Купување од заштеда или од кредит?

Е-пошта Печати PDF

spending-vs-saving

„Постојат се поголем број на луѓе што трошат повеќе отколку што заработуваат, на нешта што не им требаат, за да ги импресионираат луѓето што и онака не ги сакаат.“

Вил Смит,
актер и продуцент

  При секојдневното деловното реботење, многупати доаѓаме во ситуација кога на бизнисот му требаат одредени инвестиции за различни причини: од зголемување на производството, до освојување на нови пазари или воведување на нови производни линии.

  Понекогаш одредената сума на пари ни е на располагање, но понекогаш потребно е добивање на кредитна линија од некоја од финансиските институции или комерцијалните банки. Дилемата е, кој начин на инвестирање е подобар: купување од заштеда или на кредит?

  Ќе се потрудиме да објасниме преку пример во кој, во првиот случај ќе отплаќаме ненаменски кредит во износ од 50.000 ден. со камата од 8% за 5 години, а во вториот случај, износот што би требало да го плаќаме како рата за истиот кредит, ќе го искористиме за штедење во тек на 5 години со камата од 5% на годишно ниво:

  1. Пример: Отплата на ненаменски кредит на 5 години
  • Износ на кредитот: 50.000 ден.
  • Годишна ефективна каматна стапка: 8%
  • Месечна рата за кредитот: 1.037,92 ден.
  • Вкупно платени камати: 12.275,05 ден.
  • Вкупно отплатен износ: 62.275,05 ден.
  1. Штедење во фонд, со редовни месечни уплати од 1.037,92 ден. во тек на 5 години
  • Износ на месечна уплата: 1.037,92 ден.
  • Годишен приход: 5%
  • Вкупно заштедена сума по пет години: 70.548,87 ден.

   Што може да заклучиме? Во првиот пример од банката веднаш добиваме 50.000 денари (што всушност реално добиваме нешто помал износ, односно бараната сума намалена за провизијата за одобрување на кредитот плус административно-техничките давачки), меѓутоа задоволството веднаш да ги имаме парите ќе биде солидно наплатено.

  Од друга страна, заштедета во вториот случај е 20.548 денари повеќе отколку првобитните 50.000 со кои сме располагале, а само за камати сме заштедиле 12.275 денари – пари кои можеме да ги ре-инвестираме во нешто друго или едноставно да пропатуваме некаде.

  Затоа, доколку сте во можност финансирањето на инвестициите да го направите од сопствени средства, а имате дилема околу подигање на кредит, не двоумете се да ја искористите заштедата – ќе заштедите уште повеќе.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Финансирање Купување од заштеда или од кредит?