Финансиската структура на претпријатието

Е-пошта Печати PDF

debt_bad

„Финансиската структура во Телстра не е поволна – премногу сме задолжени„

Sol Trujillo

Основната цел на анализирањето на финансиската структура на одредениот бизнис е да се одреди односот помеѓу сопствените и позајмените извори на финансирање. Ова можеме да го видиме во билансот на состојбата на одреден бизнис, поточно во пасивата. Исто така финансиската структура на бизнисот можеме индиректно да го видиме во билансот на успехот – колку добивката е оптеретена со фиксните обврски во вид на камата. Постои голем број на показатели на финансиската структура , но најзначајни се два показатели:

  • Однос помеѓу позајмени и вкупни извори на финансирање
  • Однос помеѓу долгорочни и вкупни извори на финансирање

Односот помеѓу позајмените и вкупните извори на финансирање ни покажува учество на позајмени извори во вкупните извори на финансирање – колку сте задолжени и се пресметува врз основ на следната формула:

 

Однос помеѓу позајмени и вкупни извори на финансирање=Вкупните обврски/Вкупните извори на финансирање

Не постои јасен стандард  за тоа колку овој однос треба да биди, но секое зголемување на задолженоста има свои граници.

Однос помеѓу долгорочни и вкупни извори на финансирање, ни покажува учество на долгорочните извори на финансирање во вкупните извори и се пресметува врз основ на следната формула:

Однос помеѓу долгорочни и вкупни извори на финансирање=(Сопствениот капитал+Долгорочен кредит)/Вкупните извори на финансирање

И тука не постои јасен, прецизен стандард колку овој односот треба да изнесува. Се зависи од тоа каков вид на бизнис поседувате, во какви услови работите...итн.

Покрај овие два показатели ќе спомнам и уште еден показател на финансиската структура на бизнисот. Тоа е Коефициент на покритие на расходите на име на камата. Овој коефициент ни покажува колку нашата добивка е оптеретена со расходите на име на камата и се пресметува врз основ на следната формула:

Коефициент на покритие на расходите на име на камата=Деловната добивка/Расходи на име на камата

Како да го толкуваме овој коефициент ќе покажеме врз основ на еден пример:

Коефициент на покритие на расходите на име на камата=400.000/50.000=8

Коефициентот ни покажува дека секој денар на расходите на име на камата е покриен со 8 денари од деловната добивка.

Јасно е да врз основ на овој показател не можеме да добиеме јасна слика за финансиското оптеретување на одреден бизнис. Но во колку ги имаме коефициентите од минатите години можеме да добиеме слика за степенот на задолженоста на нашиот бизнис. Исто така можи да ни помогни во донесувањето на одлуката за понатамошното задолжување.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Недела, 16 Декември 2012 18:01 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7912
61.1764
USD
52.548
52.0252
GBP
69.3115
68.6219
CHF
53.7128
53.1784
SEK
6.4491
6.385
NOK
6.6257
6.5598
JPY
0.4683
0.4637
DKK
8.3009
8.2183
CAD
41.9179
41.5008
AUD
41.2106
40.8006
Превземено на 18.10.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Финансирање Финансиската структура на претпријатието