Маркетинг

Која е твојата бранова должина...?

Е-пошта Печати PDF

comunicacion2„Добрата комуникација е стимулативна како едно добро приготвено црно кафе, не ми дава да спијам„

Ана Моров Линдберг, авијатичар и списател 

Се е во комуникација. Таа е константна, никогаш не запира, не можете да одредите кога ќе застани, ниту пак ни кога ќе започни. Се што е кажано, направено или не е направено, се е комуникација. Ако видам некој пријател на улица и преминам на друга страна, да ли е и тоа комуникација? Нормално, му праќам јасен сигнал дека не сакам да го видам. Ние не комуницираме само со зборови, веќе и со нашата гестикулација, покрети, постапки, па дури и со погледи (поглед од малиот мозок ). Ние константно праќаме и примаме сигнали, ги кодираме и ја креираме нашата мапа на светот. Што подобро комуницираме, тоа е и нашата социјалната мрежа поголема, подобро не разбираат, полесно ги реализираме нашите идеи, со други зборови ние сме поуспешни. Но што е тоа што не чини успешни во процесот на комуникација?

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 11 Ноември 2011 14:27 ) Повеќе...
 

Правосмукалка, цвеќиња и маркетинг лекции

Е-пошта Печати PDF

____Ја исчистив едната соба, па втората, па третата, па ходникот, па кујната, трпезаријата, купатилото...абе цел стан го исчистив. Мојата жена го сака цвеќето, па суви гранчиња и суви лисја на секаде. А имаме и заморчиња, кои своите „продукти„ со се струганиците, ги расфрлуваат по дневната соба. Сето ова треба да се види, открие, да се крени двоседот а богами и треседот,  да се завлечи зад радијатори, маса..Некои стари теписи оставаат влакна како да имам кучиња дома.

Но, некако ја завршив работата. Се изморив, но во исто време сум среќен бидејќи ефикасно ја завршив работата и одвај чекам жената ми да се врати дома да и се пофалам. Се слуша како го става клучот во вратата, мил глас, весел поглед, (моментот на вистината се доближува) „Оооо па ти имаш чистено денес...„ (хехехе, си мислам) , „А и тука имаш чистено!„ изјави кога се доближи до пенџерињата каде се поставени сите они цвеќиња (хехехе, растам како квасец). „Еј, па тука немаш ништо чистено?„ Каде не исчистив?!?!?! „Па тука околу цвеќињата..„ Да, навистина, сите оние соби и други простории ги исчистив но не и околу цвеќињата. Изумив...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 07 Ноември 2011 09:31 ) Повеќе...
 

„Зелено„ ориентирана маркетинг стратегија

Е-пошта Печати PDF

green-marketing-labels„Кога ја лекуваме природата, ја лекуваме нашата душа„

Дејвид Ор, професор за животната средина 

Ова не значи дека вашата маркетинг стратегија е недозреана или дека има одредени мани. Под зелен маркетинг подразбираме користење на оние мерки кои нашиот бизнис го прават општествено одговорен бизнис, еколошки и енергетски прифатлив. Го рециклирате вашиот отпад? Одлично! Користите енергетски штедливи светилки наместо класични светилки? Уште подобро! Користите соларни панели за топла вода или за производство на струја или пак мини ветерница? Феноменално!

Но не е се така едноставно како што ви можеби изгледа. Ќе ви прикажеме 5 чекори како да го употребите „зелениот„ маркетинг, за да го унапредите вашиот бизнис и нормално што помалку да ја загадувате човековата околина.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 03 Ноември 2011 10:29 ) Повеќе...
 

Музиката, боите и мирисите кои освојуваат

Е-пошта Печати PDF

PMS_Color_"Маркетинг е само цивилизиран вид на воени делувања, каде битките се  добиваат со зборови, идеи и со дисциплинирано размислување"

W. A. Emery

Дојдовте порано на некој состанок, но чекањето никогаш не е угодно, но следната случка ве изненадува....Се наоѓате во светла просторија, која е исполнете со угодни мириси.....Големите прозорци на ѕидовите ги пропушта угодните зраци на сонцето. Седите во конформна столица, читате омилен магазин, го пиете кафето со млеко и на крај љубезна секретарка ве известува дека директорот е слободен да ве прими на состанок. Какви импресии ќе добиете за оваа претпријатие?

Чувствата се многу битни, бидејќи оставаат неизбришлива трага во нашето сеќавање. Пријатна музика, нежен допир на мека ткаенина, асоцијација на некој стар мирис или пријатна боја, имаат влијание на однесување на секое лице.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 21 Октомври 2011 08:30 ) Повеќе...
 

Животниот циклус на производот

Е-пошта Печати PDF

20080716-evolution

„Животот е пријатен. Смртта е мирна. Транзицијата е проблематична.„

Исак Асимов, Списател

Секој производ има свој животен циклус. Тука треба да направиме разлика помеѓу животниот циклус и животниот век на производот. Имено животниот век на производот претставува временски период кога производот излези од производниот погон и се завршува кога ќе се консумира/потроши. Животниот циклус на производот пак претставува временски период од самата развојната идеја за производот па се до неговото повлекување на производот од самиот пазар. Познавањето на самиот животен циклус на производот е од витален значај, бидејќи самите стратегии за развој на некој производ, зависи од тоа во која фаза на животниот циклус се наоѓа конкретниот производ.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 19 Октомври 2011 09:21 ) Повеќе...
 
Страница 10 од 16

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг