Промени во бизнисот

Модел на пет сили

Е-пошта Печати PDF

Porter5

Промените донесуваат можности. Но од друга страна, промените можат да бидат конфузни.

Мајкл Портер, професор од област на менаџмент и економија

Менаџерите користат различни модели и начини да управуваат со како внатрешни така и надворешни закани. Постои еден познат модел кои што им помага на менаџерите да ги изолираат и неутрализираат овие закани – модел на петте сили создаден од страна на Michael Porter. Овој модел ги идентификува 5 фактори кои што претставуваат големи закани за секој бизнис бидејќи имаат негативно влијание кон профитот. Овие сили се:

  • Степенот на конкуренција помеѓу бизнисите во рамките на одредена дејност/индустрија – поголема конкуренција донесува пониски цени, поинтензивен маркетинг, што резултира со пониски профитни стапки
  • Потенцијален влез во дејноста/индустријата – Доколку е влезот во одредена дејност полесен, логично е дека поголем број на компании ќе влезат во одредена дејност. Оваа логично води до поголема конкуренција, која што носи пониски цени и помал профит.
  • Силината на добавувачите – доколку имаме мал број на добавувачи (монопол или олигопол) тогаш тие можат да ги диктираат условите на набавка на одредени производи, поточно да ја одредуваат цената на тој производ. Високи цени на инпути – понизок профит.
  • Силината на потрошувачите – Слично како и кај добавувачите, доколку имаме мал број на купувачи на одреден производ, тие имаат сила/моќ да ја намалат цената на тој производ што како што рековме го намалува профитот на компанијата.
  • Закана од производи кои што се супститути – во скоро секој индустрија постојат производи кои што можат да ги заменат одредени  производи, на пример пластиката може да се искористи како замена на некој челичен производ. Компаниите кои произведуваат одреден производ, за кој се знае дека има адекватна замена, не можат да бараат високи цени за тој производ. Ограничени цени водат кон ограничен профит.

Porter вели дека кога ги анализираме можностите и заканите на нашиот бизнис, големо внимание треба да посветиме на овие пет сили, бидејќи овие сили претставуваат големи закани за секоја организација. Работата на менаџерите е да создадат стратегии кои што ќе ги пресретнат овие закани, за да можат да одговорат на предизвиците на бизнис средината и нормално да работат на високо ниво и да реализираат висок профит.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 19 Април 2012 08:27 )
 

Вработени кои ќе ве доведат до лудило

Е-пошта Печати PDF

iStock

Менаџментот не е ништо друго, освен мотивирање на другите луѓе!“
Ли Иакока,
дизајнер на автомобилот Мустанг 

  Постојат вработени кои обично создаваат повеќе проблеми отколку што и самите би биле во можност да решат, и таквите имаат повеќе негативни отколку позитивни квалитети, но нивното ’лудо однесување’ им пречи на сите наоколу. Кои видови на вработени се такви?

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Една глава а три шапки

Е-пошта Печати PDF

Фамилијарен бизнис

„Ниту еден човек, не смее во бизнисот да ја занемарува својата фамилија„ 

Волт Дизни

Во фамилијарен бизнис, постојат три различни животни улоги и сите тие три улоги се подеднакво битни:фамилија, бизнис и сопствеништво. Некои фамилијарни бизниси почнаа со една претприемничка идеја:„Доста ми е да работам за друг, сакам да си станам сам свој газда, си ја знам работаа а и синот ќе си го вклучам во работата, па кога ќе го заврши факултетот не ќе мора да си бара работа кај некој друг„. Сопственикот е обично и шеф и глава на фамилијата. Системот од три круга, кои што се поклопуваат, е многу централизиран – една глава одлучува за се и една глава ги донесува сите одлуки. Но како бизнисот се развива и како станува се поголем и овие кругови се раздвижуваат, поточно се оддалечуваат, но сепак и понатаму се зависи од еден човек, од една глава која што носи три различни шапки:

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Прокрастинација и 10 совети за нејзината елиминација

Е-пошта Печати PDF

 

procrastinationПрокрастинација е како кредитна картичка, многу е убаво, додека де ви стигни сметката – Кристофер Паркер

Што е тоа прокрастинација? Едноставно тоа е еден вид на однесување кои се одликува со одложувањето на некоја акција за покасно. Или по едноставно – ме мрзи сега покасно ќе го направам...А тоа покасно ќе го одложиме за уште покасно и така во недоглед. Сите ние имаме склоност кон овој вид на однесување. Некој во поголема, а некој во помала мера. Едноставно во нашата природа е да ги одложуваме оние работи кои не сакаме да ги работиме. Проблемот настанува тогаш, кога со оваа однесување ги загрозиме другите битни работи, бидејќи со константното одложување на работите истите се нагомилуваат и си правиме на самите себе премногу работа во последен момент.

Сега кога знаеме што е тоа прокрастинација и кои се нејзините негативни ефекти, да видиме кои се тие нешта кои што можат да ни помогнат да ја елиминираме оваа лоша навика или барем да ја намалиме во рамките на прифатливо.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 06 Февруари 2012 11:18 ) Повеќе...
 

5 инспиративни бизнис филмови

Е-пошта Печати PDF

show-me-the-money"Show Me the Money."

- Род Тидвел во Jerry Maguire (2006)

Викендот е обично време кога сакаме да се опустиме, одмориме, излеземе навечер....но и да погледаме некој добар филм. Уште ако сте во депресија оти работата не ви иди како што планиравте викендот добро ќе Ви дојди да се смирите и да можеби одгледате некој добар филм кои што ќе Ви ја отера депресијата и кои што ќе Ви даде поттик и нова стимулација за водење на бизнис.

Постои голем број на филмови кои што имаат бизнис тематика и кои што се инспиративни. Еве јас направив една мала листа од 5 филмови кои што имаат инспиративна бизнис тематика. Некој од нив се понови некој постари но сите овие филмови имаат една карактеристика – оптимистички и инспиративни. Па еве ја листата:

“It’s a Wonderful Life” (Frank Capra, 1946).

Според мене овој филм е “must watch” не само за секој бизнисмен веќе и за секој љубител на добри филмови. Филмот зборува за судир помеѓу два бизнисмени. Од една страна бескрупулозен  зеленаш и од друга страна мал банкар кој што го игра Џејмс Стјуарт. Нашиот херој паѓа во голема депресија и криза и одлучува да си го одземи животот, но.....погледајте и ќе видите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 03 Февруари 2012 17:57 ) Повеќе...
 
Страница 6 од 12

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот