Маркетинг

10 највлијателни рекламни пораки

Е-пошта Печати PDF

Wolverine_got_milk_ad_largeTagline Guru објави листа на највлијателни рекламни пораки. Оваа листа е направена врз основ на анкета во која учествуваа над 100 професионалци од областа на маркетинг, огласување и брендинг. Ви ги претставуваме првите десет пораки, додека другите можете да ги погледнете на следниот линк:

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Зад секој феноменален бренд, стои феноменална приказна

Е-пошта Печати PDF

quote_on-brand-meaning_jeff-bezosДоколку денес зборуваме за квалитетен маркетинг, тогаш не зборуваме за одреден производ кои што сакаме да го понудиме. Денес, добриот маркетинг е во всушност добра приказна. Па како да направиме квалитетна приказна?

Не постои рецепт или упатство за тоа како да создадеме квалитетна приказна. Поточно кажано не можеме да кажеме дека за да приготвиме добра приказна, ни е потребно толку и толку лажици на брашно, толку и толку лажици на масло, толку и толку млеко...Но она што секоја приказна треба да содржи, е како што би рекле нашите комшии од Србија, приказната треба да има „добру жваку„. Но покрај овој битен, основен елемент, секоја успешна приказна треба да ги содржи следните елементи:

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

ПОВЕЌЕ ОД ПАКУВАЊЕ

Е-пошта Печати PDF

 

Вистинскиот предизвик е некој производ да биде препознаен во мноштвото.“

Денес, во просечен супермаркет може да се избере помеѓу 40.000-50.000 пакувања. Од друга страна доколку се анализира психолошкиот момент при процесот на купување, најголемиот процент од купувачите, одлуката за избор ја прават во моментот на купување. НО, и тука ситуацијата не е така едноставна. Се наоѓате пред рафтови на кои има повеќе од 50 најразлични производители кои го нудат истиот производ. Сите со проверен квалитет. Одлуката е на ВАС!!!

Што е тоа што доведува до продажба. Секако АМБАЛАЖАТА. Најразлични истражувања, доведуваат до констатација дека амбалажата има нешто помалку од 3 секунди да го привлече вниманието на купувачот во моментот кога истиот е пред рафтовите. Се поставува прашањето: Што организациите прават во врска со тоа?

Еве, еден пример. „Kohberg“, најголемиот производител на леб во Данска е горд спонзор на Данското здружение за рак, т.е. е спонзор на годишниот настан за борба против ракот на дојката. Имено компанијата донира дел од приходите генерирани од продажбата на нивните ‘ржани лебови „бухти“ (Rugbrødsboller).

Идеата на Kohberg беше да се излезе со пакување за ‘ржан леб бухти, со цел да се зголеми свеста и продажбата. Идеата беше лебот кој е налик на гради да се стави во градник. На тој начин, се доби амбалажата која е дадена на сликата претходно.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Виолетова крава во вашиот излог!

Е-пошта Печати PDF

purplcowСе надевам дека и самиот наслов ќе биде „Виолетова крава“ за да те поттикне да прочиташ понатаму. Како тоа? Мислам на нешто впечатливо, нешто неодминливо, нешто поинакво од другите. За да се случи тоа во светот на продажбата, односно да му се случи на твојот производ, треба тој да се разликува од другите. И тогаш не ти треба маркетинг. Како да го направиш тоа доколку производот веќе постои? Веќе е доцна за било каков нов или уникатен дизајн, кампања која се воведува месеци однапред, или пак, во краен случај, производот е толку генерички што не може ни којзнае колку да се маркетира.

Читајќи ја „Виолетова крава“ од Сет Годин, застанав за момент да размислам како се однесувам јас како потрошувач. Тогаш се сетив на некои необични ситуации, при кои имам купено многу обични и секојдневни работи од многу необични места. На пример, имам купено лак за нокти од менувачница, како и прекрасни обетки од Саемот за книга. Што бара лак за нокти во менувачница? Ете тоа е виолетовата крава која се шета заедно со остатокот црно-бели. Кога ми здосади од цел ден гледање книги, а тоа главно беа популарни бестселери, на секоја тезга истите, ги здогледав блескави, обетките кои едноставно морав да ги имам!

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Eра на разгалени потрошувачи: нема назад!

Е-пошта Печати PDF

convenient200gConvenience – не знам како со еден збор да го преведам зборов на македонски, но на англиски значи многу – значи твојот производ да им биде на дофат на твоите потрошувачи секогаш и секаде, да не мора да се мачат за да го најдат или добијат, да не мора да патуваат, возат или пребаруваат за истиот. Доколку се работи за услуга, процесот на добивање на истата да биде брз, лесен, разбирлив, да нема чекање, да не ги чини многу време и пари и слично. На македонски би било „да им биде згодно“  .

За да постигнат компетитивна предност на пазарот, со помош на новите технологии, пионерите во своите области ги направија сите работи да бидат по-convenient или по“згодни“ за потрошувачите, затоа што знаеја дека за тоа можат да извлечат и „премиум“ цена. Е, дојде време кога потрошувачите (клиентите) се навикнаа на тоа, се навикнаа секогаш и секаде да добиваат брза услуга, да добиваат многу информации и да ги разбираат доста работите со кои се соочуваат при користењето на производот и услугата. Што значи дека сакаш-неќеш, мораш да ги следиш пионерите во тој тренд.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 12 Јули 2012 08:27 ) Повеќе...
 
Страница 2 од 16

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг