Финансирање

Бидете активни, бидете фит!

Е-пошта Печати PDF

Ако слушнете од Вашиот банкар ова прашање:„Да видиме колку сте активни„, не се работи за Вашата лична физичка активност, веќе се работи за тоа со која динамика Вашата компанија ги користи средствата.

homer_runningПостои повеќе начини за тоа како да ги пресметаме коефициентите, што ќе ни покажат колку сме активни. Секој од овие начини подразбира, поставување на Вашата продажба со одредени делови на Вашата актива. Што е поголем коефициентот тоа е и поголем степен на користење на Вашите средства. Сите овие коефициенти можеме да ги поставиме во две групи:

  • Обрт на вкупната актива
  • Обрт на специфичните делови на активата

Обрт на вкупната актива ја добиваме така што вкупните приходи од продажбата ги поставуваме во однос во вкупната актива. Значи приходите ги делиме со вкупната актива. Понатаму, бројот на вкупните денови во годината  (365 дена) го делиме со добиениот коефициент. Тоа го правиме поради тоа, за да го добиеме просечното време на обрт на вкупната актива.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 23 Јуни 2011 10:12 ) Повеќе...
 

Да ли сте ликвидни?

Е-пошта Печати PDF

liquidity„Ние сме сега апсолутно ликвидни и можеме да ги финансираме сите нашите обврски и да се вратиме на позитивното работење„

Патриција Русо (Patricia Russo) директорка на француската компанија „Alcatel”

Во минатиот натпис зборувавме за тоа колку сте профитабилни. Денес ќе збориме за тоа да ли сте и колку ликвидни. Пред се да го разјасниме самиот термин ликвидност. Ликвидноста ни покажува да ли сме способни своите обврски да ги платиме на време и во целиот износ. Ликвидноста исто така ни покажува и како управуваме со нашите залихи и со своите побарувања.

Ликвидноста исто така се поврзува и со степенот на ризик. Така на пример степенот на ризик се зголемува кога одредено претпријатие финансира неликвидни позиции во својата актива (градежни објекти, опрема...итн.) со ликвидни позиции во пасива. Во ваков случај обврските доаѓаат пред него што активата почни да генерира приход за да се отплати нејзиното вложување. Ова е една од причините зошто претпријатијата банкротираат.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 16 Јуни 2011 20:55 ) Повеќе...
 

ROI и ROE

Е-пошта Печати PDF

roi„Кога менаџерите зборуваат за ROI, тоа изгледа исто како кога тинејџерите зборуваат за секс. Сите зборуваат за него, но никој не знае како тоа изгледа. Сите се експерти, но никој го нема пробано. Сите би сакале да го пробаат, но никој не знај како„

Бојан Шчепановиќ, генерален менаџер во МЦБ менаџмент центар

Овие два збора можат да ве потсетат како на крик на некој папагал или нешто слично, но всушност се работи за два битни показатели за одредување на профитабилност на претпријатието.

Имено профитабилност е од примарен значај за сопствениците на претпријатијата, бидејќи профитабилност ни покажува колкава е ефикасност на користењето на вложените средства (тука не правиме разлика да ли тие средства се наши или позајмени).

Како да ја измериме профитабилноста? Првиот чекор е да го одредиме профитот на нашето претпријатие. Тоа го правиме така, кога од вкупните деловните приходи ги одземеме вкупните деловните расходи. Она што ќе ни остани е или профит или загуба во колку деловните расходи се поголеми од деловните приходи.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Недела, 12 Јуни 2011 10:29 ) Повеќе...
 

Меница - средство за обезбедување на плаќање

Е-пошта Печати PDF

negotiable-instrumentsСите имате слушнато за меница. Обично кога ќе земате кредит, од банката ви велат дека ви бараат меници како инструмент за обезбедување на кредитот. Но да ли знаевте да и Вие можете да ја користете меницата како инструмент за обезбедување на Вашите побарувања и како инструмент за плаќање?

Пред се да видиме што е меница. Според Законот за меница, меница претставува:„ Меница, во смисла на овој закон, претставува средство за плаќање и инструмент за обезбедување на плаќање. Меницата претставува безусловна наредба која ја дава трасантот на трасатот да се исплати одреден паричен износ на ремитентот, кој е наведен на меницата или на самиот трасант.„ Врз основ на оваа дефиниција, можеме да заклучиме да меница има три улоги:

  1. меницата е средство за обезбедување на плаќање
  2. меницата е средство за плаќање
  3. меницата е средство за есконт
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Недела, 29 Мај 2011 22:46 ) Повеќе...
 

Револвинг кредит

Е-пошта Печати PDF

loan"Фиат немаше многу пари, имавме околу 40-50 милиони долари. Но тоа беше добра основа да добиеме револвинг кредит, за да купиме нова опрема"

Џани Ањели

Револвинг кредит не е ништо друго освен гарантирана кредитна линија. Овој вид на кредит е гарантиран, бидејќи банката се обврзува со потпишувањето на договорот за револвинг кредит, дека ќе ви обезбеди парични средства на располагање, без разлика да ли Вие имате или немате парични средства на сметката.

Да го поедноставиме ова на еден пример. Банката Ви одобрува договорен износ на пари. Вие тие средства можете да ги искористите во целост или само дел од тие пари, а се во зависност од Вашите потреби. Значи од одобрени 600.000 денари можете да искористите прво 100.000, па потоа уште 100.000 или преостанатиот износ. Поточно Вие тие пари можете да ги повлекувате од зависност на динамиката на вашиот бизнис. Каматата ја плаќате на искористените средства.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 16 Мај 2011 19:30 ) Повеќе...
 
Страница 5 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Финансирање