Како ме исфрлија од “Springfield” бидејќи сакав да сликам за Facebook

Е-пошта Печати PDF

ha_ha_get_out__by_wolf_shadow77-d3fujm9Пред некој ден, (вторник 11 септември) влегувам во реновираниот Меркатор и ја гледам најновата продавница на “Springfield”. Влегувам да видам што имаат и за дивно чудо пронајдов најдобар избор на облека, облека што немам видено ниту во една друга продавница – во новата колекција на “Springfield” феноменални кошули, фармерки и чевли. Во секунда испланирав што ќе пазарам.

Помислив дека не е лоша идеја да ја поставам оваа колекција на Facebook. Исто така помислив дека луѓето кои што ќе го прочитаат мојот пост ќе почнат да ме плукаат бидејќи ме платија да ја рекламирам продавницата, но не ми е гајле – овие работи ми се допаѓаат и сакам да ги споделам на мојот профил.

Покрај мене ја забележувам менаџерката на продавницата. Му се доближувам и срдечно ја прашувам:

-Оваа колекција Ви е феноменална, ќе поставам слика на Facebook за да и покажам на моите пријатели. Заслуживте, бидејќи имате преубава облека.

-Ни случајно! Нема сликање во продавница!

Јас шокиран

-Се извинувам... Не знам да ли добро ме имате разбрано!? Сакам да Ви ја рекламирам продавницата. Да Ви донесам нови муштерии....

-Да ли Ви мене ме слушате? Нема сликање во продавница!

Почнувам да се смеам

-Вие веројатно не ме познавате (ни не очекувам да ме познава), но за Ваша информација, јас ги одбивам и поголеми брендови кои што ми нудат и до 1000 евра, па и повеќе, за да направам она што сега сакав да направам за Вашата продавница и тоа бесплатно?????

-Ма не ме интересира! Нас не ни треба Facebook! Да ни е потребен ние ќе бевме на Facebook. До видување! До-ви-ду-ва-ње!

Оваа „до видување„  го разбрав како „напуштете го објектот„, што го и направив.

Епилог

Што се случи? Знам дека сите тие имаат правило дека не е дозволено сликање во продавница бидејќи „конкуренцијата ќе им го укради начинот на аранжирање„. И разбирам дека менаџерката  доби директива да забранува сликање во продавница, но сето тоа можеше да го направи на многу подобар начин.

Во секој случај Ве прашувам – не ли е ова правило депласирано и контрапродуктивно во 2012 година, во време на доминацијата на социјалните медиуми?

Со оваа забрана тие го елиминираа огромниот потенцијал на најјаката промоција –„препорака на пријатели„ по пат на социјалните медиуми. Убеден сум дека голем број на купувачи би сликал во продавници и истите слики би ги споделувал по пат на Facebook или Twitter.

Зошто го елиминираа овој потенцијал? Поради принципот „нема сликање во продавница бидејќи конкуренцијата ќе ни ги укради фазоните„ Денес имаме таква технологија, да конкуренцијата може да влези во продавница со минијатурна HD камера и да ја сними целата продавница.

Голем #fail за Springfield. Доколку веќе го применуваат правилото, можеа да ги научат продавачите за пољубезно однесување.

Автор: Исток Павловиќ, Оригиналниот текст: Kako su me izbacili iz “Springfilda” jer sam hteo da fotkam za Fejs

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 17 Септември 2012 07:45 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг Како ме исфрлија од “Springfield” бидејќи сакав да сликам за Facebook