Дизајнот како дополнителна вредност на една компанија

Е-пошта Печати PDF

productdesign_milk„Дизајнот претставува согледлива форма на интелегенција.“

Алина Вилер,
бренд-консултант

Дизајнот денес има широка и најразлична примена кај производите од различните индустрии и трговски сектори: од комплексни инструменти со посебна или ексклузивна примена  како што се на пример: машини, возила, направи за изработка на алати, компјутери, архитектонски структури и сл., па се до едноставни или секојдневни артикли како облека, чевли, накит, електрични апарати, играчки за деца и мебел.

Но, каква вредност има еден дизајн за одредена компанија? Всушност има повеќе вредносни аспекти, меѓу кои главните се:

  • Дизајнот е маркетинг карактеристика. Причината за вклучувањето на еден дизајн во одреден производ е да го привлече вниманието на потрошувачот кон производот кој треба да се комерцијализира. Дизајнот е идеална карактеристика за зголемување на привлечноста на производот на кој што тој се применува.
  • Дизајнот претставува деловна предност: како и било кое друго идустриско или интелектуално право на сопственост, индустрискиот дизајн е дел од основните средства на една компанија. Колку е поголем комерцијалниот успех што дизајнот ќе го постигне, толку ќе биде поголема неговата економска вредност за компанијата.
  • Индустрискиот дизајн е ексклузивно право. Без сомнение, дизајн кој што се здобил со одредено ниво на популарност на пазарот, може да значи профитебилен бизнис за сопственикот. На пример, може да биде употребен за привлекување на инвеститори, да гарантира за кредитот на сопственикот или да постигне надомест како не-паричен придонес за одредена трговска компанија.
  • Дизајнот е елемент кој што ја зголемува конкурентноста на компанијата. Производите може да бидат разликувани според техничките карактеристики кои што ги прават помалку или повеќе корисни за потрошувачот. Но кога практичната употреба на еден широко употребуван производ не може да биде суштински разликувана од употребата на друг производ кој ја врши истата функција (што најчесто се случува), потрошувачот ја базира својата одлука врз основа на дизајнот на производот. Со други зборови, тој ќе одлучи да го купи најатрактивниот, најоригиналниот и најпривлечниот производ, се на се, оној кој што има подобар дизајн.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг Дизајнот како дополнителна вредност на една компанија