Маркетинг

15 највредни брендови на светот!

Е-пошта Печати PDF

Сигурно се имате запрашано кои се најдобрите, поточно кои се највредните светски брендови. Исто така сите они кои што имаат бизнис сонуваат да станат највредни брендови.

На прво место е Coca Cola (очекувано?). Брендот Coca Cola вреди околу 70 милијарди $. На второто место е IBM кои што вреди 64 милијарди $......Само заради споредбата, GDP на Македонија во 2010 година изнесуваше 9.1895 милијарди $. Просто кажано цела Македонија треба да работи 7.6 години за да го купи брендот Coca Cola!

Но еве ја листата и погледнете кои се највредните светски брендови!

15 највредни брендови на светот!

Извор: MCB blog

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 22 Февруари 2012 15:42 )
 

Сите маркетари се лажговци!

Е-пошта Печати PDF

Пред  него што ме нападните, да навредувате и слично...погледајте ја долната слика. Ова е наслов на мојата омилена книга “All Marketers Are Liars”

 All Marketers Are Liars

Она што сакам, е да со Вас споделам мој избор од 10 добри книги кои што треба да ги прочитате, доколку сакате да ја „наострите„ Вашата маркетинг стратегија. Сите книги кои што ќе Ви ги претставам се на англиски. Тоа е и проблем и предизвик. Сето оваа време работев во странски компании, размислував на англиски, зборував на англиски, читав  книги на англиски....Но како што реков – тоа е проблем за оние кои што не знаат англиски а кои сакаат да се занимаваат со маркетинг. Од друга страна тоа е и предизвик, бидејќи маркетингот тешко можеме да го научиме без познавање на англиски јазик.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како да креираме дигитален бренд?

Е-пошта Печати PDF

Дигитален брендДигиталните медиуми го променија начинот на купување. Денес купувачите го користат Google и другите интернет пребарувачи за да пронајдат корисни информации за одреден производ. Тие комуницираат со својата фамилија и со своите пријатели по пат на социјалните мрежи (Facebook, Twitter, Google+). Тие дури ги контактираат непознати лица, ги пребаруваат мислењата на истите, ги анализираат искуствата на користење на одредени производи, а се со цел да ја задоволат својата потреба за рационална и објективна информација. На таков начин тие откриваат нови брендови за кои што никогаш порано не слушнале или не знаеле многу за нив.

Што се смени?

Информациите што купувачите ги добиваат по пат на интернет пребарување се порелевантни од самата реклама. Поради ова, денеска не е доволно само интензивно рекламирање на брендот. Она што е потребно е да „гласот„ на самиот бренд има пријателски тон и да има поголема доверба за да ги пренеси оние информации кои што се битни и корисни. Денес брендот е она што пријателите и социјалните мрежи мислат за него.  Денес “Share of Voice” на брендот не зависи повеќе само од бројот на GRP, веќе зависи од бројот на препораки или од “Word of Mouth”. Значи вредноста на брендот не зависи толку од традиционалните медиуми, колку од социјалните медиуми. Социјалната мрежа, составена од нашата фамилија, пријатели, колеги...има влијание на формирање на вредноста на брендот од околу 66%. Значи скоро 2/3 од вкупното влијание на вредноста на брендот имаат другите потрошувачи! Ова е голем проблем на традиционалниот маркетинг.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Ефикасен маркетинг

Е-пошта Печати PDF

ефикасен маркетинг„Знам дека пола од сите пари што ги давам за огласување се фрлени пари. Но проблемот е што јас не знам која половина од тие пари се фрлени!„

Хенри Форд

 

За жал изгледа дека збунетоста на Форд и ден денес е актуелна, значи цели 100 години!

Пред неколку денови најдов едно истражување и разбрав дека во минатите 100 години кога се работи за маркетинг, ништо не е сменето или се сè врти во круг. И понатаму се водат дебати за ефикасност на маркетингот како и за вредноста што е создадена од страна на маркетинг активностите.

Како што реков најдов едно истражување направено од страна на FournaiseTrack. Истражувањето покажа дека 73% од анкетираните генерални директори сметаат дека маркетинг менаџерите немаат никаков деловен кредибилитет, бидејќи овие менаџери не успеваат да го материјализираат успехот на компаниите каде што работат.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Маркетинг во бурни времиња

Е-пошта Печати PDF

Маркетинг во бурни времињаЗа време на минатите Новогодишни празници го имам гледано Џони Деп во неговата улога во Пиратите од Карибите. Немирно море, многу акција, полно гусари и што уште не. И сето ова ме потсети на една приказна поврзана со маркетинг.

Пазарот навистина наликува на море, а самите компании на бродови, некој помали, некој поголеми. Постои капетан, постои кормилар, постојат морнари, а тука е и оној кој што седи на врвот на катарка, седи во својата корпичка и нон стоп ја осмотрува состојбата околу бродот.

Некогаш иди како што планиравме, се по план. Ветерот е идеален, дува во вистинската насока, насока која што ја посакуваме, небото е ведро, морето е мирно, идила. Бродот се движи како што сакаме, капетанот задоволен, морнарите задоволни ја работат својата работа – некои од нив го чистат бродот, другите ги врзуваат  јазлите...А оној кој што седи на врвот на катарката и понатаму седи во својата корпичка и понатаму ја набљудува состојбата на морето. За секој случај.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Сабота, 28 Јануари 2012 10:50 ) Повеќе...
 
Страница 7 од 16

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг