Значење на комуникацијата

Е-пошта Печати PDF

communicateКомуникацијата е во срцето на се што работиме. Таа е основата при интеракцијата помеѓу луѓето. Комуникацијата мора да биде поврзана со она што го мислиме, со чувствата, желбите, потребите и идеите. 

  Добрата комуникација е есенцијална за успех. За секој успешен претприемач таа е неопходна алатка. Во комуникацијата е најважно да бидеш разбран.

  Комуникацијата може да се дефинира како процес во кој информацијата и разбирањето се пренесуваат од едно лице на друго. Нема комуникација ако пренесената информација не се прими и не се разбере. Значи комуникацијата подразбира испраќање, примање и разбирање.

 

Но, дали знаевте дека...

Ако им кажете на 100 луѓе нешто без да го повторите:

• после 24 часа, 25 % веќе го заборавиле.
• после 48 часа, 50% веќе го заборавиле.
• после 72 часа, 75 % веќе го заборавиле.
• после една недела, 96 % веќе го заборавиле.

Тогаш, кои се главните елементи на комуникацијата? Тоа се следните основи постулати:

  • Усогласеност помеѓу вербална и невербална комуникација
  • Активно слушање
  • Поставување прашањa
  • Давање повратна информација (фидбек)

 

  Вербалната комуникација претставува процес на заедничко пренесување на значењата со зборови преку усно или писмено изразување. Зборовите се  симболи преку кои ги изразуваме нашите мисли. Мора да запомниме дека значењето на зборовите треба да е усогласено со сите наши постапки и секако дека вербалната комуникација е контролирана од нашата свест.

  Преку вербалната комуникација луѓето дознаваат за вашите идеи, мисли, производи и услуги. Исто така дознаваат и за вашите чувства.

  Главни елементи на вербалната комуникација се:

• Зборови (изговорени или напишани)
• Контекст
• Конструкција на реченици

 Невербалната комуникација пак, е заедничко пренесување на значењата/симболите преку сите невербални начини. Главни елементи на невербалната комуникација се:

  • Карактеристики на гласот
  • Израз на лицето
  • Држење на телото
  • Гестови
  • Физичка близина
  • Надворешен изглед

  Кога говорите вашиот глас оди надвор од зборовите. Вашиот акцент можеби ќе го пренесе вашето место на живеење или образование. Вашиот тон можеби ќе каже на соговорникот дали сте тажни, возбудени или ви е досадно.

  Околу 90% од вашата комуникација е невербална. Голем дел од неа е несвесна, но дел од неа може да ја контролирате преку вашата свесност за неа. Волуменот и брзината на говорење треба да се користат претпазливо и на контролиран начин. Овие квалитети можат да работат во склад и да постигнат моќни ефекти, особено кога работиме продажба или убедување на клиенти.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 31 Јануари 2013 13:10 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Човечки ресурси Значење на комуникацијата