7 причини зошто обидите да продадете пропаѓаат

Е-пошта Печати PDF

clip image002Зошто одличните безбол играчи погодуваат при фрлањата во 9 од 10 пати? Зошто одличните кошаркари погодуваат 9 од 10 шута за кош? А зошто добрите претприемачи не успеваат 9 од 10 пати да го финансираат сопствениот бизнис?

  Ова се прашањата што првенствено си ги поставиле бинзис-консултантите Мајк Шулц и Џон Доер од компанијата „Раин Груп“ (RAIN Group)... и почнале со истражувањата.

  Заклучокот од тоа што го покажало истражувањето, практично се сведувало на фактот што претприемачите не умеат ефективно да продаваат. Еве неколку факти кои го потврдуваат тоа: дури 48% од над 1.600те интервјуирани претприемачи од различни земји го навеле ’зголемувањето на приходите’ како нивна највисока цел. Високи 92% навеле дека веруваат дека може да се постигнат ’значителни и одлични резултати’ со продажниот тим кој моментално го поседуваат. Но исто така, високи 90% од испитаниците изјавиле дека обуките за продажба ’немаат скоро никаков ефект по 120 дена’, а сепак 93% од нив инвестирале во ’некаков вид на продажни обуки’.

  Проблемот, велат од „Реин Груп“ лежи во неправилното дефинирање на тоа што сака да се постигне со продажните техники. Ова се нивните 7 причини зошто најчесто продажбите пропаѓаат:

1.Неспособност прецизно да се дефинираат деловните и продажните потреби;

2.Неспособност да се креира адекватно продажно опкружување;

3.Неспособност да се подобрат продажните атрибути;

4.Неможност да се дефинира, поддржи и оствари продажбата;

5.Неможност да се генерира соодветна продажна обука;

6.Неможност да се учи од грешките при продажбата;

7.Неефективност при правењето евалуација и подобрување на состојбите;

  Сте се соочиле со слични проблеми? Имајте ги наум овие 7 причини и поработете на нив.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 22 Ноември 2012 11:51 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Продажба 7 причини зошто обидите да продадете пропаѓаат