѓа до свештеникот и го прашува: „Оче, може ли да се молам додека пушам?“, на што свештеникот со нетрпение одговара: „Секако сине мој, СЕКАКО!“

Поука: Одговорот ќе го добиете зависно од прашањето што го поставувате. Обидете се да го поставите вистинското прашање!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Дали сте доволно паметни да работите во најдобрите светски компании?

Е-пошта Печати PDF

Company_PictureПрашањата како “Која е вашата најголема слабост?” или “Каде се гледате за пет години?” се тотално “аут”, најдобрите светски работодавачи од вас бараат да го вклучите мозокот.

Разговорите за работа денес се слични еден на друг, но најголемите светски компании мораат многу да се потрудат за ги изберат најдобрите кандидати меѓу илјадниците кои се јавуваат за едно работно место.

Затоа тие се свртуваат кон креативни и необични прашања, во кои начинот на кој кандидатот ќе пристапи кон прашањето е клучен, а точниот одговор е спореден. Еве некои примери:

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Војна за таленти

Е-пошта Печати PDF

worstКои таленти работат за Вас?

Еден нов поим кој до сега важеше во спортот, музиката, уметноста – полека но сигурно се вовлекува и во компаниите – талент! Поимите како работник, вработен, вработување – го менуваат суштински своето значење. Се автоматизираат сите процеси кои содржат рутински задачи и тие веќе не се предност за една организација – предноста е во талентите кои работат на уникатни задачи и проекти.

Талентите во деловна смисла не се само луѓе со особени природни дарби – како што обично се мисли. Имаат нешто дадено од природата, но и многу повеќе! Тоа се луѓе, кои се свесни за своите афинитети, вештини и знаења и вредно работат на личен развој преку кој на околината можат да и пренесат уникатни вредности. Го знаат јасно својот кариерен пат и можат да направат јасна врска помеѓу интересите на компанијата и личните цели.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како да ги мотивираме вработените?

Е-пошта Печати PDF

За да ги мотивираме другите и ние сами мораме да бидеме мотивираниУбавите зборови вредат многу, а не коштаат.

Г. Херберт

Мотивацијата е една од најбитните теми во современиот менаџмент. Главната задача на секој менаџер е континуирано да ги запознава, развива и мотивира своите вработени. Доколку менаџерот поседува ентузијазам и мотивираност, таа енергија се шири меѓу вработени по принцип на концентрични кругови.

Истражувањата во врска со мотивираност покажуваат да:

Немотивираност на вработените резултира со штета од помеѓу 292 и 355 милијарди долари на глобален ниво.

Немотивирани вработени повеќе отсуствуваат од работа и тие не се толку лојални кон компанијата каде што работат.

Вработените се мотивирани кога тие имаат праведна расподелба на награди, а се според вложениот труд.

Неосновано зголемување на плати на поедини вработени, не доведува до поголема мотивираност, но ја намалува мотивираноста на други вработени.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Недела, 18 Март 2012 19:24 ) Повеќе...
 
Страница 2 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Човечки ресурси