Маркетинг

Социјалните мрежи и маркетинг

Е-пошта Печати PDF

socialnetworks

"Социјалните медиуми се повеќе поврзани со социологија и психологија, одколку со технологија„

 

Брајан Солис

Социјалните мрежи се еден нов свет на комуницирање. Некој тоа го сфати на време, некој малку подоцна, но некој се уште нема сфатено. Голем број на компании се уште се обидуваат работите да ги држат под контрола, но се уште не го разбираат времето во коe што живееме.

Традиционалното рекламирање е веќе минато време. Пред едно 20 години, маркетиншката комуникација беше еднонасочна улица. Компаниите произведуваа оно за што мислеа дека ќе го продадат, а потоа трошеа големи количества на пари за да го испромовираат тој производ. И ова функционираше, бидејќи ова беше единствениот начин на информирање на луѓето. Луѓето беа импресионирани oд модерните реклами, интересни слогани и со интересно дизајнирани плакати и билборди. Но не постоеше повратна информација.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 30 Ноември 2011 09:20 ) Повеќе...
 

Кој си сега па ти?

Е-пошта Печати PDF

mcgrawШто ќе ни е маркетинг кога ја имаме продажбата? Продажбата ни носи пари, додека маркетингот ги троши. Тука се е јасно. Кога имаме се помалку пари, ги намалуваме трошоците – значи маркетинг, додека ја зајакнуваме продажбата. Чиста логика.

Древната мудрост ни вели: Денес, викни 10 потенцијални купувачи, ќе договориш по еден состанок, а од 10 состаноци ќе направиш барем една продажба. Чиста математика, статистика. Кога треба да ја зајакнеш продажбата, само ќе го зголемиш бројот на повици а врз основ на тоа ќе зголемиш број на продажби. Проста логика на квантитет.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 28 Ноември 2011 09:19 ) Повеќе...
 

Реклама

Е-пошта Печати PDF

reklama"Добрата реклама е онаа реклама, која што го продава производот, без да привлекува големо влијание"

Дејвид Огилви (David Ogilvy), Британски стручњак за рекламирање, се нарекува и како „таткото на рекламирање„

Обично кога зборуваме за маркетинг и за техники за промоција, прво што ќе ни падни на памет е реклама. Обично и самиот поим реклама се идентификува со терминот маркетинг. Но всушност како што и во минатите натписи зборувавме реклама е само еден дел на маркетинг.  Значи да видиме што е тоа реклама. Реклама е порака која е пренесуваме по пат на комуницирање со поширока или пак со одредена – таргетирана група на потрошувачи. Целта на оваа комуникација е да се развие тенденција на купување на тие рекламирани производи/услуги. Карактеристиката на рекламата е да истата мораме да е платиме и да како таква влегува во трошоци на промовирање. Постојат различити теории/пристапи на реклама и можеме да ги поделиме на: јаки и слаби. Првиот пристап има за цел да ги привлечи потрошувачите да купуваат баш тие производи, додека другиот пристап е по суптилен и повеќе е ориентиран на потсетувањето да треба да ги купуваме тие производи.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

5 маркетинг трендови за 2012 година

Е-пошта Печати PDF

likeonomicsДоколку сте веќе во процес на правење на бизнис план за 2012 година, сигурно размислувавте и за тоа кои маркетинг стратегии ќе ги искористите за да ги освоите Вашите купувачи. Во наредниот текст ќе Ви прикажеме 5 маркетинг трендови кои ќе имаат големо влијание на успех или неуспех на Вашите маркетинг напори во 2012 година.

  • „Лајкување„ или “Likeonomics”

Ние живееме во ера на дигитално комуницирање, социјални мрежи, индивидуални мислења..итн. Секој купувач може да стани критичар и секој купувач има моќ да го изнеси своето мислење - јасно и гласно. Сите мислења и коментари поставени на интернет имаат влијание на однесувањето на потрошувачите. Сите овие мислења и коментари стануваат на одреден начин „социјален капитал„ кои има влијание на зголемување или намалување на вредноста на брендовите кои се градени со години. Само уверливи брендови инспирираат позитивна реакција и создава искуства која се споделуваат со другите.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Која е разликата помеѓу “Diet Coke” и “Coca Cola Zero” ?

Е-пошта Печати PDF

coke-zero„Кога сакаш да се освежш, ти земи го она најдобро, секој знае Кока - Кола е тоа!„

Дијалог од филмот: „Лепа села, лепо горе„

Денес, 60% од вкупната продажба на „The Coca Cola Company„ доаѓа од продажбата на „Coca Cola„ и нејзината диетална верзија „Diet Coke„. Во 2001 година „The Coca Cola Company„ направи едно истражување, кое покажа да мажите кои се во 20 години имаат дилема – како да ја состават својата љубов кон „Coca Cola„ со својата желба да го намалат внесот на шеќерот во својот организам. Истражувањето покажа да мажите сметат дека „Diet Coke„ претставува изразито женски бренд. Тоа му овозможи на компанијата да воведе нов диетален производ – “Coca Cola Zero„. Самиот развој на овој производ траеше 4 години. Прв пат беше лансиран во 2005 година, прво во С.А.Д., Канада и во Австралија. Покасно беше пуштен во продажба во Велика Британија. Самата кампања во Велика Британија беше интересна бидејќи се избегна процесот на канибализација на конкурентските производи од истата компанија „Diet Coke”.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 9 од 16

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг