Финансирање

Финансирање преку амортизација

Е-пошта Печати PDF

How_To_Calculate_Home_DepreciationАмортизацијата во големите компании, ја брани компанијата од сопствениците, додека амортизацијата во малите компании е уште еден начин на финансирање на компанијата.

Првин да бидеме на јасно, кога зборуваме за амортизација мислиме на терминот од англиски "depreciation" што значи отпис на вредноста на нематеријалните и материјалните средства (долгорочните средства). Долгорочни средства се средства со вреднст над 300 евра со век на траење подолг од една година.

Амортизација значи дека ако на пример купите компјутер вреден 300 евра чиј реален век на траење е три години, имате право секоја година да отпишувате една третина од неговата вредност, кои средства одат на страната на расходи во Билансот на Приходи и Расходи, така да по три години може да купите нов компјутер од насобраните средства, кои иако се појавуваат на страната на разходи, реално влегуваат во вашиот резервен фонд (средствата не се потрошени, иако се водат на ставка расходи).

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 06 Мај 2011 11:17 ) Повеќе...
 

Лизинг

Е-пошта Печати PDF

car-leasing-5510„Вистинското богатство не е во имање на имот, веќе во неговото користење„ Аристотел

Лизинг (leasing) претставува многу значаен извор како на финансирање, бидејќи претставува економски ефикасно решение за набавување на основни/стални средства. Лизинг е посебно значаен за мали и средни претпријатија, но и за новоформирани претпријатија, кои немаат голем кредитен капацитет за набавување на нови основни/стални средства.

Во колку немате финансиски средства за купување на нова опрема, или во колку немате адекватно обезбедување за одредена кредитна линија, лизинг претставува идеално решение.

Што е во всушност лизинг? Лизинг претставува пишан договор помеѓу две страни: Лизинг компанијата (давателот на лизинг) и корисникот на опремата (примателот на лизинг).

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 06 Мај 2011 15:25 ) Повеќе...
 

Што бараат банките?

Е-пошта Печати PDF

paperwork„Банкате е место на кое ќе ви позајмат пари, до колку докажете дека не ви се потребни„

Боб Хоуп (Bob Hope), американски актер

Кога аплицирате а одредена кредитна линија кај деловните банки треба да приготвите одредена документа. Прво банките што ќе Ви побараат се билансите на успех и состојба за последните две евентуално последните три години на работењето. Зошто?

Пред се во билансот на успех се прикажуваат приходите што ги остваривте. Во колку имате тенденција на раст на приходите во последните две (или три години) тоа подобро – имате еден плус. Исто така остварениот приход му покажува на банките дека имате потенцијал да на време и во рокови можете да го враќате истиот кредит. Ако имате приход од околу еден милион денари не можете да аплицирате за кредит кој што е дупло поголем од остварениот приход – како ќе го вратите? Исто така билансот на успех ја покажува Вашата добивка (профит). Доколку во последните години работевте со профит заработивте уште еден плус. Но доколку имате загуба тешко дека имате некоја шанса да добиете поволна кредитна линија. Значи да го резимираме овој дел. Морате да имате тенденција на раст на  приходите и да работите со профит. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Недела, 16 Декември 2012 17:47 ) Повеќе...
 

Зошто готовинскиот тек (cash flow) е толку битен?

Е-пошта Печати PDF

cash-flow„Тоа не е ракетна наука. Кога компанијата ги одложува или намалува своите дивиденди, тоа е поради тоа што има финансиски проблеми и поради намалениот готовинскиот тек„

Метју Емерт (Mathew Emmert) финансиски аналитичар

Една од клучните причини зошто бизнисите пропаѓаат, е недостиг на пари за намирување на обврските.  Со други зборови бизнисите не успеваат да одржат стабилен готовински тек. Исто така, финансиските институции како што се банките прво што ќе ве прашат и прво што ќе бараат од Вас е каков е Вашиот готовинскиот тек.  Готовинскиот тек претставува преглед на приливите и одливите на пари во Вашиот бизнис. Тоа е значи двонасочен процес – прилив и одлив на пари. Она што морате да направете е да ефикасно управувате како со Вашите добавувачи (одлив на парите) така и со Вашите купувачи (прилив на пари).

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 27 Април 2011 18:27 ) Повеќе...
 

Финансирање

Е-пошта Печати PDF

Едно од најзначајните прашања за секој вид на бизнис, без разлика да ли се работи за почетен или веќе разработен бизнис е :„Како до поволни финансиски средства?„.

Зошто ни се потребни тие дополнителни финансиски средства? Прво да се подсетиме на неколку работи. Прво ние работиме бизнис да остваруваме профит. Профитот ќе го заработиме во колку успешно ги задоволиме потребите на нашите купувачи. Во колку тоа успешно го остваруваме ние ќе имаме се поголема и поголема побарувачка на нашите производи/услуги. Поради тоа ние во еден момент ќе мораме да ги прошириме нашите капацитети или да набавуваме повеќе репроматеријал, за што ние се потребни дополнителни финансиски средства.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 27 Април 2011 18:29 ) Повеќе...
 
Страница 6 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Финансирање