Маркетинг

Дали е и Господ бренд?

Е-пошта Печати PDF

michelangelo-creation-of-manПред некое време гледав една постара презентација на Сет Годин во врска со пурпурната крава и за некои други работи, кога еден кадар ми привлече внимание – на 02:10 од снимката, се појавува папа кои ни порачува: „Ideas that spread win„. Папата беше само еден од ликови кои што ја илустрираа самата идеја на Сет Годин, но мене баш оваа сцена ми западна за око. И тогаш разбрав – колку е моќен маркетингот! А црквата го користи на многу ефикасен начин и то не во последните 50 години веќе скоро 2.000 години! Црквата не промовира некој посебен производ или некоја посебна услуга веќе промовира ИДЕЈА! И таа идеја не е предмет на дискусија, таа идеја е непроменлива, не се прилагодува на некои нови трендови или на некои нови технологии - сон на секој маркетинг!

Колку е вешта комуникацијата која веќе со стотини години комуницира со стотини милиони луѓе а се со цел да се „продаде„ една идеја? Да поверуваат во нешто што не го виделе и што најверојатно нема никогаш ни да видат и да веруваат во тоа нешто со илјада и илјада години?

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 12 Март 2012 10:34 ) Повеќе...
 

Бизнис лекција:Мало кафе, голема разлика

Е-пошта Печати PDF

Бизнис лекција:Мало кафе, голема разлика„Кафето и љубовта се најдобри кога се жешки„

Германска поговорка

Ова е приказна за едно мало кафуле и за неговиот сопственик. Тој е секогаш облечен во џемпер и секогаш со насмевка на неговото лице. Пред него што го отвори кафулето, работеше се и сешто, беше на високи позиции, го помина пеколот на претприемништвото, работеше во државна институција, во голема корпорација..Полн е со интересни и неверојатни приказни, а ги зборува на таков начин да ако дојдовте на 5 минутно кафе ќе останете неколку часови. Него, да зборнам нешто и за тоа чувено кафе...

Кој знае колку Белград има кафулиња, колку различни шанкови, колку апарати за правење на espresso, колку дневно хектолитри на кафе ќе се испие,...итн. Она што е заедничко за сите овие кафулиња е дека кафето што е приготвено во истите е многу лошо приготвено, на брзина, не се почитуваат нормативите, апаратот не се чисти, не со користат квалитетни суровини....Овие да кажеме нормални работи, едноставно не се прават. Мислат дека луѓето нема да ја забележат разликата, дека им е сеедно какво кафе ќе испијат. Она што е најлошо во сета ова, е дека се во право! Поголем број на луѓето што го пијат кафето во овие кафулиња не ја забележуваат разликата. Но постојат и оние луѓе кои што ја забележуваат разликата. И кои со време ќе направат селекција.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Брендот е константа!

Е-пошта Печати PDF

Car-Brands1Неколку пати зборувавме за односот помеѓу брендот и производот, што стои на полица, а што стои во свеста на потрошувачот. Овој однос не е секогаш ист – понекогаш оддалеченоста помеѓу брендот и производот (и карактеристиките на производот) е голема, а некогаш е помала. На пример газираните пијалаци и козметиката продаваат чиста емоција. Ниту еден од овие брендови не инсистира на тоа кои се карактеристиките на овие производи, веќе инсистираат на визија за подобар и поквалитетен живот. Со купување на козметички производи, ние всушност купуваме надеж, а со купување на сокови ние купуваме животен стил. Брендовите даваат ветувања кои се надвор од основната функција на овие производи...

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Перцепцијата е реалност!

Е-пошта Печати PDF

Carlsberg_Commercial_3Производите се креираат во производните хали, а брендовите во свеста на самиот купувач. Многу е битно како купувачот го доживува самиот производ/услуга/компанијата. На пазарот не војуваат производи, брендови, компании, туку војуваат перцепциите. Перцепцијата е реалност!

Карактеристиките на производите/услугите не се толку битни. И самите потрошувачи не ги познаваат карактеристиките на производите, бидејќи купувачите купуваат брендови. Не ми верувате? Еве еден мал експеримент....

Замислете ја пустината во Невада. Сонцето пржи на сите страни. Значи една едноставно многу жешка и пуста пустина, без никакви знаци на флора и фауна...Замислете сега дека се наоѓате во таа пустина. Едвај стоите на Вашите нозе, чекорите со часови, а се со надеж да излезете од овој пекол. Но Вие кај себе имате 7 златници, но ниту една капка на вода. Душата Ви гори за малку вода. Наеднаш пред Вас излегува еден човек, кој што е како пресликан од филмот “Mad Max”. Ви поставува едноставно прашање:„Да ли си жеден?„ „О дааа, даа!!!„ „Имаш среќа пријателче.....јас продавам  пијалаци. Што сакаш да се напиеш?„

„Било што, дај само да се напијам нешто!„

„Да ли сакаш малку фосфорна киселина?„

„Или можеби повеќе сакаш натриум цикламат?„

„Или можеби повеќе сакаш натриум бензоат?„

Тоа е веќе премногу за Вашиот организам. Додека свеста полека Ви се губи, вие се прашувате:„Зарем на ваков глуп начин да умрам, а пред мене се наоѓа човек кои што ми нуди разни киселини...а можам да пазарам...„

Но понудата беше одлична, но чудниот човек Ви зборуваше за карактеристиките на самите производи, наместо да ви понуди брендови:

 - Coca Cola

 - Coca Cola Zero

 - Fanta exotic

 - Fanta orange

 - Sprite

 - Pepsi Max

Сите ја читаат онаа страна на етикетата кеде што стои името на брендот. Другата страна каде што се карактеристиките на производот никој не ја  чита....освен ако пости!

Автор на текстот: Предраг Миличевиќ

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Фотошоп како суштина на маркетингот

Е-пошта Печати PDF

МаркетинВо нашиот народ постои едно чудно верување дека кој што има оглас има и маркетинг.

Постои едно уште почудно верување да кој што има оглас (па според тоа и маркетинг) знае и умее да работи во маркетинг. Добро можеби не секој, но секој кој што знае да црта во Корел или во Фотошоп. Значи го вклучуваш компјутерот, ќе ја покренеш програмата и после се само од себе  си се прави – се дефинираат пораките, се осмислуваат насловите, се осмислуваат текстовите, се избираат боите, фонтовите, илустрациите...За изборот на медиумите да не зборуваме.

Нашиот регион е како создаден за аматери и за импровизации, бидејќи постојат луѓе кои што се подготвени да на овие аматери, им дадат да работат на нивните проекти, каде што тие можат “in vivo” да вежбаат нешто што не знаат, но сакаат тоа да го работат. Единствениот услов е да бидат евтини. Да се разбереме – евтино е она што малку го плаќате, но од друга страна, тоа што ќе го добиете вреди помалку, а поволно е она што вреди повеќе но плативте помалку. 

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 6 од 16

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг