Бренд или фалсификат, прашање е сега...

Е-пошта Печати PDF

brand-mix-reebok

„Всушност, јас сум навистина среќен кога луѓето купуваат ’Армани’ производи - дури и ако тие се фалсификат. Ми се допаѓа фактот што станувам се попопуларен ширум светот.“

Џорџо Армани,
познат италијански дизајнер

  Светот е преплавен со фалсификувана стока – овој феномен одамна е во „цут“ и зема сė поголем замав. На нашиве простори скоро 2 децении е добро вкоренет, а и во САД е веќе тројно зголемен прометот со фалсификувани производи. Поплавата од лажни трговски марки ги загрозува производителите на оригинали: од музика до облека, од храна до компјутерски производи. Сепак, изгледа дека на фалсификаторите најлесно им е да се „фрлат“ на копирање облека и модни додатоци.

Кина – рај за фалсификување


  Најпрво, треба точно да утврдиме што е тоа фалсификат. Најпознатите светски производители на брендирана облека одамна го имаат преселено скоро целото производство на 'Далечниот исток'. Тоа е нешто друго. Но, евтината работна сила која останува без работа, мора од нешто да живее. Така, излегува дека таму паралелно работат и легалните и биснисмените „на црно“.

  За фалсификување на познатите модни марки - Кина, Тајван и Тајланд се апсолутни рекордери. Дел од фалсификатите оттаму, со бродови патуваат до Дубаи, па натаму до Неапол или Џенова. Другиот дел продолжува кон источниот брег на Америка: се истовара во Њу Џерси и благодарејќи на дупките во законот, овие производи непречено го освојуваат огромниот американски пазар.

  И Македонија, се разбира, не е имуна на оваа појава. Повеќето фалсификати кај нас стигнуваат од Кина, која овде го презема приматот на копиите направени во турските фабрики. ’Адибас’ наместо „Адидас“, ’Луис Витон’ наместо „Луј Витон“, ’Долче Капан’ наместо „Долче & Габана“.

„Енрико Ковери“ во Белград, „Армани“ во Шангај

  Во италијанската „АНА“ дури беше објавена интересна приказна од авантурата на Франческо Мартини Ковери кој дошол во Белград да ја претстави летната колекција на познатата модна куќа „Енрико Ковери“. Уважениот гостин бил пречекан со лимузина, па возачот го прашал дали можеби веднаш ќе сака да го однесе до неговиот белградски бутик. Тогаш Ковери помислил дека можеби го побркале со некој друг: од каде му е нему бутик во Белград?!

  Понатаму, Ф.М. Ковери раскажува дека „неговиот“ бутик во Белград бил преполн со облека која тој никогаш не ја видел, а му се видело смешно што била излепена со нивни етикети. Возачот му објаснил дека тоа е еден од најексклузивните бутици во Белград и го замолил да се сликаат заедно пред влезот. Кога се вратил во Италија, Ковери поднел тужба против фалсификаторот, но тужбата не успеала ништо значително да промени. 

  Кога пак, Џорџо Армани посакал да отвори сопствена продавница во Шангај, открил дека таму таква веќе постои. Со текот на годините, му јавувале дека никнуваат и Армани Фиори, Емпорио Армани итн., но тој, поучен од искуството на другите веќе изфалсификувани колеги, решил да не поднесува тужба, туку да воспостави пријателски врски и да почне да ги продава вистинските, оригинални Армани линии.

  На крајот уште и се пошегувал на сопствена сметка: си купил лажен Армани часовник за 18 евра, 10 пати поевтин од оригиналниот. Вели дека супер изгледа, но не знае до кога ќе му работи механизмот.

Имитацијата – доказ за популарност

  Познатата изјава на Коко Шанел: „Ако те фалсификуваат, значи дека работиш добро“ – ја вели и еден од директорите во Прада, која воедно е една од најкопираните брендови. Е па тогаш, зошто толкава врева?

  Социолозите велат дека, со растењето на економската криза, овој феномен е во вистински „цут“. Често копиите се со многу добар квалитет и тешко е да се препознаат, а граѓаните, свесни за тоа или не, сакаат да носат познати марки, но немаат секогаш пари тоа и да си го дозволат. Освен тоа, кога познатите дизајнери почнале и самите да прават рачни торби од скај кои лесно се копираат, самите себе си, си даваат поголема можност да бидат копирани. Во многу земји законите се недоречени и оваа појава се чини е невозможно да се спречи.

Зошто фалсификатите им се допаѓаат на луѓето?

  На ова прашање, италијанскиот новинар и проф.по социологија на културата на Универзитетот во Болоња, Џанлука Ло Ветро вели: „Некои и не знаат дека купиле фалсификат –тоа не е секогаш очигледно. Други сакаат посебна марка, а не можат да си ја дозволат, па се надеваат дека никој нема да забележи дека носат фалсификат. Од друга страна пак, фалсификаторите измислуваат и добри производи. Во Лондон, на пример, се продаваат навлаки за мобилни телефони „Луј Витон“ кои оваа фирма воопшто не ги произведува.“

  Како и да е, брендираната облека е скапа, а сите сакаме да бидеме во тренд. Фалсификаторите се правдаат дека и тие мора од нешто да живеат. Освен тоа, за жал, свесни сме дека, оваа појава во последниве 15-тина година зборува и за тоа колку очигледно паднал стандардот, затоа што во услови на светска криза, брендовите имаат се помала улога во купувањето.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Продажба Бренд или фалсификат, прашање е сега...