И на интернет како во реален свет

Е-пошта Печати PDF

india-views-constant-increase-in-coffee-tea-usage.gifСедиме така релаксирано, секој со својот пијалак пред себе и ја консумираме нашата дневна доза на трач. Како што бива во „мешано“ друштво, секој оваа дружење го сваќа на свој начин. Другар ми Жиле обожава цитати, ги користи во секоја прилика. Катето не „отепа“ со рецепти. Секој рецепт е убав, но за жал никој освен неа, не знај ни јајце да свари, но сите ние ја сакаме. Бора сака да чита новини. Ајде што сака да ги чита, но доколку наглас не го прочита секој наслов, како да не ни читаше новини. А доколку не ги прокоментира вестите, ние би помислеле дека на човекот не му е арно. 

Во сред на оваа релаксирана и благо задимена атмосфера, вратата се отвораат и во кафулето влегува еден, барем за нас, непознат лик. И така од врата почнува да зборува. Се сè случи во еден миг, како дојде така и замина. Повеќе не го имам видено, барем јас не го имам видено. Мислам дека нешто рекламираше, но не знам што, не обрнав внимание.

Жиле да ми спомнеше за моторна пила, ќе го сослушав. Катето да ми зборуваше за некоја манџа и неа ќе ја сослушав, жената како што спомнав прави многу убави јадења и а убаво ги зборува рецептите. Дури и Бора, кој што наглас ги чита насловите, да ми спомнеше нешто во врска со тоа како некој уред работи на надморска висина од 3.200 метри и тоа би го сослушал. Но вака да се влези како ветер....Мислам нема смисла....

Тоа вие е исто како кога некој прави кампања на социјални мрежи. Ќе дојди, ќе речи што има да речи и ќе замини. Ниту го има пред тоа, ниту кој ќе го види после тоа.....Па пријателче, тоа така не се работи. За се постои и место и време. И начин.

Извор: pedya.rs, наслов на оригиналниот текст:Na netu, k'o i u realnom svetu

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Маркетинг И на интернет како во реален свет