Банките во Македонија - креатори на дополнителна криза?!

Е-пошта Печати PDF

denar-kratok

„Јас ги мразам банките. Тие немаат никакво позитивно влијание врз никого совен врз самите себе си. Први се кога треба нештo да ви наплатат, а никаде ги нема кога работите ќе тргнат на лошо.“

Ерл Варен,
поранешен Федерален судија во САД

  Деновиве, доста актуелни се ссотојбите во банкарскиот сектор, односно во последните статистички податоци и анализи кои укажуваат дека и покрај кризата, банките во Македонија работаат доста профитабилно и рентабилно. Навидум тоа е состојба за поздравување, доколку не се ѕирне подлабоко во содржината на нивните профити.

  А сепараирањето на одделните показатели во нивната профитабилност ги дава следите резултати:

  • за првите 6 месеци, сите банки во Македонија инкасирале околу 200 милиони Евра - (добро...);
  • од тие 200 милиони, 163 милиони Евра отпаѓаат на камати, а 37,6 милиони на банкарски провизии и надоместоци (од што може да забележиме дека над 25% од ови приходи отпаѓаат на банкарски провизии и надосместоци, што во никој случај не претставува дополнителна вредност за корисниците, освен, се разбира, за самите банки);
  • во просек секој вработен во Македонија (450.000 регистрирани вработени) за 6 месеци на некоја од банките и оставил по 130 Евра само на име на камати, или една минимална македонска плата (а во наредните 6 месеци ќе остави уште толку!);
  • статистички, секој вработен должи по 3.000 Евра во некоја банка, односно едно домаќинство со 2-ца вработени должи околу 6.000 Евра - без камати, да се разбереме!;
  • од тука произлегува дека просечно, едно семејство во Македонија на банките им должи вкупно 6.000 Евра без камати, плус 230 Евра камати, или околу 43 Евра секој месец, а вкупно 86 до крајот на годината.; 

  На ваквите состојби, најчест одговор на банкарите во републиката е тој дека светот се наоѓа среде финансиска криза, а кризата ности и намалување на работењето и поскапување на производите и услугите. Или тоа дека банката, како и секој бизнис гледа најдобар (најбрз, најнеризичен) начин да си ги оплоди своите пари. Епа, и те како си ги оплодија парите! Во првата половина на 2012г. заработија околу 10 милиони евра повеќе отколку во 2011г.,која исто така беше можеби најтешката кризна година за македонското стопанство.

  - Добив пари од странство на девизна сметка. Требаше на сметка да ми ’легнат’ 50 УСД. Се фрапирав кога лицето од другата страна на шалтерот ми кажа дека можам да добијам само 38 долари, а остатокот било банкарска провизија. Па каде го има тоа, не знам која друга приватна фирма има ќар од 25% на една (електронска) услуга. - вели Аце Стојковски од Скопје.

  Постојат и други случаеви кога граѓаните се револтирани од дрскоста на банките во посегањето по парите спечалени на име на провизии и надоместоци, како на пример во случаевите кога, банките наплатуваат „пенали“ за сметка во банка кога салдото е нула, а вие сте требале да и „платите“ некоја провизија на банката, и тогаш, автоматски ви наплаќаат дополнителни 50 или 100 денари - затоа што сметката ви е на нула! Тое е еквивалент на ситуација во која, службеничка од банка ви доаѓа дома на врата и ве прашува колку пари имате во џебот? Ако кажете дека немате пари - „бум!“ - еве ви „казна“ од некој денар затоа што немате доволно пари во џебот. Како сте можеле воопшто да помислите да немате пари. Да, македонските банки ве казануваат финансиски, затоа што немате пари!

  Ваквите неосновани провизии, заедно со другите т.н. „банкарски паушали“  како: 10 денарска провизија за увид во сметка, 150 денари за дебитна картичка (која патем не е произволна, мора да ја поседувате), 100 денари за отворање на сметка во банка, 50 денари за црвени таксени марки (ви ги наплаќаат а не ги гледате, затоа што трансакциите се секако електронски), 20 денари провизија за водење на трансакциска сметка и сл. се повеќе ги полнат џебовите на банкарите, кои до крајот на годината на банките моѓат да им донесат плус 20 милиони нови Евра, наши пари. Односно пари за кои тие ни давале „банкарски услуги“.

  Немојте да се изненадите ако утре ви наплатат за тоа што стоите во ред пред шалтер, или ако прашате нешто дополнително.

  Но ако им е и тоа, нека си заработуваат. И тие треба да јадат нешто нели? Прашањето е колку од овие пари ги враќаат назад во стопанството или ги пласираат како кредит до граѓаните? Одговорот е: многу малку.

  „Кредити секогаш имало, и ќе има за оние бизниси кои имаат добри инвестициски проекти“ (Г.Бишев, 2011г.). Каде се таквите кредити? Имате слушнато некоја компанија да појде во било која комерцијана банка и да добие кредит само врз база на инвестициски проект? Нема шанси.

  Ако денес дојде лично Бил Гејтс од Microsoft, во некоја од македонските банки и предложи финансирање на некој проект од (да бидеме скромни) 200.000 Евра, со спремен бизнис-план, сигурно банката ќе му побара двајца жиранти (вработени во бонитетно претпријатие- читај државна институција) плус недвижен имот во урбанизирано градско подрачје како залог во вредност 1:3, односно куќа, стан, фабрика, проценета (од нивни проценители) на 600.000 Евра. За оставање на залог во вид на опрема, машини, или т.н. „неопипливи средства“ како трговска марка, бренд, патент или некоја друга интелектуална сопственост и да не разговараме. Молам Биј Гејтс, чесно и поштено - ако сакаш, ако не...

  Според нивните параметри, за да ти одобрат кредит, каде каматата ти е во најдобар случај околу 10% (ама навистина најдобар случај, каде финансикото портфолио на фирмата ти е беспрекорно), треба да бидеш Субата Рој, Марк Ѕукенберг или Ворен Бафет. Кој бизнис во Македонија, во време на криза, со каква и да е инвестиција може да направи дополнителен профит над 12% годишно? Значи, и да ја купите најновата производна технологија, и да освоите 2-3 нови пазари, и да имате супер квалитетен производ со одлична позиционионираност и конкурентност пред другите, практично е невозможно да остварите 12-13% поголем профит за само една година. Ако можете, во тој случај банките и не ви се многу-многу потребни.

  Затоа и многу од домашните компании кои имаат здрави финансики параметри избегнуваат да се задолжуваат дај домашните банки (Алкалоид, Витаминка, БиМилк, Пивара Скопје) и како алтернатива тропаат на вратите на странските и меѓународни кредитори.

  Еден ден, банките ќе останат без парите од тие кои денес им веруваат. Некои аналитичари велат дека и денешната светска економска криза е последица од алчноста на помоќната банкарска елита.

  Македноските банки засега упорно го тераат својот тренд на финансирање на државата и странските пазари, на сметка на домоашната економија. Но, нештата се менуваат, и тоа брзо. Којзнае, можеби за некое време и нашите банки ќе треба да побараат помош за спас како шпанските, ирските и италијанските. Дали некој ќе има слух за да им помогне, останува да видиме. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Финансирање Банките во Македонија - креатори на дополнителна криза?!