biznis101-org2.png

Нето обртен фонд

Печати

financial-health

"Резервите на обртните средства што ги поседуваме, ќе ни овозможат да не се задолжуваме кај деловните банки, што ќе ни заштеди и време и пари"

Џими Кларк (Jimmy Clark), поранешен возач на формула 1

Во минатите натписи, пишувавме за основните финансиските показатели за работењето на некое претпријатие. Денес продолжуваме  со основните финансиски показатели. На ред иди нето обртен фонд или некаде се нарекува и како нето обртни средства. (во понатамошниот текст ќе го именуваме со НОФ)

Што ни покажува и како да ги пресметаме нето обртниот фонд?

НОФ ни покажува да ли сме способни да се задолжиме на краток период. Се добива така што од вкупните обртни средства ги одземеме краткорочните обврски. Она што ќе го добиеме е НОФ. Овој показател е битен како за сопствениците на бизнисите така и за деловните банки, што го кредитираат Вашиот бизнис. Или најкратко кажано - Што е крвта за човекот, тоа е и НОФ за бизнисите!

Имено на банката му е важен не само тековниот рацио на ликвидност на Вашиот бизнис, веќе и НОФ, бидејќи на банката му е важно да ли Вие ќе бидете способни да ги враќате ратите на кредитот. Поточно да ли Вие како бизнис ќе бидете способни да преземете нови обврски. Значи, НОФ е битен показател на банките, за тоа да ли ќе го финансираат Вашиот бизнис или не. Исто така и на Вас треба да биди битен показател за тоа да ли можете, поточно да ли ќе бидете способни да ги намирувате Вашите идните обврски.

 

Да покажеме врз основ на еден пример како да го добиеме НОФ и што ќе се случи во колку добиеме краткорочен кредит. Прво да поставиме одредени претпоставки. Нашиот бизнис има следна структура

Обртни средства 150.000,00 ден

Краткорочни обврски 110.000,00 денари

Претпоставуваме дека нашиот бизнис доби краткорочен кредит во износ од 50.000,00 денари. Што ќе се случи?

Пред се ќе се зголеми износот на обртни средства во износот на добиениот кредит, но од друга страна за истиот износ ќе ни се зголемат нашите обврски, бидејќи кредитот треба да го вратиме. Еве што ќе се случи со НОФ и со нашата способност да ги враќаме нашите обврски:

 

Пред одобрениот кредит

После одобрениот кредит

Обртни средства

150.000,00

200.000,00

Краткорочни обврски

110.000,00

160.000,00

НОФ

40.000,00

40.000,00

Општи рацио на ликвидност

1,36:1

1,25:1

Долгорочни извори на обртни средства

(НОФ/Обртни средства*100)

26,67%

20,00%

 

Да ги објасниме добиените резултати. Како што можеме да видиме со преземање на кредитот, нашиот општ рацио на ликвидност се намали. Исто така се зголеми  учеството на краткорочните извори на финансирање на вкупните обртни средства или поточно до намалување на учеството на НОФ. Оваа опаѓање може да биди опасно ако ја гледаме нашата ликвидност, посебно ако уште повеќе го зголемуваме учеството на краткорочните извори на финансирање врз основ на добиените кредити.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com