Поефективна наплата на фактурите

Е-пошта Печати PDF

Get-paid
„Подобро сметај на сигурни 100 фунти неделно, отколку на 1.000.000 фунти за 2 години.“

Џо Бернард Шо,
ко-основач на London School of Economics

  Малите компании можат да ја забрзаат наплатата на своите парични побарувања и да избегнат проблеми со задоцнето плаќање со тоа што ќе развијат ефективен план за наплата. Во продолжение се дадени неколку чекори кои можеш да ги преземеш, за да се заштитиш од клиентите кои не плаќаат навреме:
  • Внимавај на изгледот на твоите фактури

  Води сметка твоите фактури да изгледаат јасно, да бидат точни, детални и разбирливи. На секоја треба да стои јасно и сумата која треба да се плати; број на налогот за нарачка, името и адресата на купувачот; името на твојата фирма, адреса, и бр. на сметката. Секако треба да го наведеш и името и телефонскиот број на лицето за контакт во твојата фирма ако се појават некои прашања. Ако е можно, наведи ги сите ставки за наплата по реден број. Потешко е да се спори за сметка која е расчленета по ставки, и ако се случи спор за плаќање на сметката, ќе можеш легитимно да побараш плаќање на неспорните ставки. Фактурите треба исто така да содржат и одредба со која се информира купувачот да те побара ако се појават какви било проблеми со твоите услуги. На фактурата треба јасно да се наведени задоцнетите побарувања.

  • Испраќај ги навреме твоите фактури

  Што поскоро ги испратиш твоите фактури, тоа поскоро ќе пристигне исплатата. Некои мали фирми ги испраќаат своите фактури еднаш месечно, но тоа е погрешно, затоа што може да одложи некои исплати за две до три недели. Затоа, обиди се да ги испратиш фактурите во рок од ден, два по испораката на својот производ, или по завршување на проектот.

  • Испрати ја фактурата на вистинското лице

  Ако ја испратиш фактурата на погрешно лице, ризикуваш задоцнето плаќање од 30 или 60 дена, затоа што фактура испратена на погрешно лице потоа кружи низ фирмата. Зборувај директно со својот клиент и прашај го до кого треба да ја адресираш фактурата. Ако фактурата треба да стигне до некој со кого не контактираш секојдневно, јави се и претстави се пред да ја испратиш сметката по пошта.

  Ако ја праќаш сметката до сметководителот на твојот клиент или до оддел за сметководство, адресирај го писмото и до него и потоа јави се по телефон.

  • Што понатаму

  Лесно е сметководителот да ја занемари фактурата ако нема дополнителен потсетник, односно ако не се јавиш да го провериш статусот на фактурата. Краток повик може да ти потврди дека твојата фактура пристигнала и дека е во процес. Ако не добиеш уплата до одреден датум, провери со сметководителот повторно кога ќе биде фактурата платена, и јавувај се еднаш неделно, сe додека не пристигне уплатата.

*Оригиналниот текст е превземен од: SeeBiz.net.mk

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Финансирање Поефективна наплата на фактурите