Маркетинг

И на интернет како во реален свет

Е-пошта Печати PDF

india-views-constant-increase-in-coffee-tea-usage.gifСедиме така релаксирано, секој со својот пијалак пред себе и ја консумираме нашата дневна доза на трач. Како што бива во „мешано“ друштво, секој оваа дружење го сваќа на свој начин. Другар ми Жиле обожава цитати, ги користи во секоја прилика. Катето не „отепа“ со рецепти. Секој рецепт е убав, но за жал никој освен неа, не знај ни јајце да свари, но сите ние ја сакаме. Бора сака да чита новини. Ајде што сака да ги чита, но доколку наглас не го прочита секој наслов, како да не ни читаше новини. А доколку не ги прокоментира вестите, ние би помислеле дека на човекот не му е арно. 

Во сред на оваа релаксирана и благо задимена атмосфера, вратата се отвораат и во кафулето влегува еден, барем за нас, непознат лик. И така од врата почнува да зборува. Се сè случи во еден миг, како дојде така и замина. Повеќе не го имам видено, барем јас не го имам видено. Мислам дека нешто рекламираше, но не знам што, не обрнав внимание.

Жиле да ми спомнеше за моторна пила, ќе го сослушав. Катето да ми зборуваше за некоја манџа и неа ќе ја сослушав, жената како што спомнав прави многу убави јадења и а убаво ги зборува рецептите. Дури и Бора, кој што наглас ги чита насловите, да ми спомнеше нешто во врска со тоа како некој уред работи на надморска висина од 3.200 метри и тоа би го сослушал. Но вака да се влези како ветер....Мислам нема смисла....

Тоа вие е исто како кога некој прави кампања на социјални мрежи. Ќе дојди, ќе речи што има да речи и ќе замини. Ниту го има пред тоа, ниту кој ќе го види после тоа.....Па пријателче, тоа така не се работи. За се постои и место и време. И начин.

Извор: pedya.rs, наслов на оригиналниот текст:Na netu, k'o i u realnom svetu

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Дизајнот како дополнителна вредност на една компанија

Е-пошта Печати PDF

productdesign_milk„Дизајнот претставува согледлива форма на интелегенција.“

Алина Вилер,
бренд-консултант

Дизајнот денес има широка и најразлична примена кај производите од различните индустрии и трговски сектори: од комплексни инструменти со посебна или ексклузивна примена  како што се на пример: машини, возила, направи за изработка на алати, компјутери, архитектонски структури и сл., па се до едноставни или секојдневни артикли како облека, чевли, накит, електрични апарати, играчки за деца и мебел.

Но, каква вредност има еден дизајн за одредена компанија? Всушност има повеќе вредносни аспекти, меѓу кои главните се:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

10-те принципи на добриот дизајн

Е-пошта Печати PDF
 Diter-Rams
„Добриот дизајн е како добра мајка - никој не ја приметува кога е тука, но веднаш ќе ви фали кога не е!“
Сантијаго Борај,
PermaLink

  Дитер Рамс повеќе од 30 години е главниот дизајнер на „Браун“, одговорен за иконските производи кои излегоа од оваа компанија. Токму тој е човекот во кој се крстат сите дизајнери на „Епл“, а сите феноменално скроени производи што „Епл“ ги вади во последните 10-на година се инспирирани токму од неговата работа. Според Рамс, единствено „Епл“ ги следи неговите 10 принципи на добриот дизајн.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како ме исфрлија од “Springfield” бидејќи сакав да сликам за Facebook

Е-пошта Печати PDF

ha_ha_get_out__by_wolf_shadow77-d3fujm9Пред некој ден, (вторник 11 септември) влегувам во реновираниот Меркатор и ја гледам најновата продавница на “Springfield”. Влегувам да видам што имаат и за дивно чудо пронајдов најдобар избор на облека, облека што немам видено ниту во една друга продавница – во новата колекција на “Springfield” феноменални кошули, фармерки и чевли. Во секунда испланирав што ќе пазарам.

Помислив дека не е лоша идеја да ја поставам оваа колекција на Facebook. Исто така помислив дека луѓето кои што ќе го прочитаат мојот пост ќе почнат да ме плукаат бидејќи ме платија да ја рекламирам продавницата, но не ми е гајле – овие работи ми се допаѓаат и сакам да ги споделам на мојот профил.

Покрај мене ја забележувам менаџерката на продавницата. Му се доближувам и срдечно ја прашувам:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 17 Септември 2012 07:45 ) Повеќе...
 

Маркетинг план за 5 минути!

Е-пошта Печати PDF

5-minutesМаркетинг планот е за голем број на компании во светот основен, камен темелник за секоја маркетинг стратегија. Кај нас баш не е таква состојба, но има позитивни примери по прашање на овој документ. Основната карактеристика на овој документ е дека тој мора да биде краток и јасно фокусиран.

Работата на создавање на овој документ не мора да биде долга. Едноставен начин на брзо создавање на овој документ е по пат на поставување на 7 основни прашања. Одговорите на овие прашања мораат да бидат кратки и фокусирани. Исто така што морате да направите е да верувате во вредноста на поставените прашања, бидејќи доколку не верувате во тоа што прашувате и самиот маркетинг план нема да има иста вредност, едноставно нема да донеси позитивни резултати.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 1 од 16

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8015
61.1865
USD
52.6418
52.118
GBP
67.7722
67.0979
CHF
54.7546
54.2097
SEK
6.4802
6.4157
NOK
6.6323
6.5663
JPY
0.4827
0.4779
DKK
8.3108
8.2281
CAD
41.5919
41.1781
AUD
41.6733
41.2586
Превземено на 21.08.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг