Како големите супермаркети ве ’мамат’ да купувате повеќе

Е-пошта Печати PDF

619622-supermarket-shopping

„Јас можам да поминам часови и часови во супермаркет... Толку сум фасцинирана од изобилството на храна, што практично полудувам. Додека купувам, сакам совршено да ги редам продуктите во кошничката, за да на се смачкаат или извитоперат. Всушност, како и сите останати, уживам во педантното купување на сосема непотребни работи.“

Камерон Дијаз
позната актерка

  Супермаркетите денес се соочуваат со огромна конкуренција, и тие буквално секојдневно се борат за секој клиент. А таквиот пристап бара радикални чекори и методи кои треба да осигураат поголема потрошувачка. Сте се запрашале ли некогаш, кои се ’лукавштини’ ги користат големите супермаркети на вас?

  Може слободно да се каже, дека тие се неверојатно вешти во промоцијата и маркетингот на своите производи. Но, тоа е нормално, со оглед на зголемената конкуренција на пазарот, и секако тоа од нив се очекува. „Триковите“ за зголемена продажба се движат од стратешко позиционирање на одредени видови храна на важните точки во продавниците, преку  потенцирање на цената на поединечни артикли кои всушност се продаваат групно, па се до бавната музиката која потсвесно не тера да одиме побавно или и со јакото бело осветлување кое помага во вилуелизирањето на  „поголема површина“.

Навигацијата низ лавиринтот

  Современите супермаркети ги карактеризира огромниот простор, и тие се всушност продолжение на концептот развиен во 30-тите, 40-тите и 50-тите години на минатиот век во САД, кој требало да го долови моментот дека се, ама буквално се што ви треба за дома, можете да го најдете на само едно место. За таа цел, бил предвиден простор со буквално неверојатна широчината и должина, кој соддржи неверојатно голем избор на стока за широка потрошувачка.

  Изборот на стоки е често толку голем, што постојат студии кои укажуваат на проблемите со кои се соочуваат потрошувачите денес. Така, во една студија од 2004 г., психологот Арик Сигман констатирал дека што се однесува до изборот на храна, „луѓето денес треба да донесат повеќе одлуки во текот на еден просечен ден, отколку што еден праисториски човек морал воопшто да направи, во текот на целиот свој живот."

  Сепак, иако навидум пространи и големи, современите супермаркети и нивниот изложувачки простор се организирани со импресивна прецизност и редоследот на елементите во нив е наменет да го фокусира вашето внимание на одредени делови од продавницата. Па така, рафтовите се најчесто правоаголни и поставени во правецот на движење на луѓето, не само за да не го блокираат или скратат „патешествието“, туку и да го охрабрат и продолжат.

Разместување на продуктите

  Супермаркетите знаат дека продолжувањето на времето на купување ги зголемува шансите за купување и на некои споредни производи, кои не биле првична цел на купувањето. Па така, тие ’ненамерно’ периодично ги распоредуваат основните продукти на различни позиции во рамките на продавницата, со што се осигуруваат дека ќе ви биде потребно повеќе време за да ги набавите бараните артикли. Или во превод, тоа значи дека ние, корисниците, треба повеќе време за да се движиме низ продавницата, со што на крајот се зголемува можноста да потрошиме повеќе пари, како директна последица од  можноста да разгледаме поголем дел од понудата.

supermarket3063Позиционирање на производите со намаление

  Како по правило, секој супермаркет има еден или два централни коридора (премини) преку кој повеќето луѓе поминуваат. Ланците на супермаркети свесно го организираат просторот на овој начин, затоа што во овие коридори се наоѓаат нивните специјални понуди и попусти. Но, во ваквите случаеви доста често се работи за ’трговски трик’, затоа што, кога ќе погледнеме во зделките кои се кријат зад слоганот „купи еден – добиј втор гратис" вреди да се земе калкулаторот во рака, и да се размисли колку ваквата акција се исплаќа. На пример, ако еден производ кој е од расиплива природа, и обично (и реално) ви треба само едно парче од истиот го набавите на овој начин - на крајот ќе бидете во загуба, бидејќи сте ги зголемиле трошоците на нешто што, всушност и не ви треба.

  Бидете свесни и за тежината на производот пред да го споредите со конкурентните производи. Честопати некој производ со „промотивна цена" има содржина со тежина од на пр. 400 грама, по цена која е повисока од цената на конкурентните производи кои нудат поголема тежина, од на пример 500 гр. и се со сличен квалитет, но и со пониска цена.

Растојание на основните прехранбени производи

  Сте се запрашале ли некогаш зошто основните намирници на секое домаќинство како што се:  лебот, брашното, млекото, јајцата, јогуртот - кои повеќето луѓе обично ги купуват секојдневно – најчесто се наоѓаат во втората половина на супермаркетите, или на нивниот најоддалечен дел? Тоа е така, затоа што шансите да поминете низ целата продавница или голем дел од неа, а без притоа да забележите и на крајот го купите она што најмалку ви треба, се неверојатно минимални.

Пакување на овошјето и зеленчукот

  Еден од многуте т.н. „трикови“ кои супермаркетите ги користат се наоѓа во одделот со овошје и зеленчук. Воопшто не е случајно што овошјето и зеленчукот се првото нешто со кое ќе се судрите кога ќе влезете во супермаркет. Прекрасните бои и мириси, свежина на природата и навидум великодушната понуда, е наменета да дејствува на начин на кој потрошувачите ќе ги поттикнат да одберат барем малку здрава природна храна. Но, кога ќе почнете да си ставате малку овошје и зеленчук во кесите - доаѓаме до најважниот момент. Најверојатно, неколку пати сте се нашле во ситуација погрешно да процените колку овошје или зеленчук ви е доволно, за да на крајот, веќе на касата дознаете дека сте купиле премногу. Тоа е една од работите кои супермаркетите ги претпочитаат. Зошто? Едноставно - затоа што ги купувате повеќе и трошите повеќе отколку што би ги потрошиле ако го користите начинот на кој би купувале: „на кило“, поединечни предмети, или  т.н. ’стандардизирани пакети’ на овошје и зеленчук. Секако, ова не функционира со сите видови на овошје и зеленчук, но за повеќето артикли функционира сосема добро. Многу едноставно - многу ефективно.

supermarket-shoppingМирис на леб, јаки бои и замрзната храна

  Дали мислите дека мирисот на свежо печениот леб или печивата се случајни? Се разбира дека не. Лебот може соодветно да се пече и во посебна просторија, но на овој начин, корисниците не можат да бидат привлечени од мирисот на свежо печениот бел или било кој друг вид на леб.

  Исто така не случајно, користењето на живописни бои на одредени рафтови наменети за детските играчки, се секако наменети за најмалите целни потрошувачи. Тие се едноставно привлечени од колоритот на боите, а тие рафтови е и практично невозможно да не ги забележите, бидејќи се лоцирани точно на средината на супермаркетот, нели?

  На крајот на супермаркетите обично е се наоѓа и делот со замрзнатата храна. Ако некогаш сте се запрашале зошто некои од фрижидерите со замрзната храна се организирани малку збунувачки и конфузно, па мора да го погледнете секој фрижидер одделно, одговорот лежи во фактот дека скоро со секој поглед, шансите да згогледате сладолед, или голем број на други предмети кои можат да ви го привлечат вниманието, прогресиво се зголемува.

  Истото важи и за чипсовите, грицките, и другите зрнести поризводи кои „намерно“ се сместени веднаш спроти алкохолните или неалкохолните пијалоци, кои просто „ве мамат“ да ги искомбинирате за одреден повод, или дури и за без посебен повод.

Црешата на врвот

  На самиот излез од супермаркетите се касите, но токму тука се лоцирани и разните бонбони, гуми за џвакање, запалки, миризливи украси, привезоци и рано-разни ситни орнаменти, кои секако, сите до едно, се навидум евтини. Мастиките се секогаш добредојдени, зарем не?

  А и додека чекате во редот, како можете да му кажете „Не“ на вашето 4-годишно дете, кое посегнува по една мала кесичка со неговите/нејзините омилени гумени бонбони?!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 30 Октомври 2012 12:31 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Продажба Како големите супермаркети ве ’мамат’ да купувате повеќе