Финансирање

Управување со трошоци

Е-пошта Печати PDF

bodybuildersУправување со трошоците е како водење на здрав животен стил, а не реакција кога организмот, поточно фирмата веќе има здравствени проблеми. Можеби имате досега слушнато, а и ние во нашите текстови спомнувавме дека бизнисот е како жив организам. А еве и зошто е тоа така.

Ајде да го споредиме некој бизнис со човечкиот организам со сите негови органи:срце, мозок, гради, мускули...Како и во бизнисот, во човечкиот организам се одвиваат одредени процеси. Ние мораме да јадеме за да обезбедиме енергија за функционирањето на нашиот организам. Исто е и во бизнисот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 21 Септември 2011 09:51 ) Повеќе...
 

Инвестициони кредити

Е-пошта Печати PDF

investment1

„Инвестирање без истражување е како играње покер без да гледате во карти„

Питер Ланч, консултант

Секој кој има веќе разработен бизнис (па и почетен бизнис) се соочи со потреба на нова опрема, транспортно возила, купување на недвижнини или во изградба на некој градежен објект итн. Овие инвестиции се за секој вид на претпријатие големи, без разлика да ли се работи за микро или големо претпријатие. Тие инвестиции не можат во целост да се исфинансираат од добивката или од тековните приходи. Од таа причина ни се потребни инвестициони кредити, за да во целост ја исфинансираме нашата инвестиција.

Секоја банка во Македонија во своја кредитна понуда има и понуда на инвестициони кредити. Кои се карактеристики на овие кредити? Пред се во износот на кредитната линија. Обично сите инвестициски кредити се делат во две групи: за мали и средни претпријатија и за големи претпријатија.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Финансиската структура на претпријатието

Е-пошта Печати PDF

debt_bad

„Финансиската структура во Телстра не е поволна – премногу сме задолжени„

Sol Trujillo

Основната цел на анализирањето на финансиската структура на одредениот бизнис е да се одреди односот помеѓу сопствените и позајмените извори на финансирање. Ова можеме да го видиме во билансот на состојбата на одреден бизнис, поточно во пасивата. Исто така финансиската структура на бизнисот можеме индиректно да го видиме во билансот на успехот – колку добивката е оптеретена со фиксните обврски во вид на камата. Постои голем број на показатели на финансиската структура , но најзначајни се два показатели:

  • Однос помеѓу позајмени и вкупни извори на финансирање
  • Однос помеѓу долгорочни и вкупни извори на финансирање

Односот помеѓу позајмените и вкупните извори на финансирање ни покажува учество на позајмени извори во вкупните извори на финансирање – колку сте задолжени и се пресметува врз основ на следната формула:

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Недела, 16 Декември 2012 18:01 ) Повеќе...
 

EBITDA – или одакле ти лова јаране?

Е-пошта Печати PDF

ebitdaНа голем број на сопственици му е битно да работат профитабилно, поточно да на крајот на деловната година во билансот на успех има профит. Колку се ликвидни, ефикасни, ефективни или колку им треба оперативен кеш во работењето, им е од секундарен значај.

Ова последното, оперативниот кеш е еден од битните показатели на работењето на претпријатието. Колку Вашиот бизнис прави оперативен кеш во текот на годината се мери преку EBITDA. EBITDA е кратенка од следните англиски зборови:

Earnings

Before

Interest,

Taxes,

Depreciation and

Amortization

Кај нас во Македонија EBITDA се преведува како профит пред него што се одземи амортизацијата, данокот на добивката и каматите. EBITDA ја пресметуваме според податоците од Билансот на успех. Еве на еден хипотетички пример ќе ви покажам како да ја пресметате EBITDA.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Нето обртен фонд

Е-пошта Печати PDF

financial-health

"Резервите на обртните средства што ги поседуваме, ќе ни овозможат да не се задолжуваме кај деловните банки, што ќе ни заштеди и време и пари"

Џими Кларк (Jimmy Clark), поранешен возач на формула 1

Во минатите натписи, пишувавме за основните финансиските показатели за работењето на некое претпријатие. Денес продолжуваме  со основните финансиски показатели. На ред иди нето обртен фонд или некаде се нарекува и како нето обртни средства. (во понатамошниот текст ќе го именуваме со НОФ)

Што ни покажува и како да ги пресметаме нето обртниот фонд?

НОФ ни покажува да ли сме способни да се задолжиме на краток период. Се добива така што од вкупните обртни средства ги одземеме краткорочните обврски. Она што ќе го добиеме е НОФ. Овој показател е битен како за сопствениците на бизнисите така и за деловните банки, што го кредитираат Вашиот бизнис. Или најкратко кажано - Што е крвта за човекот, тоа е и НОФ за бизнисите!

Имено на банката му е важен не само тековниот рацио на ликвидност на Вашиот бизнис, веќе и НОФ, бидејќи на банката му е важно да ли Вие ќе бидете способни да ги враќате ратите на кредитот. Поточно да ли Вие како бизнис ќе бидете способни да преземете нови обврски. Значи, НОФ е битен показател на банките, за тоа да ли ќе го финансираат Вашиот бизнис или не. Исто така и на Вас треба да биди битен показател за тоа да ли можете, поточно да ли ќе бидете способни да ги намирувате Вашите идните обврски.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 4 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Финансирање