Маркетинг

ПР или маркетинг?

Е-пошта Печати PDF

pr-marketing-advertising-brandingЧесто пати луѓето, свесно или несвeсно ги мешаат одредени термини кои се поврзани со маркетинг. Па така реклама е исто што и маркетинг, адвертајзинг исто така, па дури ПР (односи со јавност) се поистоветува со маркетинг. Посебно кога е во прашање ПР. Бизнисмените си мислат дека ако имаат ПР имаат и маркетинг. Но да видиме кои се разликите помеѓу ПР и маркетинг.

Маркетингот е фокусиран кон самиот пазар – каде е конкуренцијата, каде се купувачите, што сакаат, кои се нивните желби, потреби, што читаат, што гледаат, како да им се понуди одреден производ.... и уште еден куп работи. Но сето тоа е во врска со самиот пазар. И адвертајзинг, како еден дел на маркетинг, исто така насочен кон пазарот. ПР комуницира со вкупното окружување на некој бизнис.  Пазарот е само еден дел на тоа окружение. Значи ПР и маркетинг се поклопуваат во само еден дел – комуникација со пазарот. Но кога станува збор за интернет, е тука работите се комплицираат.

Разликата помеѓу маркетингот и ПР во класичните медиуми е едноставна, очигледна – позади адвертајзингот секогаш постои „потпис„ (се знае кој се рекламира), додека позади ПР не постои „потпис„ (доколку е ПР активност направена како што треба да биди направена). Според оваа логика, на интернетот важат исти правила. Но не е секогаш така. За да го привлечеме вниманието на интернетот, треба да создадеме квалитетна содржина, а тоа многу личи на ПР активност.

И некогаш кога се упте не постоеше интернет, се креираја стручни текстови, се снимаја информативни видео емисији...само тогаш не се нарекуваше постирање на блогови, webcast … И тие текстови беа креирани од страна на ПР. Доаѓањето на интернет се промени начин на маркетинг комуникација, но не и самата суштина на комуникацијата. Но овие текстови се сега креирани од страна на маркетинг, а треба да ги креира ПР.

Извор: Pedya Milicevic's Blog

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 02 Април 2012 09:04 )
 

Боите и бренд

Е-пошта Печати PDF

colorsВие го развивате Вашиот бренд со употреба на одредени идентитети на брендот – лого, бои и дизајн. Кога го развивате идентитетот на брендот крос употреба на печатени флаери, адвертајзинг  или веб презентација, морате да ја разберете улогата на боите во продажниот процес. Постојат неколку едноставни правила за комбинирање на боите. Секоја боја има своја посебна психолошка порака и одредено влијание на психата.

Црвената боја стимулира на акција, агресивност и возбуда. Црвената боја е боја која истакнува, особено доколку се користи со други неутрални бои, но никако со бои како што се зелена, сина и пурпурна боја. Црвената боја може да се „смири„ со портокаловата и жолтата  боја.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Интегрирана маркетинг комуникација – пример на MINI MORRIS

Е-пошта Печати PDF

Видете јa кроз слики интегрираната маркетинг комуникација употребена за промовирање на најновиот модел на MINI MORRIS:

Integrisana_Marketing_Komunikacija_Mini_2

 

Integrisana_Marketing_Komunikacija_Mini_3

 

Integrisana_Marketing_Komunikacija_Mini_4

Integrisana_Marketing_Komunikacija_Mini_6

Integrisana_Marketing_Komunikacija_Mini_7

Integrisana_Marketing_Komunikacija_Mini_8

Integrisana_Marketing_Komunikacija_Mini_13

 

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 26 Март 2012 12:53 )
 

Допир на брендот

Е-пошта Печати PDF

An-touching-picsЕее тие добри стари времиња, кога можеше да со само една вреќа со пари да ја завршиш целата работа...Ќе направеше неколку добри спотови, неколку добри огласи, закупиш време/простор на неколку медиуми и – удри! И додека медиумите (не)наменски ги трошат твоите пари, ти си сведок на раѓање на твојот нов бренд...

Но, корисниците се смениа, комуникацијата е поинаква...И да имате вреќа со пари, тоа денес не е доволно. Сега, кога брендовите се градат низ повеќе насочена комуникација, каде сопственикот на брендот нема доминантна улога, битна е секоја точка на допирот со брендот.  Брендовите се градат како мозаик на корисничките искуства....

Успешните брендови се свесни за овој факт. „Точките на допир„ формираат „синџир„ на искуства, а самиот бренд е силен колку и најслабата точка на допир. Концептот на „допирните точки„ е битен за квалитетно и успешно управување со искуствата на корисниците.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 20 Март 2012 21:08 ) Повеќе...
 

Show me the money #2

Е-пошта Печати PDF

Каде застанавме минатиот пат...?

Е да, се сетив. Без разлика да ле се работи за социјални или не социјални мрежи, ако се во бизнис функција, тие се само канали за комуникација. А кога станува збор за бизнис, тука се јавува ROI. Овој акроним има само едно значење – а тоа не е “Return on Influence” ниту “Return on Interest„ туку “Return on Investment”. Значи ROI не го интересира бизнис потенцијалот, туку само бизнис перфоманса. It’s just business…

Значи од самиот почеток треба да знаеме што и како – што да се мери и како да се тоа измери. Каде е грешката?

Untitled

Грешката е, што застануваме на претпоследниот чекор на патот на финансискиот ефект. Кога се вклучуваме во комуникација со потрошувачите по пат на социјални медиуми, по интензивната интереакција со нив, прво се јавуваат нефинансиски ефекти на оваа активност – зголемени посети, зголемен кредибилитет, зголемено влијание...Овие ефекти се битни и се потребни, но не се цел на сите овие активности. Целта на овие активности се финансиските ефекти на кампањата, а тие се последица на нефинансиските ефекти. Треба само директно да ги поврзиме.

На оваа цел треба да работиме од самиот почеток на кампањата. Треба да водиме сметка за тоа која е нова „социјална„ активност вклучена во кампањата и каков е ефектот на истата врз продажбата, приходите, купувачите...итн. Кога ќе ги забележиме ефектите на овие активности, поточно на кои параметри имаат влијание а на кои не, тогаш социјалните мрежи стануваат равноправен член на маркетинг комуницирање.

Е тогаш ќе имате основи за поносно чекорење и за добивање на честитки и пофалби на добро направена кампања.

Извор: Show me the money! - 2 deo

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 16 Март 2012 10:12 )
 
Страница 5 од 16

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг