Човекот како ресурс

Е-пошта Печати PDF

Human-Capital

Во секој бизнис на планетава, постои барем еден вработен кој свесно или несвесно, сите други ги охрабрува и ги мотивира.“

Томас Едисон,
иноватор

  Зборот ресурс го слушаме речиси секој ден. Се споменуваат материјални, нематеријални, финансиски, информатички, физички, технички, технолошки ресурси... Меѓутоа претприемачите и менаџерите комплетно забораваат на човечкиот ресурс.

  Во последно време, во светот а и кај нас се почесто се зборува за човекот како вреден ресурс. Она што е специфичнно за овој вид ресурси, е тоа дека тие не можат да бидат лесно мерливи како останатите видови на деловни ресурси. Едноставно, тие не можат да се најдат во билансите и не можат да се искажат во прости бројки. Ние можеме да го измериме задоволството од нашите вработени, нивниот степен на образование и едукација, меѓутоа интелектуалниот капитал, специфичните знаења, вештини и способности остануваат загатка. Многумина од модерните сопственици на капиталот пополека сфаќаат дека зградите, опремата, парите и сопствените идеи не се доволни за деловен успех. Тие препознаваат дека нивните вработени се тие што можат да направат значителна разлика помеѓу тоа дали нивната компанија може да постигне просечен или поголем успех.

  Во време на голема економска криза, кога единствено сме сигурни дека промените се неизбежен дел на живеењето, вработените одеднаш стануваат важна алка во работењето. Целите, мисијата и визијата се важни стратешки алатки на секоја компанија, но без луѓето тие се само зборови на хартија. Човекот како ресурс не претставува бројна именка, ниту пак доказ за сигурна успешност, туку таа улога ја превземаат неговите карактеристики, компетентноста, контактите и вештините што тој ги поседува.

  Сите претприемачи мораат да бидат свесни за две работи. Првата е таа дека луѓето мораат да бидат пронајдени, да се умее да бидат задржани, но и зачувани и наградувани. Втората важна работа е таа која вели дека, луѓето се единствениот ресурс што секое попладне ја напушта компанијата, каде што практично се зголемува ризикот тој да биде ’изгубен’. Важно е, за секоја компанија, да умее да го препознае потенцијалот на вработениот, да го искористи во вистински цели, и да го насочи кон откривање на вистинските вредности за себе, и за компанијата воопшто.

  Многу македонски компании кога бараат нови вработувања, испраќаат огласи во кои се вели: „бараме високомотивирани, иновативни и креативни соработници, способни за имплементирање на нови идеи, бидејќи веруваме дека најдобрите луѓе даваат и најдобри резултати.“. Ајде малку ада ја проанализираме оваа порака. Еден клучен збор ја менува концепцијата на целата порака, а тоа е зборот „бараме“.

  Е, токму тука лежи проблемот на денешното работење. Компаниите бараат се: самоиницијатива, мотивација, креативност, иновативност, способности и вештини, но тие самите вложуваат многу малку, ако не и воопшто во развивање на ваквите карактерситики кај своите сопствени вработени. Тие сметаат дека ваквото доусовршување за нив ќе претставува само губење на време и пари. За нив важи логиката: „Ако ти не сакаш, има кој сака.“. Меѓутоа, како резултат на ваквото размислување се јавува флуктоацијата на вработените, односно тие заминуваат веднаш кога ќе им се укаже подобра прилика и подобри услови на некое друго место. И така, компаниите се вртат во својот ’исправен’ концепт, кој претставува дополнителен опортунитетен трошок за нив, како последица на брзото заминување на вработените од компанијата.

  На крајот на краиштата, основачот на ИБМ (IBM) – Т.И. Ватсоно во една прилика има изјавено дека компанијата која нема да вложува во своите вработени, на крајот ќе биде компанија која воопшто нема да биде конкурентна на пазарите на кои се натпреварува.

  „Земете ми ги сите бизниси, запалете ми ги зградите и опремата. Но оставете ми ги само соработниците – и ќе почнам се од почеток. Ќе направам дури и подобар бизнис!“ – своевремено изјавил Ватсон.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Човечки ресурси Човекот како ресурс