Промени во бизнисот

Креативност + продуктивност = УСПЕХ

Е-пошта Печати PDF

778253-tyler_durden_largeМислам дека голем број на нашите читатели го имаат гледано филмот „Fight Club„. Ако не, тогаш под итно да го гледате, еден од најдобрите филмови на последната деценија на 20 век. Филмот настана според новелата на Chuck Palahniuk и одлично го претставува главниот лик на оваа новела Tyler Durden. Сигурно се прашувате кој е Tyler Durden и како е истиот поврзан со насловот на овој пост? Мојот одговор е максимално едноставен:

1. Fight Club is about living the life you truly want to live, and the hard path to getting there!!!

2. Tyler says a lot of things that apply directly to innovative action.

Tyler поставува осум правила за иновативност, а мене најмногу ме бендиса следното правило:

“Sticking feathers up your butt doesn’t make you a chicken.” Моќно, нели???

Според него успехот доаѓа доколку креативноста е дозволена и не е ограничувана. Таквата креативност резултира со поголема продуктивност, а заедно даваат успех.

Главната поента на сите осум правила е дека треба да бидете свои, да не копирате туку да иновирате.

Доколку сакате да ги прочитате останатите 8 правила за иновативност тоа можете да го направите на следниот линк

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

ЃАВОЛСКИ ПРЕДИЗВИК!!! Бизнис или Семејство??

Е-пошта Печати PDF

„На светот не постои вистинско совршенство што може да биде одвоено од правилното живеење„

Дејвид С. Џордан

 

Бизнис или семејство? Вечен ѓаволски предизвик! И додека секој од нас е на почетокот од својата кариера, се што посакува е: само една добра кола, добар дом, само едно добро патување, по некое парче брендирана облека, па „само уште едно патување“.......

 

 

Но што всушност е повредно од сето тоа? Секако СЕМЕЈСТВОТО!!!

А, во прилог и една доста интересна приказна, која можеби ќе го промени Вашиот поглед кон „работите“.

Луксузна јахта застанала во едно мало мексиканско рибарско село. Сопственикот на јахтата бил воодушевен од квалитетот на рибата, па ги запрашал рибарите колку време им е потребно за да уловат вака добра риба.

Не ни треба долго“ - одговориле рибарите

А, зошто не останете подолго на море за да уловите уште повеќе риби?

Тие му одговориле дека она што ќе го уловат е сосема доволно за нив и нивните семејства.

Па, што правите со толку слободно време?

Следувал одговорот: “Спиеме, ловиме малку риба, си играме со своите деца, а попладнето го поминуваме во прошетка со своите сопруги. Навечер излегуваме во селото, се среќаваме со пријателите, пиеме по некоја пијачка и пееме неколку песни. Нашиот живот е исполнет.

Господинот турист им предложил: “Јас дипломирав економија на Харвард и можам да ви помогнам со совет: ловете риба секој ден дупло подолго, продавајте ги и со тие пари купете поголем брод.

И што потоа?

Со поголемиот брод ќе уловите уште повеќе риби и со тие пари ќе можете да купите уште еден брод, па уште еден и така цела флота. На место да ја продавате рибата на посредници, можете да преговарате директно со големите производители и сами да станете еден од нив. Потоа можете да се преселите од ова село во главниот град или во Лос Анџелес, па дури и Њујорк. Од таму можете да го водите својот нов голем бизнис!

Колку време би ни било потребно за сето ова?

Дваесет, до дваесет и пет години...“

И после?

Потоа? Е, пријатели сега доаѓа најинтересното. Кога бизнисот ќе ви стане добро разработен, можете да почнете со купопродажба на акции и да заработите милиони!

Милиони? Навистина? А, потоа?

Потоа можете да отидете во пензија, да живеете во мало крајбрежно село, да спиете долго, да одите по риба, да си играте со внуците, да го поминувате попладнето со жената, а ноќите со пријателите.

Секоја чест господине, но ние тоа го правиме и сега. Зошто залудно би потрошиле дваесет и пет години?“ - одговориле мексиканците.

Поука: Во животот мора да знаеш каде си се упатил затоа што можеби веќе си таму!

 *Приказната е извадок од статија на порталот crnobelo

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух. Во просторијата имало вкупно 200 луѓе. Тој запрашал:

 

„Кој ја сака оваа банкнота?“ Сите раце се подигнале. Продолжил. „Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто.

Ја изгужвал парата. Потоа запрашал. „Дали се уште ја сакате?“ Сите раце и понатаму биле кренати.
Продолжил. „А, ако и направам вака?“ Ја фрлил банкнотата на под и ја изгазил со чевлите. „Добро, кој ја сака се уште?“ Рацете уште биле кренати.

Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби на вредноста. Цело време вредеше 50 евра.

Во животот често ни се случува некој да не оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал.

Тоа се факти од секојдневниот живот. „Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо.
Без оглед што ти се случило во животот, или што допрва ќе се случи, ти никогаш нема да ја изгубиш вредноста.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Иновативно размислување

Е-пошта Печати PDF

867F99D5D7EE7BE5F19907B3AFC79E06278F9DA1_largeПоследните неколку месеци сме сведоци на кампањата за тоа како да ја зголемиме иновативноста, организирана од страна на Владата на Р. Македонија. Во тој контекст ќе дадеме мал придонес на оваа кампања со една приказна, поточно кажано анегдота на професорот Ернст Радерфорд. Сер Ернст Раденфорд бил британски физичар и хемичар. Роден е на Нов Зеланд и бил професор на факултетот во Монтреал, а потоа предавал во Манчестер. Во 1919 година бил директор на Кевендиш лабораторијата на Кембриџ. Во 1908 година ја доби Нобеловата награда за хемија.

"Еден ден додека работев на факултетот, бев повикан од страна на мојот колега, да посредувам во донесување на конечната оценка на еден студент. Имено професорот кој што ме повика, се спремаше да го оцени својот студент со чиста нула, додека од друга страна студентот ја бараше највисоката оценка за својот одговор?! И студентот и професорот се согласија да ме ангажираат како независен арбитер во овој спор. Испитното прашање гласеше:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 25 Јули 2012 08:29 ) Повеќе...
 

БОН ТОН

Е-пошта Печати PDF

freecomplimentthumb1Денес ви носам мала реприза од тоа што се случува во Шведска, како дел од мастер програмата што ја следам. Неколку интересни и мудри работи, за кои обично не не учат на факултет.

5 : 1 – Комплимент : Критика сооднос

- Martin Kalunga – Banda, консултант за организациски промени и лидерство, Специјален консултант на претседателскиот кабинет во Замбија, супер инспиративно суштество.

Без разлика колку сме сите паметни и убави, сме биле во ситуација кога ќе видиш нешто што те нервира, те вади од такт и сакаш веднаш да скокаш во критикување и праќање на се живо и диво по морските длабочини.

За жал, тоа не е најдобра стратегија ако сакаш да смениш нешто, и да не изгубиш работа, пријател, евентуално око за 3 минути.

Осигурај се дека знаеш како да дадеш значење и вредност на добрите работи, пред да ги критикуваш не толку добрите.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Втора шанса за прв впечаток

Е-пошта Печати PDF

second-chanceСакаш дечко/девојка како од соништата? Епа тогаш, врати се во кревет и продолжи да сонуваш е работава. Поентата е дека ни е јасно дека ништо не е совршено. Дечко/женска, бучни соседи, бензинот поскапе за 2 денари, леќа за ручек – бљак, бизнис! Ама тоа ја прави играта интересна. A плус, ‘We love this game’.

За да се размрдаме денес одиме со тајно оружје за напад уште во прво полувреме.

‘Финтата’ е што живееме во свет со комплексна и динамична мрежа на социјални врски. Делумно објаснето преку Теоријата на мал свет и ’6 Degress of separation’ концептот, динамиката и вмреженоста прават да биде можно да сретнеме секој секаде. Го сретнуваш потенцијалниот инвеститор/бизнис ангел/партнер/битен стејкхолдер/некој што може да те поврзе со било кој од споменатите/ во лифт, на пешачки на Рекорд, во Тинекс, на аеродром… Имаш максимум 60 секунди да го/ја заинтересираш за твојата идеја. Или имаш цел живот да се викаш „Каков кретен сум, до мене беше, а јас ќутев!“

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 3 од 12

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот