Промени во бизнисот

20 работи што може да ги направиш за само 5 минути во петок

Е-пошта Печати PDF

literature_review_read_paper_5minutesКолку често ви доаѓа на памет “немам време” ?

Денот е 24 часа за Lebron James, Mark Zuckerberg, за мене и тебе.

Многумина од нас го потценуваат потенцијалот и капацитетот на тоа што може да се постигне за само неколку минути.

Што можеме да направиме за време на оние мали моменти, на пример додека чекаме некого или нешто?

5 минути е повеќе од доволно време да се комплетира мала задача, а токму завршувањето на “малите работи” придонесува многу за работите на долг рок.

Што може да направиме за 5 минути?

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Правила за успешен јавен настап

Е-пошта Печати PDF

teamwork_in_business_Секој човек се плаши од смртта, тоа е нашиот најголем страв. На второ место, верувале или не, доаѓа стравот од јавни настапи!

Брррррр....имате презентација пред околу 200 луѓе. Како да ја одржите? Еден од начини е да ги послушате искуствата и советите од оние кои што порано имаа јавен настап. Еве неколку совети кои што ги имам слушнато на неколку обуки за јавен настап:

  • Палтото/сакото да ти биде закопчано
  • Телото да ти биде свртено под агол од 30 степени кон публиката
  • Гледај ги во очи
  • Кога ќе ти го постават прашањето, заблагодари се, смисли го одговорот, направи една драматуршка пауза од неколку секунди, па тогаш дај го одговорот
  • Длабоко дишење
  • Замисли дека си најпаметен, најдобар, најголем...

Искрено да ви кажам – ГЛУПОСТИ или уште појасно – „како малиот Трпе го замислува јавниот настап„.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 05 Јуни 2012 09:32 ) Повеќе...
 

Како се станува добар менаџер?

Е-пошта Печати PDF

BUSINESS_EXERCISEПриказна за почеток

Во еден од своите афоризми Карел Чапек вели: „Следете ме и јас ќе ве извадам од понеделник во вторник“. Додека постојат овци ќе постојат и предводници, „овчари“. Но, таквиот однос на менаџерите спрема своето „стадо“ сè повеќе му припаѓа на минатото. Модерните предводници сè почесто се диригенти на својот синфониски оркестар, отколку овчари на своето стадо.

Денес успешни менаџери се луѓе кои имаат изразена индивидуалност и препознатливост. Тоа се харизматични луѓе кои потполно се окупирани со визијата и мисијата на својот работен тим. Откако ќе ги запознаеме, не ги забораваме и секогаш ги доживуваме како „идеални“ водачи, бидејќи се работи за луѓе со цврсти начела, стабилни и доследни во борбата за остварување на поставените цели. Тие се способни многу јасно, едноставно и атрактивно да комуницираат со своите „подредени“, па едноставно ги фасцинираат, освојуваат и придобиваат членовите на својот тим. Но, во повеќето деловни ситуации, „правиот“ менаџер и не е толку харизматичен и не го красат толку доблести, но тој сепак е добар менаџер, бидејќи едноставно е „прв помеѓу еднаквите“.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Зошто на малите бизниси им е потребен ISO 9001 ?

Е-пошта Печати PDF

business_people_brainstorming1ISO 9001 e стандард за менаџирање со квалитетот во рамките на компаниите. Кога зборуваме за воведување ISO стандарди за квалитет, луѓето често пати помислуваат дека тоа го прават само големите фирми кои имаат многу вработени и комплексни производствени процеси. Но напротив, постојат повеќе причини за малите фирми да го воведат овој стандард.

Овој стандард е универзален - ISO 9001 не зависи од големината на организацијата и видот на производот или услугата. Тоа значи дека било која фирма може да одлучи да се сертифицира.

За да се согледа зошто на малите претпријатија треба да воведат ISO 9001, најпрво ќе ги разгледаме придобивките од него:

  • Оптимизација на производствените процеси, т.е. намалени трошоци
  • Задоволност и намален број на поплаки од клиентите
  • Јасна процедура за работните обврски на секој вработен
  • Зајакнување на брендот
  • Можности за освојување на нови пазари

Овие придобивки важат независно од големината на фирмата, но малите бизниси најчесто имаат многу помал буџет на располагање. Токму поради тоа, тие треба да вложат во минимизација на загубите при произведувањето на производот. Тоа на долгорочен план ќе им овозможи да заштедат финансиски средства со кои ќе можат во иднина да го прошират својот бизнис.

Исто така, за малите бизниси секој клиент е од огромна важност за опстанокот на фирмата и односот кон него треба посебно да се негува. Задоволството на клиентите може да биде пресудно за тој повторно да ја побара истата услуга или производ, но и да го препорача на други потенцијални клиенти. Со воведување на ISO 9001, се намалува бројот на поплаки од клиентите, а на вработените им се остава повеќе време да се фокусираат на други задачи. Освен тоа, сите процеси во компанијата ќе бидат детално документирани и секој вработен ќе има јасно дефинирана процедура која ќе треба да ја следи. Тоа ќе им ја олесни работата, ќе се зголеми дисциплината, ќе се намали можноста за пропусти и ќе се зголеми бројот на проверки на производот пред тој да се пушти во продажба. Во услови кога секој човечки ресурс е скап, овие предности може да имаат клучна улога.

Сертифицирањето според меѓународно признат стандард, како што е ISO 9001, помага во создавањето на реноме на компанијата на глобално ниво. Не само што клиентите преферираат производи од фирми кои имаат ваков сертификат, туку често пати тоа се наведува и како предуслов за склучување договор за соработка.

Со работењето според меѓународен стандард, малите фирми имаат фер можност да се натпреваруваат со големите корпорации. Освен тоа, им се отвораат можности за освојување на нови пазари во државата и странство. На пример, ISO стандардите за квалитет се се` почесто наведени како услов при конкурирање на тендери во Македонија. Што се однесува до меѓународните пазари, малите бизниси имаат поголеми шанси да склучат договор со странска компанија доколку имаат воведено ISO 9001 стандард. Со ваквата стратегија, малите компании полесно може да се прошират и да прераснат во средни и големи претпријатија.

Иако на прв поглед воведувањето на ISO 9001 изгледа како трошок, менаџерите на малите бизниси треба да ги искористат овие поволности за да заштедат, да го промовираат и да го развијат својот бизнис.

Автор на статијата е Ванчо Апостолски, консултант за ISO стандарди и основач на ИСО Консалтинг ДООЕЛ – Скопје, која им помага на фирмите да имплементираат ISO стандарди, да извадат еколошки дозволи или елаборати.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Менаџерски стилови

Е-пошта Печати PDF

management-stylesChuang бил неуспешен владетел на покраината Лу во Кина. Заминал во планината да побара совет од познатиот учител Mu – Suna. Тргнале до крајбрежјето на реката, каде учителот наложил голем оган. До зората молчејќи седеле на крајбрежјето на реката и го гледале пламенот како полека се гаси. Кога огнот догорел учителот рекол: „Иако навечер моќен, пламенот наутро исчезна. Од силниот оган остана само една дланка пепел. Огнот беше толку силен што уништи сè што му стоеше на патот, а потоа стана плен на својата сопствена сила. Истовремено, мирната река покрај која седиме и понатаму тече, станува подлабока, посилна и поширока на патот до океанот, а во себе носи храна и вода за сите луѓе. Едни владетели се како огнот, а други како реката. Додека првите ја истакнуваат својата моќ и авторитет, другите понизно им служат на своите следбеници“.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 5 од 12

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот