Продажба

Евтино или скапо пакување?

Е-пошта Печати PDF

imacСкромна или снобовска амбалажа? Како размислувате вие? Стив Џобс, на пример, сакал да биде најдобар во сè – се стремел секогаш кон совршенство. Дури и кутиите во кои биле спакувани компјутерите, морале да бидат совршено дизајнирани – и покрај тоа што неговите соработници сметале дека тоа не е воопшто важно. Тој сметал дека, квалитетот и имиџот треба да бидат испорачани до крај.

Еве еден интересен коментар на форум на Mac:

hi-mala1

Oва е доказ дека и амбалажата во голема мера го поддржува брендот!

Од друга страна, неодамна, во разговор со еден претприемач, ми откри дека сака да настапува мирно, скромно – флаерите намерно не ги печател со некои посебни ефекти или квалитет – концентрирајќи се повеќе на содржината и пораката на самиот лифлет. На мое огромно чудење, неговото образложение беше – „Јас не би му дал работа на молер кој доаѓа со џип.“

Повеќе од јасно е дека амбалажата е значаен носител и симбол на брендот – добрата амбалажа ја оправдува префинетоста на брендот и неговиот квалитет. Тоа е првиот визуелен комуникатор пред да се запознаеме повеќе со неговата содржина. Од друга стана, самиот флаер, како маркетиншки гласник може многу да зборува за квалитетот и буџетноста на самиот производ-услуга.

Какви се твоите размислувања? Како би играле вие? Дали би ризикувале со скромна па дури и оскудна амбалажа доколку сте сигурни во квалитетот кој го испорачувате?

Дали мислите дека содржината сама по себе ќе се истакне и ќе се забележи доколку доаѓа во евтино пакување??

*Оригиналниот текст е превземен од: iBrand, Автор: Софија Ангелова

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

3 нови техники на затворање на продажбата

Е-пошта Печати PDF

Чекај да размислам малце, па ќе ти кажамВо последни неколку месеци зборувавме за различни техники на заклучување на продажбата. Да се потсетиме, пишувавме за следните техники на затворање на продажбата:

Денес ќе зборуваме за 3 нови продажни техники:

-          Да размислам

-          Следење

-          Притисок

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

Последно освежено ( Петок, 23 Март 2012 15:18 ) Повеќе...
 

Show Me the Money! #1

Е-пошта Печати PDF

Show me the moneyДоколку социјалните медиуми ги користевте за размена на рецепти и за размена на ставови, тогаш не морате да го читате овој текст. Но доколку ги користите како дел на одредена маркетиншка стратегија тогаш продолжете со читањето.

Влеговте во свет на социјалните медиуми,. Првин слушавте ко со кој збора, па почнавте да се вклучувате во дискусии, да давате свои мислења, совети, препораки..Тогаш почнавте и сами да пишувате за некои интересни работи, и луѓето полека почнуваа да ве слушаат. Почнавте со мали чекори, со една социјална мрежа, па со друга, трета, четврта... Почнавте да пишувате блогови, микроблогови...

Вашиот сајт, кои што се одлично котира на мрежата, има одлична посетеност. Посетителите во бранови поставуваат прашања, коментираат на текстови, постовите се делат на Facebook и Twitter, почнаа да ве препорачуваат на форуми. Вашата Lindedln група има се повеќе и повеќе членови, имате одлично посетеност на вашиот youtube видео канал...Се на се целта е постигната!

Со насмевка на лицето, оптимистички поглед, сигурно чекорење влегувате во канцеларијата на главниот и одговорниот уредник. Очекувате срдечна насмевка, пофалби и аплаузи, но „кад оно меѓутим„ – наместо топли зборови на подршка, пофалби и други слични работи, добивте само намуртен поглед и 4 збора:„Show Me the Money!“. „Пари?!„ Но ова се социјални мрежи, социјални медиуми, имаме голем раст на посети, имиџ, кредибилитет, влијание.....„А продажба?„ Пааааа.......

Доколку сте на социјалните мрежи од чисто задоволство, тогаш со сите горе спомнати параметри, забележавте одличен успех. Но бизнис пристапот имам други параметри...

Повеќе за тоа во вториот дел – во петок.

Преземено од:

Show Me the Money! – 1. deo

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Нови техники на продажба

Е-пошта Печати PDF

 molcenje„Молчењето е злато„

Народна поговорка

Во минатите текстови претставивме неколку интересни техники на заклучување на продажбата. Денес ќе Ви претставиме уште 3 нови техники на заклучување на продажбата.

  • Слична ситуација

Професионалните продавачи, имаат еден ајде да го наречеме трик или една „цака„. Тие во посебна фасцикла имаат припремени писмени пофалби од поранешните купувачи или забележени искази од задоволните купувачи. Овие писмени докази се чуваат и чекаат погоден момент. На пример, купувач од истата дејност писмено ја пофали машината што му ја продадовме:

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Индустриски дизајн за зголемена продажба

Е-пошта Печати PDF

sketch-designer-snowboard-boot-concept-industrial-designer„Дизајнот не треба да вели: гледај ме мене, туку: види го ова!“  

Дејвид Креб
индустриски дизајнер

  Сите ние добро знаеме дека добриот дизајн го продава производот.

  Но, многумина ги занемаруваат можностите и потенцијалите на индустрискиот дизајн, кој исто како и трговската марка и патентот, преставуваат интелектуалнма сопственост на претпријатијата која може многупати да ја зголеми конкурентноста на пазарот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 2 од 7

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Продажба