Што треба да знаете пред него што аплицирате за кредит?

Е-пошта Печати PDF

what-you-need-to-know-firstОдговорот на оваа прашање можеби го знаете. На голем број на бизнисмени кој што сакаат да аплицираат за кредитна линија им е битно колкава е каматната стапка, да ли можеби има грејс период, период на враќање (ако може на 50 години после првите 20, банката можеби и ќе заборави дека ми има одобрено кредит). Да овие информации се многу битни и треба да ги знаете.

Но она што треба да знаете е каква е финансиската состојба на Вашиот бизнис, пред да воопшто и излезете пред банкарскиот службеник за да аплицирате за кредитна линија.

Прво и основно – да ли работевте со добивка или со загуба во претходната деловна година. Доколку остваривте добивка ОК. Но доколку имавте загуба во минатите 2 или три години, не ни помислувајте да барате кредит.

 

Втора работа – задолженоста на Вашиот бизнис. Доколку сте презадолжени кредитните услови ќе бидат поригорозни, или пак банката ќе Ви го одбие кредитното барање. Како да знаете колку сте задолжени. Едноставно – учеството на вкупните обврски во вкупниот капитал на Вашиот бизнис. Доколку сте задолжени како нашите комшии преку 100% не ни помислувајте на кредит.

Трета работа – приходите на Вашиот бизнис. Не ни помислувајте на кредит од 10.000 евра доколку имате приход од на пример 5.000 евра! Поставете се на местото на банкарскиот службеник кој што ги одобрува кредитите. Како да му одобрите кредит од 10.000 евра на некој кој што заработува дупло помалку? Од каде ќе ги враќа кредитните рати? Значи доколку сакате да аплицирате за кредит од 10.000 евра морате да имате приход од околу 20.000 евра. Уште подобро е доколку имате тенденција на раст на приходите во минатите 2-3 години.

Четврта работа – средствата на Вашиот бизнис. Зошто? Првин да го објасниме терминот „средствата на Вашиот бизнис“. Секој бизнис мора да има пари за да работи и мора да има некој опрема со што ќе работи. На банката му е битен тој однос, бидејќи доколку имате повеќе кеш полесно, поточно посигурно ќе го враќате кредитот.

Петта работа – капиталот на Вашиот бизнис. Слично како и со приходите. Ако имате запишан капитал од 1.000 евра а барате кредит од 10.000 кредитното барање нема да Ви помине. Значи доколку имате кола која што е користите во Вашиот бизнис а не е запишана како имот на бизнисот запишете ја.

И за крај шеста работа – нето обртен фонд. Што е сега па ова? Нето обртен фонд ни покажува да ли сме способни да се задолжиме на краток период. Се добива така што од вкупните обртни средства ги одземеме краткорочните обврски. Она што ќе го добиеме е НОФ. Овој показател е битен како за сопствениците на бизнисите така и за деловните банки, што го кредитираат Вашиот бизнис. Или најкратко кажано - Што е крвта за човекот, тоа е и НОФ за бизнисите!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Финансирање Што треба да знаете пред него што аплицирате за кредит?