Подобрете ја енергетската ефикасност во вашата канцеларија!

Е-пошта Печати PDF

home-office-2-582x379Последните промени на цени и на тарифниот модел на електрична енергија само дополнително изврши притисок, не само на граѓаните, веќе и на бизнисите да ја подобрат енергетската ефикасност и на таков начин да ги намалат сметките за електрична енергија

Најголемите потрошувачи на електрична енергија во една канцеларија се пред се клима уредите, печатарите, копир апаратите, компјутерите како и осветлувањето. Со поефикасно користење на овие уреди можете да остварите заштеда на трошоците на електричната енергија и до 20%, а понекогаш и до 50%! Во денешниот пост ќе ви ги прикажеме како да ја зголемите енергетската ефикасност во вашата канцеларија.

 

Компјутери и печатари

Исклучете го компјутерот, доколку идите на пауза или кога компјутерот нема да го употребувате подолг временски период. На ваков начин можете да заштедите и до 60% во потрошувачката на електричната енергија. Доколку правите кратка пауза искористете ја функцијата “hibernate” или “bookmark”. Компјутерите ќе ви работат со минимална потребна енергија, но од друга страна сите фајлови ќе ви бидат сочувани.

Исклучете ги мониторите доколку не го користите компјутерот. Мониторите се големи потрошувачи на електрична енергија. Нивното учество во вкупната потрошувачка на електричната енергија на компјутерот иди и до 10%.

„Мониторот кои што останува вклучен преку ноќ, троши како и ласерскиот печатар кога печати 800 страни!„

Доколку сакате да пазарите нов компјутер размислете да пазарите лаптоп наместо класичен компјутер – зафаќаат помала површина, мобилни се и што е најбитно трошат помалку електрична енергија.  Исто така гледајте да пазарете опрема која што е енергетски ефикасна поточна опрема која што има А++ енергетска класа.  Овие уреди трошат и до 45% помалку електрична енергија за разлика од апаратите кои што е со D енергетска класа.

Фотокопир апарати

Како и кај компјутерите, доколку не ги користите исклучете ги.

Фотокопир кои што останува вклучен во текот на ноќта, ќе потроши електрична енергија со која што може да ископира околу 5300 копии!

Осветлување

Угасете ги светилките доколку не ви е потребно дополнително осветлување. Користете ги сензорите за движење, кои што ги вклучуваат/исклучуваат светилките. Класичните светилки сменете ги со енергетски ефикасни светилки – неонки, LED….итн.

Извор: Портал за енергетска ефикасност

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Финансирање Подобрете ја енергетската ефикасност во вашата канцеларија!