Животниот циклус на производот

Е-пошта Печати PDF

20080716-evolution

„Животот е пријатен. Смртта е мирна. Транзицијата е проблематична.„

Исак Асимов, Списател

Секој производ има свој животен циклус. Тука треба да направиме разлика помеѓу животниот циклус и животниот век на производот. Имено животниот век на производот претставува временски период кога производот излези од производниот погон и се завршува кога ќе се консумира/потроши. Животниот циклус на производот пак претставува временски период од самата развојната идеја за производот па се до неговото повлекување на производот од самиот пазар. Познавањето на самиот животен циклус на производот е од витален значај, бидејќи самите стратегии за развој на некој производ, зависи од тоа во која фаза на животниот циклус се наоѓа конкретниот производ.

Основните животните фази, низ кои што минува секој производ се:

  1. Воведување
  2. Раст на продажба
  3. Заситување
  4. Старост

Но покрај овие 4 основни животни фази, постојат и други подфази, кои се наоѓаат во рамките во овие 4 основни фази. Временскиот период на секоја ова фаза се разликуваат, па така животниот циклус на некој производ може да трае и преку 10 години, како на пример Кока Кола, додека некои производи имаат пократок животен циклус.

Обично, производите кои поттикнуваат од прехранбената индустрија имаат поголем животен циклус, додека производите од областа на техника и технологија имаат пократок животен циклус.

Па да ја објасниме секоја фаза

  • Фаза на воведување на нов производ

Ова фаза претставува фаза на „лансирање„ на нов производ. Новиот производ кои што го пласираме на пазарот, обично бива прифатен од страна на ограничен круг на клиенти. Воведување на производот на пазар иди постапно и неговата главна карактеристика е бавен раст на побарувачката, ниска добивка како и високи маркетинг трошоци (дистрибуција, промоција,..итн.) . За новиот производ се заинтересирани дистрибутери како и конкуренцијата.

  • Фаза на раст

Во ова фаза, побарувачката за новиот производ постепено расти, а со само тоа и продажбата и производството. Ова е ефект на промоцијата и другите маркетинг активности. Доколку е производ успешна иновација тогаш имаме и добивка. Со зголемување на производството ги намалуваме и трошоците по единица на производ, а со самото тоа и до намалување на цената на чинење на производот. За да фазата на раст биди што подолга, маркетингот мора да го нагласи на самиот квалитет на производот, точност на испорака, креирање на добри односи со купувачите. Ова фаза можи да трае од неколку месеци па до неколку години.

  • Фаза на зрелост

Во оваа фаза, обемот на продажбата го достигна својот максимум, а растот на самата продажба е побавен или стагнира. Но доколку бизнисите внесат некој порадикални промени во самиот производ, може да дојде до поголема продажба и поголем обем на производство. Самата стагнација на производот донесува помала продажба, помал обем на производство, раст на трошоците по единица на производ па и до загуба.  Често бизнисите имаат веќе припремено нови производи што се спремни да ги заменат старите производи.

  • Фаза на опаѓање

Во ова фаза, на пазарот веќе постојат нови производи кои почнуваат да ги „загрозуваат„ постоечки производи. Оваа фаза трае се додека производот не се елиминира од пазарот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 19 Октомври 2011 09:21 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.9922
61.3754
USD
44.7921
44.3464
GBP
75.2424
74.4937
CHF
50.9427
50.4358
SEK
6.8183
6.7505
NOK
7.5233
7.4485
JPY
43.7953
43.3595
DKK
8.3028
8.2202
CAD
40.7844
40.3785
AUD
41.9206
41.5035
Превземено на 17.04.2014

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг Животниот циклус на производот